Здраво, при односи имав некои мали болки и потоа сама со прст проверив внатре во вагината и осетив на едно место како раничка долга која боли при допир. Ке закажам на доктор секако ама дали имала некоја оскуство вакво. Мн сум загрижена ексик веќе само ми се сличува нешто
Мама како си? Исто и кај мене се случува. Болки при преглед а богами и односи Одма ми пука кожата, ме пече. И како тесна сум доле или пак машкоста сс зголемила ....хахахха. Никако да тргне работата. Односи нула. Чаре?
Јас не можам да имам односи. Еве и после 10м јас пукам, ме пече. Никако да почнеме и завршиме до крај. Си викам да не ме сошиле ептен. Хахахах. Не за друго, ќе се погледнам доле и како дупка кратер имам. А не беше така претходно.
Да си прашам ако можам да објаснам точно. Породена сум со царски пред повеќе од 7 месеци. Односи почнавме да имаме од кај 3 месец некаде ама имам јас проблем, како внатрешно да има препрека(некако потесно) што ми прави нелагодност и да не уживам во одност, т.е не е исто како претходно. Да напоменам дека не е проблем желбата. Дали некоја се соочила со истата ситуација?
а јас си мислев само кај мене е така...после 2 месеци од породување имавме односи ама хаос .многу болки и сега страв ми е и да имам односи..а се надевав дека со помине уште малку време ќе е подруго..се надевам нема да држи толку многу..Инаку бев на гинеколог имам уште течност ама малку и матката е превртена ама др.реле дека тоа не е проблем
Е не е исто како порано местото Јас родив и второ ама царски завршив. Ама при преглед пред пораѓај со второто, дека имам малку подолго грло на матката малку повеќе притискаа и ми ја напукнаа раната и си заздрави сама без шиење и после тоа веќе немам мака при односи
А се среди ли после првиот пораѓај? Да немаш болки. Сите викаа демек ќе се рашири. Ова испадна обратно работава.хахахха. Ептен маки видов со пораѓајот. И ревизија на цервикс и пукање и внатрешно и надворешно и се што постои. Абе златен царски
Мене два пати ме шиеја и којзнае што направија. Имав болки и напукнување на секое се додека не дојде тој момент да ми ја испука повеќе докторот при преглед со рака пред пораѓај со второто (но второто како што кажав, не го родив природно) ... Од тогаш кога зарасна само од себе, не ми пука пак при односи. Ваљда некое кожиче незгодно се тегнеше и пукаше на секое...
Истото ми се случуваше и на мене после породување со првото. Некако изгледа повеќе бев сошиена и при односи ептен ме болеше, стегаше нешто внатре и имав помалку крв. После неколку месеци ваљда лошо сошиеното место се скина и веќе немав проблем.
Кај мене изгледа ептен е зашиено и стеснето. Ај види беља. Ни на крај памет дека вака нешто може да се деси . Нели демек после пораѓај се шириме
И јас не очекував вакво нешто. При првиот однос, дури и мало парченце како брадавичка ми испадна, и крв малку на бришење. Утредента исплашена отидов кај матичниот, вика ништо нема, се си е добро. По мое мислење ваљда при шиењето е стегнато лошо и така зараснало местото. Уште малку и ќе се породам со второ, се надевам ваков проблем нема пак да имам.
Кај мене дури се случуваше на шоља ако седнев малку полошо и незгодно да ми пукне и да пече Добри 2ипол г се мачев, само од себе не си се опраи...
Здраво се породив пред 7 месеци во 36 недела ми пукна водењак инаку природен пораѓај. Се излезе добро и бебушка е супер. После 6 месеци имам болки во стомак на допир не знам дали е од што бебето ми е нон стоп во раце или се плашам да не е кила. Инаку нема никаква испакнатина како топче или нешто слично. Ме боли и кичма исто. Друго прашање дали некој знае колку време треба да помине за 2 бременост со оглед дека првото породување завршило предвреме во 36 нед и дали има ризик некаков? Ваши искуства и како сте поминале? Благодарам
Да не имаш дијастаз? Имаш доста видеа на youtube или барај на инстаграм meri ambrosova да видиш како се утврдува дијастазот?
Не знам дали е дијастаза имам закажано на гинеколог денес па ќе видам што ќе каже. Инаку има ли некоја мајка која се породила предвремено природно и дали за 1 година останала бремена без проблеми ?
Секоја бременост е посебна и една жена нема две исти бремености. До предвремен пораѓај може да дојде од многу причини, најчесто бактерии. Кај природни пораѓаи заздравувањето е многу побрзо од царски и може побрзо да забремени жената без потенцијални ризици.
Мајки дали сте имале проблем со кичма после спинална анестезија. Јас се породив пред скоро 2 години, се мислам дека мина многу време за да имам уште проблеми со кичмата и грбот, ама понекогаш знае да ме фати ептен голема болка.
Да. 10 мес откако се породив, од време на време ме штрека и се случува некогаш ноќе да ме држат будна болки.