1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последици после диета

Дискусија во 'Диети' започната од Dream-Girl, 4 јули 2017.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.281
    Пол:
    Женски
    Сите бараме решенија за да ослабеме, поготово сега кога е лето тоа е најактуелно, но никој не зборува за темната страна на диетите. Не станува збор за луѓе кои ослабеле 5кг. Зборам за луѓе кои ослабеле минимум 10кг. Веќе ослабев 15+ кг, се е убаво, но сакам некој да ме предупредеше за овие работи пред да почнев со диета. Најпрво, ќе кажам за физичките последици, потоа за здравствените. После 10те ослабени килограми, приметив како постојано имам огромни подочњаци, а веќе после 15тиот килограм како стануваат се поголеми подочњаците, дури како брчка почна да ми се прави, одеднаш личам постара за 5г, не можам да излезам без да го покријам подочњакот, а исто така и кога се смеам имам премногу линии што претходно не ми се познаваа. Сето тоа е поради слабеењето, се губи многу кожа, лично јас ослабев премногу во лицето и тоа се последиците. Кожата ми е сега омекната и почнав да користам некои креми, се надевам со тек на време ќе средам, бидејќи никогаш немав подочњак. Потоа, носев 40ка кондури, а сега 37ца... Не очекував толкава промена, во поглед на чевлите. Исто така и накитот е голем проблем, особено прстените. Порано ги носев на домалиот прст, сега дури и на палецот паѓаат. Имам некои прстени кои се спомен од баба ми и стварно се нервирам за тоа... Сега да се префрлам на здравствените проблеми. Често се појавува и гликемија или пак анемија. Искрено, немам направено крвна слика, за 2 месеци треба целосно да завршам и ќе направам. Страв ми е, бидејќи премногу луѓе се соочиле со некој од овие проблеми. Немам досега проблеми со вртоглавици и слично но се надевам се ќе е океј, мора една проверка по такви големи промени. Исто тука е и интолеранцијата на храна. На диета секако се исфрлаат многу работи, нормално промена на живот, почнуваме да се храниме здраво, но еве го проблемот. Научена на малку и на здрава храна, бев на една прослава, се напив чаша сок, каснав малку месо, благо, помфрит и вечерта ми беше толку лошо што завршив повраќајки. Мојот организам веќе не поднесува благо, ниту премногу храна. Навикнат е да биде на салати, житарици и слично...

    Па, сакам да споделиме искуства и решенија. На пример со што се соочивте после ослабени многу килограми, на кој начин го решивте тоа, дали после полека се навикнавте на старата исхрана...? Или пак ако сте на хроно кое што е сега актуелно (јас лично не сум на тоа, но читав за исхраната) и како се справивте со преминот од рестрикција во вонрестрикција, по толку долго не внесување на никаков вид на шеќер, дури ни фруктоза? Сигурно тешко било за организмот :)
     
    На Victorian, macence994, toogood и 9 други им се допаѓа ова.
  2. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    32.460
    Пол:
    Женски
    Од октомври до мај ослабев 15кг. За физички последици нема многу што да се жалам, баш напротив сите викаат дека сум посиматична сега. Со вишок кожа немам проблем, прстените да и кај мене исто, но тоа не е важно. Здравствени последици исто така немаше и нема. Напротив крвната слика ми е многу подобра од порано.
    Што се однесува до интолеранција немам некој поголем проблем бидејќи еднаш неделно јадев црно чоколадо, не го исфрлив шеќерот комплетно така што сега и кога јадам некое покалорично благо не ми е проблем. Леб бел ми е потешко кога ќе јадам, подуено се чувствувам бидејќи воопшто не конзумирав, па затоа го одбегнувам, јадам само интегрален. Исто и за тестенини. Сега кога завршив со диетата почесто јадам и благо и црн леб, но во граници. Други грицки како смоки, чипсови и сокови не ни имам јадено со месеци и не ни планирам така да не знам дали би имала интолеранција на нив.
    Кај мене единствен проблем би рекла дека е тоа што чувствувам грижа на совест кога јадам благо или некое пециво на сабајле на работа, но и тоа е добро од една страна бидејќи не ми дозволува совеста да се вратам на стариот начин на исхрана. Се на се продолжувам со поздрава исхрана и не планирам да се враќам на старите навики.
     
    На Victorian, Hipster, toogood и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Еј одлична тема, ај и тука да шкртнам збор-два и ќе си одам. :D Нешто во шемата сум со диетиве денеска. :D

    Дечки за да се смалат последиците мора да се слабее на здрав начин, што значи, исхрана со многу витамини, минерали и се' друго што е убавко за нас. :) Задолжително пијте некој мултивитамин, магнезиум и многу, многу течности. За најдобар ефект, сето ова придружено со вежбање и немате утка.

    Јас некна купив градник два броја помал во обем и една корпа помал, ни на крај памет не очекував дека толку многу ми се смалиле градите. :rofl:(facepalm) А не сум ни нешто толку многу ослабена, максимум 7-8 кила за една година, ама ај да речеме - на правите места и на здрав начин.

    Редовно проверувам крвна слика а и други здравствени параметри, така да кај мене, се' е тип-топ во моментов и да не се подречам, никогаш не сум имала подобра здравствена состојба. :)

    Лани летото ослабев од стрес и баш бев таква каква што опиша @Dream-Girl , со подочници, изгледав уморна, ненаспана, несвежа... железото ми беше толку ниско, што ми рекоа дека малку требало за да завршам и на трансфузија. Девојче мило, веднаш да провериш што треба и да не се изгладнуваш, така не се слабее. Не те следев, како ослабе? :)

    Инаку, јас имав сличен проблем на твојот со нетолерантност на одредена храна и забележав дека тоа е така затоа што не јадев леб, со години немав каснато леб. Ако се напиев пример, чаша газиран сок или кафе, веднаш добивав дијареја. Откако (моментално половично) хронирам, немам таков проблем - стомакот, столицата и се' поврзано со тоа ми е сосема регулирано.

    Моментално имам собрана кожа малку на стомакот, на бутчињата и нормално, мојот вечен проблем, рацете. 8-|

    Пробајте да јадете повеќе зеленчук, не е доволно само по едно доматче за ручек и краставица за вечера. Сега бар е лесно, јадете по 5-6-7 парчиња зеленчук на ден, па и овошје ако не сте на хроно. :) И да повториме, мора некој добар мултивитамин и да не сте на диета, ќе се зачудите колку е тешко да се внесе се' преку исхрана само.
     
    На Anacid, toogood, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.281
    Пол:
    Женски
    @Doozy Па ја ослабев на мој начин со моја исхрана, не сум на некоја посебна диета, се трудам многу месо, овошје, зеленчук да внесувам. И млечни производи многу користам. А инаку вежбам по 1-2ч секој ден. Според мене мислам дека на здрав начин слабеам ама не знам откако ќе проверам крв ќе видиме :)
     
    На Doozy и Brojka им се допаѓа ова.
  5. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.008
    Допаѓања:
    34.178
    Пол:
    Женски
    Се зависи Дримке и колку пати на ден јадеш.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.281
    Пол:
    Женски
    Повеќе пати, помали оброци:)
     
  7. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.008
    Допаѓања:
    34.178
    Пол:
    Женски
    Кај мене кога ослабев 17кг, оти бев анемична јадев мелена коприва со малтекс помешано.
    Одма ми се опорави крвната слика воопшто.
    Пробај го ова, може ќе ти помогне.
    Колку време си на хранава?
    За колку време ослабе 10кг?
     
    На Gosh, Brojka и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.281
    Пол:
    Женски
    За 3 месеци, а севкупно овие 17кг за 5 месеци точно вчера:) до сега секогаш сум имала најјака крв и вака по систематски кога идеме цел клас имав појака крв и од машките, баш ме пофалија докторите ама тоа беше лани. Фала за совет инаку доколку иам некој проблем ќе го применам ова :)
     
    На Brojka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум држела толку време диета и немам премногу килограми изгубено. Последен пат имав здравствен проблем и морав да се хранам здраво при што изгубив 6 кг. Последици од тоа немав, се уште стагнирам на истата килажа.
    Морам да напоменам дека пред 2 години ја држев медицинската од Жан Митрев, иако не издржав 3 недели колку што требаше, туку само 2 недели. Неверојатен јо-јо ефект имав од тогаш, после тоа килажата нагло за два три месеци ми се накачи + 10, килажа што никогаш не сум ја имала претходно и се уште пробувам да се вратам на старо, но тешко иде. Од тоа можам да заклучам дека никогаш нема да експериментирам така, иако имам искушенија.
     
  10. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.606
    Допаѓања:
    250.878
    Пол:
    Женски
    Од 100ка на 80 :tmi: за корпа ич да не коментирам станав даска :lol:
     
    На Hipster и Doozy им се допаѓа ова.
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Јас од 110Ц на 95Б. :worried:

    Сркај Божо ленено семе, ќе се оправаме валјда. :rofl:
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.606
    Допаѓања:
    250.878
    Пол:
    Женски
    Као јадам Дузи :) ми е гајле искрено :)
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Јас за 3 месеци симнав 6кг со вежбање и јадење(диета), меѓутоа последицата што ми беше е од аспект на здравјето. Си го намалив имунитетот.
    Многу би сакала пак да држам диета и да ги намалам тие 6кг бидејќи за моја висина повеќе и не барам.
    Мислев само да го исфрлам лебот и да јадам повеќе здрава храна.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Пошто си иам прааено бајрам на паметот едно 3-4 пати ослаби здебели се, по минимум 5до8 кила драстична разлика не сум осетиле здравствено. Баш напротив секоаш коа ќе качам килажа имам негативни промени-коса, кожа, замор, нерасположеност, блага депресија...

    Искрено мислам дека без физичка активност нема здраво слабеење. Никоаш не сум ослабела нагло, секогаш постепено, по 3-4-5 максимум кила месечно. Затоа и немало вишак кожи или на луѓе што им се праат стии од нагло слабеење. Додуша никад не сум имала поише од 80 кила па максимум сум слабеела по 15.

    Кај мене ми смета што не можам никако да ослабам ако не пазам многу што јадам. Сеа ќе речете нормално е тоа ама не е така, морам многу многу да пазам на леб и мрсо (благо не јадам скоро ич). Плус кај мене делува само кардио. Ништо друго освен кардио. Што не вежбав некои измислени вежби на вага -1 до -2. Месец дена трчав само на трака секој ден по 45 минути одма 3-4 кила минус. Башка иам многу сила у мене можам со правилна исхрана да дрчам и по саат време без прекин.

    Единиствено како негативно ќе кажам дека после диета и при сама диета не поднесувам алкохол и марихуана ич. Едноствано не ми прима телото токсини. Освен цигари, порано трчав по 10 километри и палев цигара без проблем. Не ми сметаше.

    Мене гради не ми слабеат, ептен малце во обем знам да се стопам, кај грбот само, корпата си е таа DD

    Наравоучение, морам да стопам 15 кила не се трпи вака веќе.


    П.е единствено коа сум се осеќала ужасно после диета било после аткинс. Ја држев цели 10 дена и се осеќав и изгледав ужасно. Да ослабев 2-3 кила за толку кратко време ама бев испиена во фацата со многу темни подочњаци. Лошо спиев у коста ужасно ми се мрсеше. Коа ја прекинав одма си ги вратив килата што не беше случај со УН.
     
    Последна измена: 9 јули 2017
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. alf

    alf Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Машки
    Vo vrska so dietite:
    Site pravite golema greska koga sakte da oslabnete ( i toa za kuso vreme).I so malku volja - ke oslabite. Koga ke ja prekinete dietata pak za uste pokuso vreme ke ja vratite kilazata.
    Sto e najvazno:
    NAJVAZNO E DA GO SMENITE NACINOT NA ISHRANA, DA UPOTREBITE POGOLEMA FIZICKA AKTIVNOST, DA GO NAMALITE KONZUMIRANJETO NA LEBOT, GUSTI, BLAGI I GAZIRANI SOKOVI, A ZA SMETKA DA UPOTEBUVATE POVEKE ZEELENCUK( SALTI) I OVOSJEE VO ISHRANATA. i NE SE SEKIRAJTE: KE OSLABNETE AMA NE ZA KUSO VREME ( KAKO STO VIE SAKATE).
     
  16. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Да се изгубат толку килограми, за краток период од отприлика една година, си носи последици од било која диета.Дури и да се храниш здраво и внесуваш потребни витамини, сепак промената е голема, организмот ќе си покаже. Не е совршена, тоа го кажувам и јас.

    Да слабееш со нутриционист, каде строго овошје се појадува, пак ќе ти биде крвната слика лоша ако намалиш толку многу килограми за кратко време.
     
    На Hipster и Brojka им се допаѓа ова.
  17. Brojka

    Brojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2017
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    1.722
    Девојки што мислите за колку време се рачуна како здраво слабеење?!
    Читав на нет дека изгубени 500 г до 1 кг неделно е здраво. Што значи за период од неколку месеци се слабее 15-20 кг? Колку е тоа здраво?
    Јас сум свесна дека како што не сум се здебелила преку ноќ нема ниту да ослабам преку ноќ. Како прво е шок за организмот. Не може до вчера сум јадела се и сешто во секое време а сега наеднаш оп на диета и здрава исхрана.
    Затоа сум ЗА оваа диета и сите слични на оваа. Голем противник сум на диетите 5 дена 3 кг и сл.
     
  18. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.008
    Допаѓања:
    34.178
    Пол:
    Женски
    Ова од лично искуство ти кажуваш?

    Ова прв пат од тебе слушам 8-|
    Не мора да значи :)
    Кај мене беше баш напротив, многу ми се подобри крвната слика ^
    Плус, од кај овошје само се јадело?
    Немав само овошје, имав и семиња и манџи.




    Секој организам е различен, некому хроно ќе делува, некому не.
    Без оглед, ова важи и за Ун и др диети.
     
    На AURUA, Brojka и JuLleE им се допаѓа ова.
  19. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Со било која диета, ако ослабнеш над 15-20 килограми за краток перид, може да дојде до ослабнување на крвта. И да ги внесуваш потребните витамини и минерали, организмот си трпи. Но кога слабееш здраво, и да се покаже некаков лапсус во резултатите, брзо ќе се среди и надокнади.

    И убаво е што го слушаш, макар и по прв пат :D
     
  20. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.008
    Допаѓања:
    34.178
    Пол:
    Женски
    Ете првиот месец нагло ослабев 10кг и знаеш што?
    Резултатите т.е цифрите беа високи и во нормала.
    Железото се покачи.
    А, претходно крш беа.

    Да, може да сепоквари крвната слика ако се ослабе нагло толку кг, ама со неправила исхрана.
    Ама да викаш дека баш со нутриционист, што дава здрава исхрана, тоа малце е потешко ^
    И дека само даваат овошје.:x

    Ова од искуство, и од искуство на блиски во семејството. :)
    Да не идам офф, ама морав да си кажам само за тој пасус , оти веќе го имам искусено тоа и не си во право ^
     
    Последна измена: 13 јули 2017
    На AURUA и Brojka им се допаѓа ова.