1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последици по циклусот од корона

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LadyC, 4 јули 2021.

  1. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.144
    Допаѓања:
    147.389
    Пол:
    Женски
    Здраво,

    Ја отварам темава бидејќи гледам никој нема споделено искуство за пореметување на циклусот после прележана корона.


    Јас и бев на гинеколог,ми кажа и тој самиот дека се пореметува циклусот од короната, но јас сепак сум малку исплашена бидејќи и две деца родив и секогаш ми била точна како швајцарски саат.
    Денес ми е веќе трети ден како ми касни, претходните две ми беа редовни,а во април прележав да напоменам...


    Споделете како ви се месечните циклуси и вие за да не се создава паника меѓу нас женските и дали знаете на кој начин може да се реши.
     
    На kuc и senjorita-v им се допаѓа ова.
  2. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Ооо девојче, и ова ли го има? :?:

    И јас имам некој гинеколошки проблем со циклусот но никогаш не сум го поврзала со короната ниту докторот ми спомнал нешто.

    Значи прележана пред 6 месеци, но краток циклус имам последниве 2 месеци. Веројатно ќе ме стави на некоја хормонска терапија. Баш ќе пршашам дали има некаква поврзаност.
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    17.756
    Јас немам проблем со циклусот. Прележав мартот.

    Исто како и претходно ми е, без каснење.
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.241
    Допаѓања:
    166.062
    Читав дека вакцината може да го поремети циклусот, мислам и жени во темата за вакцина имаат спомнато, исто и со ковидот. Некои студии велат дека не се реметат хормоните, веројатно е поврзано со самата матка, и нејзината имунолошка реакција.
    @LadyC што и да е, би требало да е минливо. (fingers)
     
    На Fancy_Nency 22, LadyC, senjorita-v и 2 други им се допаѓа ова.
  5. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.299
    Допаѓања:
    34.236
    Пол:
    Женски
    Директно како последица од инфекција со корона вирусот не знам дали се случуваат промени во менструалниот циклус, а за индиректно после една поразлична година нормален е и поразличен менструален циклус кај жените пред се поради доживеаниот стрес и промената на начинот на живот.
     
    На LadyC и Kitten им се допаѓа ова.
  6. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.562
    Пол:
    Женски
    Мене ми касни после прва доза. Требаше да добијам 2 дена после вакцината ама еве може 6 дена ми касни.
    Не сум трудна :tmi: :D

    А дали касни после прележана корона..можно е. Читав некаде такво нешто, ама не знам каде
     
    На cresa-jagoda, mal.ecka, LadyC и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.241
    Допаѓања:
    166.062
    :smirk:
    Жени во менопауза прокрвареле, тебе ти касни:^). Мисли си ти дека не си трудна;)
    Абе којзнае што чудо е, имам читано дека све на све влијае со ова коронава. Ама велат не влијаело на хормони, чекај баш да го најдам линкот...
    Вуала https://www.healthline.com/health/m...ect-your-period#covid-19-and-menstrual-cycles
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  8. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.537
    Допаѓања:
    27.814
    Пол:
    Женски
    @LadyC, @Dust, @Biljarkata Јас после прележана Корона немав пореметување во циклусот, ама затоа после вакцината скроз ми се поремети циклусот. Прво имав кафеав исцедок со јаки грчеви на средина на циклус по првата доза (имав добиено кога примив прва доза), па примив втора доза и добив на 41 ден (обично добивам на 30-33 дена). Циклусот ми беше пооскуден од обично.
    Сега вториот циклус ми се врати на нормала и по времетраење и по обилност.
    Каснење, болки во гради и пооскуден цилоус имаше и другарка ми. Вакцинирана е со друга вакцина отколку јас.
     
    На KuklickaSk, WildMk и mal.ecka им се допаѓа ова.
  9. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Мене не ми доцни, но ми паѓа косата.
    И никаде нема конкретен одговор зошто е тоа така.
    Само статии чија крајна поента е сведена на ,,можно е ковидот да предизвика косопад".
    Да, океј, јасно е дека може да предизвика косопад, но не пишува дали уз тоа одат и некои други попатни симптоми како предзнак за некоја подмукла болест.

    Инаку, цела лабораторија е ковидот за организмот, што очекувате?
    Плус, ако не го изоставиме фактот под колкав напон на стрес бевте изложени, бидете среќни што воопшто добивате циклус. Бидејќи моја пријателка веќе четири месеци нема добиено и згора на тоа има високи ддимери со исклучени други коморбидитети.
     
    Последна измена: 5 јули 2021
    На irrelevant, cresa-jagoda, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.077
    Допаѓања:
    81.907
    Пол:
    Женски
    Лејди јас од редовен циклус сега знае да закасни,а последниот пат беше врв 16 дена ми каснеше (facepalm) дали ова се последици од ковидов појма немам .
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.629
    Допаѓања:
    152.270
    На Лејди тоа гарант и беше од високото тсх -90 и кусур имаше
     
    На kuc и LadyC им се допаѓа ова.
  12. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    3.963
    Пол:
    Женски
    Првиот месец по прележување циклусот ми каснеше 5 дена, а наредните 2 ми дојде 6 дена порано. Пред прележување ми доаѓаше 2,3,4 дена порано од точната дата, така да има некоја врска вирусов со циклусот.
     
    На WildMk и LadyC им се допаѓа ова.
  13. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.144
    Допаѓања:
    147.389
    Пол:
    Женски
    Па доведено е у ред божем, сега у петок ќе ми прават.
    Др Јане од Ремедика ме води, ми ја знае цела состојба и вика дека од ковид се реметела кај мн жени.
    :(

    Ќе видиме што ќе испадне на крај (facepalm)
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    955
    Допаѓања:
    2.157
    Пол:
    Женски
    Од позитивен тест во октомври наредните три месеци ми беше точна на 30 дена, претходно на 40-45 ми доаѓаше. Дури се изненадив дека короната позитивно ми делувала :D Е потоа, јануари, па февруари, па април па јуни (facepalm) почна на два месеци да доаѓа ^_^
     
    На WildMk и LadyC им се допаѓа ова.
  15. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.629
    Допаѓања:
    152.270
    Женче веруј само од тироидната е она знае да не добиеш воопшто циклус
    Туку нека има помин шо и да е
     
    На mal.ecka и LadyC им се допаѓа ова.
  16. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.081
    Пол:
    Женски
    И мене ми се поремети по прележан ковид , кој инаку го минав без ниту еден симптом , освен позитивен тест .. Во април прележав корона , во мај циклусот ми беше океј , ама месецов ми доцнеше цели 6 дена .. Добив пред 10 дена , менструацијата ми траеше ненормални 9 дена ( обично , на 7-от ден имам само две капки цел ден , и минувам со секојдневни улошки , овој пат на деветтиот ден морав да носам нормални улошки , бидејќи беше обилно , не како на втор ден , но за секојдневни не беше ) . Е сега , мене и вообичаено ми доцни кога е мноогу топло ..
     
    На WildMk и LadyC им се допаѓа ова.
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.684
    Допаѓања:
    97.984
    Пол:
    Женски
    Прележав крај на јануари ,почеток на февруари.
    Во февруари ми каснеше 2 недели,во март воопшто не добив...дури во април.
    Може и дека сум во перименопауза па и тоа игра улога,но се мислам дека е од ковидот.Мај повторно каснење од неколку дена.
     
    На LadyC и senjorita-v им се допаѓа ова.
  18. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    3.963
    Пол:
    Женски
    Да додадам дека и првите 2 мес. крварев пообилно поради анемијата, а последниот се нормализира (со таблети).
     
  19. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    Циклусот точен, ама затоа косата ми ја снема.
    Никогаш коса не ми паѓало, секогаш ми беше бујна, здрава, долга. Сега цела коса ми е еден прамен што ми беше порано.
     
    На LadyC и senjorita-v им се допаѓа ова.
  20. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    4.755
    Допаѓања:
    137.554
    Пол:
    Женски
    Позитивна на почетокот на Април...
    Ми се измести циклусот комплет..секој месец ми касни...
    А косата е хорор приказна...скалпот почна да ми се гледа над челото...Оќелавев буквално
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.