Кхм, да го прочистам грлово. Сум слушала дома радио од мојот мобилен и на спикер сум уклучила. И одам јас по пат и си ставам слушалки од досада и си уклучувам радио и си слушам како дебил. Тоа ечи кај стигне. Што им е на луѓево си викам вака што ме загледуваат ?? Уште тие сите будали јас паметната. Застанав се гледав супер бев , нит прљава, нит бушава, нит размачкана. И одам на автобуска, гледам една другарка, вадам слушалките да се поздравам и што да видам бре ... Ми идеше да се закопам во земја ... Спикерот трешти, а јас џабе слушалки на ушите. од тогаш стално си проверувам.
Кога бев кај вујко ми на гости во Скопје..како сум се усрамила Си седев на клупи, и јадев сладолед..Почнал сладоледот да ми се топи на земја, цело вирче се напрајло, а јас се ѕверам во машките на клупата карши мене..И од ко го дојадов, станав и си велам: „Сега че поминам покрај нив , да вида тие шо се вика прилепчанка..“ И бидејќи не го видов вирчето од сладолед, цапнав директно на него, а носев јадранки што ми се лизгаат и на сето згора и плочките беа од оние што се лизгаат...И си цапнувам јас, арно ама, ко сум се слизнала, заминав до кај машките на кој што му се пулев. Се отепаа од смеење, а јас си заминав со сладолед на газ
Не знаев дека е глупост , мајка ми ми кажа Само што се вратив од град , го разбудив брат ми да оди до Мекдоналдс да ми купи оброци . И нормално , ме отера кај што не треба (или треба )
Дури сега го приметив бубачето на Блонд. За малце ќе ја разбудев сестра ми да ја утепа. Ама добро одев со тркалцето напред назад на маусот. Spoiler незнаете само колку имам страв, и колку мрзам инсекти :geek:
исто и мене ми се има случено ...и така ја викам јас мајка ми прашувајки се зошто не ми прави пена шампонот...кога гледа она јас со субрина си се мијам
Mи беше досадно дома и си седев во една соба кога гледам на гранката од прозорецот - мачката од комшијата . Бидејќи ептен ја мразам таа мачка ( ми го има изедено хрчакот-само опашката ја најдов ) и викам :ела ми мац , мац..и дојдее.. леле коа ја грабнав алал да ми е Ja затворив в соба и ни две ни три ,скинав зелени сливи на кои уште не им беше стврдната коската..како што беше грда таа мачката како Хитлер и реков: аа сега Хитлерче да видиме на кој му јадиш ти хрчакот !..ја гаѓав 10 минути со тоа сливите и ич не ми е криво ! На крајот и велам Ч за ова на никој ништо ме разбра ли ! .. Си заслужи поштено бе
Во основно ја полеав другарка ми со кока-кола ненамерно, бркав другар. Она демек да се напраи фраерка, рок фазон фураше па не смееше да и напраи некој нешто ми истури цело шише вода врз глава. Јас барем не се лепев. На крај, така си седев цел час кај класната и кога заврши отидов да ја прашам дали може да си одам дома, да се пресоблечам. Одговорот кој го добив беше: Оди си, јас пак мислев испотена си. Што сум јас бе, па да се испотам што и фармерки, коса и маица да ми се целосно мокри?
Земав пари на заем зошто од понеделник почнувам на работа и ги потрошив Е сега од понеделник нов заем и кога ќе дојде време за плата само ќе се раздолжам и пак ќе се задолжам
Ја искршив антената кај тетка ми у соба. И така си ја наместив да стои исправено, ко демек ништо не и е.. Сега коа ќе види ќе има урлање :/
Си го треснав маусот од земја, ама онака здраво и машки го лупнав не го треснав од негде 60 cm висина. Бидејки дома кречиме и цела куќа е хаос и не е се на свое место, масичката која ми е до кревет е со стакло одозгора, ама стаклото негде си чека ред за бањање сега е само тоа рамката/постољето или како и да се вика, воглавно само некои шипки. И така занесена штракам по Феминава ми текна дека ми се пуши цигара и се залетав по цигарите во дневна, пошто маусот е вајрлес, т.е. без кабел може сегде да го влечкам, и го земам по навика да го ставам на масичката онака залетна го спуштам лефтерно абе кога тресна и батерии и све му излета. Али добро е работи. Добро што Петко не се разбуди, имаше он мене да ме тресне зошто по којзнае кој пат го трескам тој маус од земја, се некако ми се лизга и паѓа самиот . Добро е што не ми текна лап-топот да го ставам на маса, дури тогаш ќе беше весело .
Интаљирував, и деинстаљирував програми. Арно ама цел ми се укочи компјутерооот. И сега ај викам рестарт. Кога будалава нејќе. Ај да го искучам, стискам долго, стискам на копето за гаснење нејќе. И ни два ни три, цап дирекно од струја го извадив.. Почекав малце да се стабилизира и да го уклучам, кога.. на секое приближување ми светка штекерот. И што ќе праиш.. Зимам продужен кабел.. и го уклучувам компјутерот.. ај го опраив некако.. И после ми текна- абе сестра ми уште малце ќе дојде. Ај го враќам продужниот у шпаиз.. и сега доаѓа моментот да го уклучам во штекер. И си пеам.. Хепи брдеј ту јуу гурни прекидач у струју пецнути те стуја нече цео свет се око тебе не окрече само једна струја али ти си јака И ај го уклучив некако, и компјутерот.. И така хепи енд.
Последна....го вратив назад саатот кај дечко ми на мобилен, да остане подолго и да не си оди. И каснеше после и ми се налути
Станувам денес и целата поспана, па и неубаво избришана од тушот, мокра спијам и одам. Седнав да видам што има на нет, и занесена целата така слушам некој тропа на вратата во дневната ама силно тропа. Бев сигурна дека сестра ми е, секогаш вака прави и бега за да станам од компјутерот. И толку ми требаше за да ми пукне филмот, коа се издрав будало не тропај ќе те убијам ретардацијо една Коа се вртам една пријателка на мајка ми Многу рано дошла бе Лошо ми стана коа ја видов се стаписа и она, ама како и се издрав И после и викам леле извини сестра ми те мислев, седни сеа ќе ја викнам мајка ми.. Како да ја погледнам сега, абе бруки
Пред некој ден седам на компјутер пишувам со една колешка и наеднаш ми се отвораат еден куп програми,леле реков што му е сега на компјутеров му мавам рестарт и повторно истот,ја викнав другарка ми и таа се чуди,го видов дечкото што ми го преинсталира компјутерот и тој исто се чуди како е можно сам компјутерот и плус за брзо време да ми отвора секакви програми можи едно 10 пати му манав рестарт и на крај ми текна дека е можно ова само со шифт и гледам на тастаурата закочено копчето за шифт....бевме собрани четворица а ни на еден да ни текни да се ѕирниме во тастатурата...за малце само што не го однесов на праење компјутерот а можев и да си го прегорам....
Многу сум смотана на моменти, ама ептен. Бегав од едно куче на пат за дома и се ставив во петта брзина, чиниш ќе полетав. Ми текна пред врата дека џвакам иста мастика од прееска и се изнервирав и решив дека ќе го кршам законот - сакав да ја плукнам на улица. Така улетана, ја плукнав. Ама наместо на улица, си ја плукнав во деколтето, па еве сега седам и ја барам некаде на мене. Оооооо забегана една!
Ау, сабајле си излегов од дома со различни патики Финтата беше што не забележав се додека не се вратив дома, дека и двете црни... Црно па се не види Хаха, ама не знам стварно како не ги загледав апликациите и напред и од страна, толку се различни, кој знае што си помислиле луѓево, а бев до кај едни мои пријатели и до продавница, убаво си ги прошетав! И згора на тоа, и патентот на панталоните ми бил откопчан, па една другарка ми вика: -Закопчај се, каде вака откопчана? А јас, паметната, мислам ми зборува за дуксерот и и враќам: -Не бе, жешко ми е! Оф мори мајко, сега кога се погледнав во огледало - сфатив. Тоа ти се вика талент...
Вчера се јавив кај еден другар и кога ме праша кој е,јас му одговорив една будала што треска глупости кога ќе се напие еспресо.