Ми се наслозија очите вчера бидејќи кашлав и во тој момент влезе мајками и помислила дека плачам и почна да ме прашува што ми е и реков имам девојка и дека е бремена... Почнаа рацете да и се тресат се испаничи. Кога и кажав дека е шега почна да ме брка околу маса и добив портокал по глава.
Од досада сум се зачитала некои глупи статии по кафепауза, се и свашта отварав да читам. Наеднаш дојде баба ми кај нас, па јас како што си седев со лаптоп во скут го оставив на креветот завртен накај сите и ја гледам мајка ми нешто се були де во мене, де во лаптопот. Когааа погледав, ШОК. Сум си отворила статија „ова е најопасната секс поза, на овој начин можете да го скршите неговиот пенис“, па со тој големиот фонт, буквално во очи паѓа на сите... Којзнае што си помислиле, утре ако ми исклучат интернетот ќе ја знам причината. Глупача.
По грешка нарачав фамилијарна пица, само за мене, за доручек и доставата ми ја донесе во канцеларија.
Ми се јави баба ми, си прајме муабет нешто и ме прашува која година сум. И кажувам јас дека сум апсолвент и таа се израдува, ми вели демек, ќе имам повод за торта да правам. И јас се смешкам нешто замислена и викам да, да...Си збори таа, не ни ја слушав и едно време вели секако ако сум жива до тогаш и јас исто си повторувам да, да и убаво и се изнасмеав. Why? Whyyyyy?
Здраво девојки. Толку сум несмасна во последно време што ми доаѓа да се обесам. Секој ден по некој глупост. Минатиот викенд во еден рест. се лизнав на последната скала и едвај се задржав, сите ми се изнасмеаа. Овој викенд кошулата што ја носев постојано ми се откопчуваше и сите ме видоа, нормално се смееја, денес пак на кафе, кафето ми се лизна од рака и на маса отиде целото, умрев од срам. Што ми ееееее... зошто јассс ??ќумраммммм
Што се запишав на часови по Грчки јазик,господ нека ми е на помош,а се откажав од англиски и сега грчки кога објаснува проф.се чудам кај дојдов што направив,бар да не ја платев ратата уште од напред...
Одамна немам навика да звонам со скриен,мислам помина тоа време кога така си зрпкавме,е арно ама пред некој ден ме фати некоја носталгија па фатив на бившиов му звонев со скриен.Не знаев дека одамна наместил она за отскривање бројот,јас молчев можи две три секунди и спуштив.После добив порака на фб од него само еден прашалник. :/ e тоа ти е...
Денес во МВР бев да се сликам за лична карта,и нели мора и отпечатоци да ти земе службеникот,и ми вика дај отисок со левиот показалец стисни тука,и јас му давам лев палец,тој ми вика показалец ти реков,после ми вика дај сега со десниот показалец стави го тука право и стисни силно,и јас место право си стискам онака со поткренат прст,леле кога ми се развика,бруки невидени бев,ми вели што ти е,што се изпаничи вака како да те убивам пребледи целата Помина тоа,седнав да ме слика,и му викам убаво излегов на слика,да не сум замижана,леле што ми требаше пуздер ме направи,кога почна да ми вика,што се замислуваш ти,јас сум професионалец,кај ќе те оставам да си замижана на толку важен документ,ти се мајтапиш со мене. Ептен го изнервирав човекот,и излегов и гледам пред врата 100 луѓе,се имаат пресмеано сигурно со моите глупости Незнам што ми стана,ама ко од марс да бев падната денес
Се спремам за на свадба, си облеков долг фустан со шлиц, гледам недепилирана, набрзина си ја избричив само ногата што се гледаше
Вртам на такси и наместо да ја кажам адресата каде што сум јас, каде што треба да дојде, јас ја кажав адресата каде што треба да одам
Неможев да си најдам тренерки па до продавница отидов со сиви пижами кои наликуваат на тренерки Јас мислам дека нема некоја разлика а луѓето што ме видоа кој знае
И пратив порака на погрешна форумџика, со експлицитна содржина, наместо на @Gosh, за да ми гата за 100-че.
И пишав порака на Гош: Ми кажа дрка уште од сабајле на тебе ти пратил емаил И после глеам аутокоректоров наместо дека пишал дрка
Од порано коа имаше тајмлајн на фб ставив лајк на песна објавена во 2012та на еден што го манијачев. Нормално одма го тргнав лајкот, ама жив срам. Друго, пред некое време јадевме сладолед со дечко ми, а јас носев бела кошула и таман си реков леле дај да пазам да не се измачкам, не помина 1 минута се погледнувам ете една кафена флека. Абе ужас. А последната глупост сеа пред некој ден во бурекџилница викам: Еден со врат, еден со кулен и два бурека (мислејќи 2 јогурта).