Утрово во пекара на продавачката и побарав мекица со крем а сакав да кажам крофна со крем ( имаат и со џем , а јас ич не ги сакам тие )
Пред неколку месеци на автобуска станица во Тетово , на вработената на шалтер за издавање билети и велам "ве молам карта за Тетово", а таа целата ваква ми вика "заТетово? па во Тетово си " Кога ми текна што направив и велам : "се извинувам, за Скопје ,ми отишол паметот",патем се изнасмеавме и двете. Лани лето си купив костим за капење и си наравив селфи на огледало за да и пратам слика на сестра ми ,да се пофалам и да ми даде критика . Но, за бељата имаа иста профилна слика со зет ми,па наместо неа,јас сум ја пратила на него Целиот во збунка ја прашал сестра ми"што и е на Ilyan, види што ми праќа" и се пресмеале еден со друг. Потоа паднаа многу шали на моја сметка,башка и маж ми се изнасмеа и ме ребраа цела недела
Вчера во маркетот, зедов еден куп чоколади и доаѓа ред да наплатам, си вадам јас стотче ставајки ги чоколадите во ќеса па и кусур си чекам...Кога касиерката ми повторува колку треба да платам, леле бруки. Доплатив колку треба се извинив и дим да ме нема.
@ilyan ма како се смеев на ова погоре.Зар ти не беше еднаш кога сакаше огледалото за пробување чевли да го купиш? увек имаш смешни ситуации
Ми текнува на една од нова година. Си идеме со сестра ми со такси накај дома и на крај човеков кажува 350 и нешто денари да се плати , сестра ми му дала 300 ама мене ми се видоа како 400 и му викам задржете го кусурот
Мене ми текна на една , баш беше Слаткат и Токсикологија тогаш во диското каде излегував одамна е ова , пред 12 години сигурно бев излезена со друштво , а сестра ми со тогашниот дечко и друштво на исто место бевме , само они на еден ќош ние на друг . И сега , завршија овие со пеење , ај да си одиме . Сестра ми вика ќе не однесе Даре до дома и така е со кола , ќе те земеме и тебе . Ај добро , јас запнав да се сликам со некој од Токсикологија , АцеНЛ мислам беше , Тони Зен и Слаткар . Се вртам што да видам , трчаат накај паркинг Слаткар , по него Тони Зен , по нив АцеНЛ а по нив повеќе од пола диско си велам кај ќе се сликам гледај колку луѓе ги бркаат ај заминав . Стигаме пред врата кај нас и сеа јас чекам сестра ми да излезе , а она ми вели : Крејзи иди ти , јас ќе се задржам 2 минути само пази да не те сетат дека си дошла , као демек заедно сме дошле ја оок излегувам од кола и каква сум трапава , едвај отклучив врата . Остај тоа , надвор снег а од врата кога влегувам право на плочки , коа се испружив и паднав мислам земјотрес предизвикав позади мене влегува сестра ми и вика : добро бре Крејзи еднаш те замолив ко човек да не те осетат , ти куќава на глава ќе им ја срушиш бар труби да викневме за свеченото твое враќање од диско
Станав за да се сликам со еден другар во кафана а позади мене некој човек си застанал, а јас ни да го видам ни ништо гледав чашата кај да ја оставам на маса и давам два чекори наназад и тој непознатиот дечко го фатив за рака и викам ај сликајте не.
Настанов се случи неодамна во една локална книжарница... Влеговме со мајка ми да купиме папка за складирање документи, и во меѓувреме додека она правеше муабет на мобилен, јас здогледав интересни моливчиња за првооделенци горе со пердувче, и ми текна дека тоа може да биде супер подарок играчка за мојот мачор. Подавам рака да земам еден, додека во истиот момент продавачката до мене на прсти реди предмети горе на рафтот. И јас таман да повлечам еден од фамозните моливи, ѝ ја стапнувам ногавицата од панталоната и наеднаш во дел од секунда слушам звук на лелек, и пад.. Кога што ќе видам, продавачката се испружила како крушка, а врз неа паѓаат моите пердувести моливи. Мајка ми па у паника се истрчува, погледнува надолу (накај продавачката) и вика ,,Леле Одор, добро си''? Застануе на секунда, подразмислува, сфаќа дека не сум јас, и ѝ се испушта ,,Ааа па добро, не си била ти''. Абе ми дојде во земја да се укопам. Сва среќа па продавачката не беше некоја злочка, почна да се смее и да прави шеги на сопствен рачун, иначе..
Седната на задно седиште во такси, му одговарав на прашањата на таксистот мислејќи дека мене ми зборува, а тој си зборувал на телефон Се надевам никогаш нема да го видам човекот.
На 9 не , ама на 13 да дисково беше во село каде што пораснав , плус сестра ми беше со мене и секако алкохол не даваа на помали од 16 год . Човекот што го држеше диското беше пријател на татко ми па ме познаваше и мене П . С . Погрешно сум пресметала од авион се гледа дека математика не ми е јака страна
Ми излезе на фб event некаков митинг/журка на УМС на ВМРО и земав да го поканам @Читател (на зезанција се разбира, стално така се троламе )... арно ама, по грешка сосе него штиклирав и пратив инвајт и на една познаничка, повозрасна и озбилна жена
Требаше на брат ми да му пратам некоја луда фотка ии по грешка заврши кај телеком на е-маил... А да и друга работа бев во тоалет во еден кафич и не се заклучив и ми влезе некој без да тропне и место зафатено му рекоз здраво.. хахах ужас