Прво праша како си?, а после прашуваше каде живеел некој доктор пошто го барале патници Среќа веќе требаше да излезам од таксито, па само му оставив пари и си излегов со црвени образи (додека тој уште зборуваше на телефон )
Сестра ми ми поклони рачен часовник,и сега мерак ме фаќа да си го ставам на рака,и така на прошетка низ град,поминува еден среднивечен човек,и сега јас ќе го прашам колку е часот,тој ми кажа колку е,но паралелно со тоа,ме праша зошто не гледам на мојот,а јас да се снајдам во моментот,викам дефект е и не е точен,затоа! Се изглупирав и дури сам се изнасмеав на себе!
Другарка ми ми звонеше од кај мајка и затоа што требаше да дојдам кај неа и ми се јави два три пати да ми рече да побрзам и послем тоа пак ми звонеше и јас не ни чекав да каже нешто туку само што кренав реков што е ма напор а тоа да ми звонела нејзината мајка да ме праша дали може да земам нешто од продавница хахаха
Вклучувам машина вчера и ставам прашок во делот за прашок, а омекнувач во делот за вриење. Се врткам наоколу и гледам преградата кај што ставив омекнувач празна, истекол тој во алиштата. Гледам и се чудам, ставам пак во истата преграда и гледам со свои очи како истекува. Погледнувам пак збунето и додавам уште едно капаче. Нормално, и ова истекува. Цела изнервирана, со мислам дека ми се расипала машината, ја затворам и вклучувам. После дури сфатив што правев цело време. Алиштата 2 години ќе ми мирисаат сега
На мм за на работа сум заборавила да му го ставам приборот за лична хигиена а што е уште потрагично , упорно му велам ти го ставив , види под блузите
Се враќаме од маркет со цимерката и таа некако да успее да ми го скрие новчаникот во фрижидер, и јас упорно го барам и сфаќам дека сум си го заборавила во маркет, набрзина се враќам во тинекс и се расправам со касиерката, а цимерката упорно ми се смее. Откако излегов од маркетот цимерката ми ја кажа вистината
Пак на состанок... Се повлеков во канцеларија. Нешто зборев со колешката и објаснувам со раце распафтана цела, поминува едниот пољак и ми мафта окезен. Си викам шо му е на човеков? Тој мислел него му мафтам. Мора брука да ме пукне на битни средби.
Вчера бев кај другарка женско и уште една соученичка беше кафе ова она женски муабети и еднава збореше нешто за другарите на дечко и а мене телефонот ми беше на инста отворен свртен наопаку и да видам нешто јас во лајв се се слушало гледал народ уште па еден бифш пишал ,,барем пушти камера"стварно сум талент.Во школо дупнав топка неделава, денес 2 пати ме фатија дека сум на телефон од кој еднаш ме запишаа и тоа класната.И како врв на се само што ја изгасив сега цигарата ми влезе мама уште ја убедувам дека не сум пушела а нејзе сирота и е страв да не се запалиме
последно се изглупирав што се залетав и го купив ова глупаво кафе Како што сум кафехолик сите до едно сакам да ги испробам и прв пат да се згрозам од кафе.Божем бело и од улкер реков да го пробам сигурно е прекрасно. А кога го отворив убаво мирисаше пустото на ванила нестрплива да го шмркнам,па кога го пробав луѓе така наеднаш и кога се згрозив,па кога ја напраив таа чудна фаца и се полигавив осетив вкус на лек(од тој за заби на заболекар што го користат) па кога таа "ванила" почна да мириса како во болница на лекови Што очекував а што добив и си го истурив лепо фино во мијалникот
којзнае што е мислев вкусно е ама многу гаден вкус има барем вистински на ванила да беше тоа на лекови само што го пробав го истурив ,бљак!
@LadyInTheDark има цела тема за салеп на форумов. Можеш да пробаш да го приготвиш на поинаков начин или да ставиш коцка чокладо, за да биде чоко-салеп. Пробај приготви го со млеко и постојано мешање, да не загори на дното. Кога ќе почне да се згуснува, веќе е готово. Тогаш само си одредуваш дали сакаш поретко или густо. Се додава цимет, мелени јаткасти (бадем, лешник и сл). Патем, доста здрав е.