Бев на роденден кај тетин ми во Венето славеше и јас да му честитам го гушкам и цел кармин на неговата бела кошула остана. Брука пред цел ресторан
Поради долгиот фустан , ќе паднев на сопствената венчавка . Два дена порано , метејќи го дворот на црквата ( луѓето што ја одржуваат се возрасни , околу 75 г . плус , венчавката беше во село кај нашата викендица ) се лизнав и направив огромна гребаница на коленото . Секако , врнеше а јас со патики како скии на мене бев , плус местото е удолнина и .. бум . Имаше луѓе во црквата
Наравоучение: Во моментот кога станува бивши му бришеш број.. Spoiler профил, лична карта и географска положба.
Хаха во право си така треба ама дека на друг телефон ми беше запишан кој слабо го користам и си останал бројот па и пораките и незнам што ме удри во глава (ваљда винцето од вечерва ) и реков дај да видам да ги избришам пораките и ете ти беља Spoiler сега сигурно си мисли умирам за него
Слична ситуација како на членката чии пост е најгоре на 106 страница. И со мачиња и со кучиња си зборев. Арно тие што пројдоа беа непознати.Инаку...
На работа. По сабајле кај 5 и 40 саат во очите како зомби, косата цела антени и влегувам таква замижана и право на кафематот и до мене еден колега имал вклучено веќе на истиот и јас си ставам пари и си притискам на макијато а тој си стои и ме гледа и јас одеднаш забележувам дека кафематот веќе работи и му велам "оо вие сте имале пуштено што направив јас извинете" и тој си го зема кафето откако му се направи и ми рече само "ајде ајде пуштај" и замина се усрамив
вежбаејќи со ова не вежбав правилно изведував нешто по мое и паднав со брадата на ламинат и ќе си ја скршев . за малку.