Пред некој ден отидов кај другарка ми и ми покажуваше еден стаклен украс во форма на Ајфеловата кула светеше во неколку бои, а го добила како поклон од Париз. Зема баксузот (јас) да го види поубаво, лизгање од рака и на земја сол и го направив. Умрев од срам.
Последната глупост ја направив пред 15 минути. Мислев дека зедов 120 денари,а сум зела само 20.Тргнавме со братучед ми на продавница,земавме што земавме од маркетот и кога гледам на каса немам доволно пари. Го пратив братучед ми да земе и си стоев 10 минути сама на аголот ко некоја глупача со искуцани артикли и без пари. Немаше многу гужва,ама имаше еден дечко од соништата,згоден и преубав што ја виде целата ситуација и се насмеа убаво... За срамота сум.
Мајка ми го наместила алармот на телефонот за да го разбуди тато сабајле и го донесе телефонот во мојата соба за да кога ќе се уклуче алармот да не го разбуди брат ми.И сабајле кога ѕвонеше алармот,јас го исклучив и наместо да станам да го разбудам тато за работа,продолжив да спијам.А тој,кутриот станал пола час подоцна.Нормално дека задоцни на работа,ама среќа блиску работе, па за 5 минути е таму.
Баш сега, изедов 2 праски и од сокот од праските си ги изфлекав белите панталони па за да биде уште поиронично зедов влажна марамица и убаво ја извадив флеката и си направив голеем мокар круг на панталоните. А за местото Ајде се тешам, топло е бргу ќе се исуши
Не е некоја големс глупост, но ајде. Ги измив садовите со Ајакс - за под. Објаснување во спојлерот. Spoiler Обично мајка ми сјајот за миење садови го претура во мали шишенца од вода (Горска, Ладна .. ). Ми текна дека треба да ги измијам садовите, но видов дека немам сјај. Ми дотекна да проверам дали има во нејзината "продавница" сјај. Видов шише од Горска вода - газирана (онакво темно зелено) и ми мирисаше убаво и си викам мора да е сјај. Ставив на сунѓерот и обично го ставам сунѓерот под вода за да ми се распени и сега нема пена. Си велам до сјајот ќе да е. Потоа се враќа мајка ми и јас одма да и се пофалам дека сум ги измила садовите со нешто што многу убаво мириса и да и кажам отсега да купува таков сјај, она ми вели: Анни, па тоа беше Ајакс. (Она средството за под). *(СмајлиШтоСеТрескаПоГлава)*
Уф последната а воедно и најголемата глупост ја направив сабајлево Се прибрав сабајле во 4 саат од мекици, си влегов во лифтот, стиснав на мојот спрат, застана лифтот, излегов, си викам ај не палам светло ми се гледа од лифтот и пробувам да отклучам неможам да отклучам.Сеуште како некоја будала не палам светло на спрат, туку упорно запнувам со клучот да отклучам, а клучот не фаќа и слушам по некое време од внатре ќе викнам полиција подобро е да бегаш пред да дојдаат оф леле тогаш сфатив дека сум излегла еден спрат подоле и цело време сум се запнувала да ја отклучам на комшиите вратата Се мислев дали да си отидам без да се јавам,немаше светло немаше ни да ме препознае,ама ај да не се вадаат од памет да мислаат дека некој сака да им влезе и се јавувам на комшиката и кажувам дека сум го згрешила спратот.Комшиката да се увери дека сум јас ја отвара вратата, мене една смеа кога ме фати, дека таа е ситна жена а мажот и 2 метра ја пуштил нејзе да се расправа со потенцијални лопови кај ја извадив жената од памет уште и се смејам Да биде глупоста поголема за мене мојата врата е црна а на комшиите е бела Ако чита комшиката фемина се извинувам и ајде на кафе за да се извинам како што треба
Тазе, сабајлечко. Станувам јас и викам што да правам за јадење, и ми текна да си направам брза пица (на лепче салама, кашкавал, кечап и во рерна 15 мин) и спремив се, и таман да ставам во тавче, неможам да најдам.И ми текна дека мајка ми печеше компири завчера и останаа, и во фрижидер се сосе тавче.Ги вадам компирите, сега тавчето да го мијам.Фатив, тоа се зашули компирите, рибај, рибај, нејќе никако.И фатив со нокти греби, греби и кога ми се збрца еден дел од компир во нокт, мислам Господ го видов што ме заболе.Ајде да го вадам нејќе бре, па земав со чупалица, нејќе, исеков ноктот, со игла одвај го извадив. И леле море, уште ме боли прстот. Јас веќе да мијам тавче од компири, не
Ставив омекшивач во бокалот на другарка ми. Прскавме што прскавме да се освежи воздухот, ѕидовите лом сме ги направиле.
Сигурно му се има случено ова и на некој друг (се надевам),татко ми ме натера да и заѕвонам на соседката Мирјана да сум ја прасала несто и ја од тука умислена се јавувам: Добарден на ТЕЛЕФОН Е МИРЈАНА,Мирјана ке ми треба,а оваа па од таму а која Мирјана ја бара? ја додека се свестам да казам дека сум батерфлај а па овој татко ми ме гледа и се смее кај си мирјанке ми вика
Истурив кисела вода брз мобилниот. И во тоа внатре кај што се полни. Ама ништо не му е, он е како мене, тајсон.
Кога го направив тоа што го направив, во памет првото што си го реков беше - Ова мора да се овековечи во темава! Значи, моето преосвештенство, надалеку познато и прочуено по незгодите кои и се случуваат на трнливиот пат на животот, најавува најнова, свежа глупост. Ги знаете оние денови, кога не си спиен, кога си измалтретиран психички и физички, надвор пекол... А домичка ладно и свежо, климата пуштена, главата на чиста перница и само што ќе ја ставиш заспиваш. Е, зборуваме за таков ден. Додека блажено тонев кон сон во кој јадам неограничено храна и не се дебелам, раката нај, најслучајно ми стасала кај главата. Па многу нормално бе, како бебче сум си се свиткала. Арно ама, ми текна дека прстите ми сметаат на лицето и таман решив да ги тргнам... КРРРРЦ! Си направив БРАЗДА во брадата од глупиот нокт. Се сецнав и си продолжив, пуста мрза. Да да, од ноктот, свиткан под којзнае кој агол, имам 1цм рана на брадата. И длабока е мајка му стара, ноќеска ми крварела на лицето, бев премногу уморна да станам да видам што е. И така, за малку, ќе искраварев до смрт од 1цм длабока бразда. А уште не ми е јасно како, еве сега пробувам и го влечам ноктов по кожата, ништо не се случува. Да спомнам уште и дека не ми се којзнае колку долги, можеби 3 милиметри погоре од кожичката.
Пред некоја вечер, седевме на (една) пијачка јас, дечкоми, другар му и женската! Ние сме секогаш заедно и секогаш помеѓу нас постојат различни теми па не се страми никој да каже нешто што му се случило некогаш! Па почнавме некој поинтимни муабети и кога јас почнав КЛИРИТИС (наместо Клиторис)...Клиритис па клиритис... Spoiler една чаша коњак доволно беше, за да заборавам како се вика делот на моето тело!! Сите ме убедуваат дека тоа е клиторис - кожичка, дел од телото на секое женско, а не некоја болест тако звана Клиритис!! Не и не и не, не попуштив и ете ги уште ме зафркаваат како да се најдело лек за болеста од која се заболени сите женски!!
така спремен татко ми сабаљево ке оди на пат.. седи надвор и јас ајде тато ке ти сварам кафенце... го сварив јас излегов надвор да облечам папучи кога се сопнав кафето се најде кај татко ми во скут хахахахаххаха сирот тој мораше да се соблекува и да се тушира ххаха
Во стилот на Дузи и самоповредувањето во сон, јас пред некој ден толку силно штракнав со вилицата во спиење што направив мал одрон на долниот кец Смотана.