Направив торта. Ја испосликав, се испофалив на сите. Тргнав да ја вратам во фрижидер, ми падна. Наопаку. Не кажав на никој. Ја собрав и фрлив.
Шетав низ трговски и влегов во ХМ да разгледам. Со левата рака си ги држев чантата и палтото, и си бендисав една блуза си реков ке си ја купам па и неа си ја ставив на левата рака ( со десната нели да можам да си разгледувам ). Си направив уште еден круг низ продавницата и си реков ништо одам сега во Зара. И така скроз опуштено си излегов од ХМ, си шетам, влегов и во уште една продавница, и стигнав во Зара, пред врата случајно гледам во рака блузата од ХМ си ја држам уште. Мислам пола трговски го истрчав дури се вратив во ХМ, и на една од вработените и кажувам што направив, и се извинив 100 пати, и само ми рече ок и ме погледна чудно. Којзнае што си има помислено. Умрев од срам.
Сеа скоро се прозевав на сред час и професорот ме виде и ми рече онака на полу заебанција што правиш ти? И јас уплашена од тоа што ме виде само набрзински и нејасно одговорив се зевам. Потоа одеднаш цел клас почна да се смее за покасно да разберам дека место се зевам тие слушнале се земам
Трчав по 50ка, мислејќи дека ќе тргне и нема да ја фатам, а таа била оставена така без шофер дур се наполни со патници јер на прва почетна беше и шоферот влезе и тргнавме дури после 5минути. Јас па се чудам што ме гледаат луѓето ко ненормална...
Си го изгорев прстот на рачка од чаша за чај ( правев чај во микробранова , и заборавив дека беше на три минути , на 850 ° ) . Сеуште ме боли .
Дојден е во маркет еден полицаец, и јас не видов дека е баш зад мене и му викам на еден од вработените: ај да се кладеме за полицаецов, јас викам дека ќе фати нешто. И тој вика аааааа неее, и полицаецот позади мене вика: ти девојко попаметна работа немаш?! Кога веќе сум busted уште му викам па ако се согласи, ќе имам добивка, верувам во вас Глупава главо моја без очи п.с. Уште чекам да фати некој
Може да испадне и најубавата љубовна приказна од ова... Ама ризикот е голем.. пошто шансите се мали...
Не знам дали и што си мислев дали мислев дека сум некој си терминатор или не знам што, пробав да кренам 120 кила во теретана на бенч и од преголемо напнување си заебав нерв на носот.