Случка од факултет,вечерта пред полагање учиме со цимерката и направив чај, ја ставам чашата на раб на маса и кревам да се напијам кога ми се истури врз нозете еден врел чај што беше ме попари ме изгоре .Имав белег долго време после тоа .
Стоев на пролаз кај што поминуваат келнери во кафич, не приметив дека доаѓа еден од нив и си отидов наназад (за малку ќе одлетаа пијачките). Се свртев да му се извинам, со лактот пијачки од масата турнав. А кога работев келнерка денот ми се расипуваше коа ќе турнеше некој пијачки...ах Кенди, Кенди.
Друштво у кола, брзаме да стасаме до еден настан и јас упорно си викам Бози Врзо, Бози Врзо Сите мислеле дека се зафркавам првиот пат, ама јас упорно го повторив неколку пати и не се осетив што зборувам
Ставив затворено тетрапак пакување од млеко во каминот . Пукна под притисок секако , а јас срипав како војна да почнува . Кога паметот не ти е тука ...
Пуштив некоја песна првпат да ја слушнам, ама на тивко за да не го разбудам дм. Седам сконцентрирана, се напрегам да слушнам и слушам малку чудна мелодија... Океј си викам, свашта прават денес. За некоја секунда сфаќам дека звукот ми е подесен на нула, а "мелодијата" иде од мојот мев!
Си направив кафе со (ни помалку ни повеќе) 4 лажици кафе Сакам јако кафе ама ова беше too much и за мене.