На другарка ми ѝ прснав погрешка у очи од средството за дезинфекција на раце Паднавме од смеење многу рандом беше
Плаќав преку картичка ни ја не знам шо за еден колега. Картичката е на татко ми, и дури кога платив ми текна дека му стасува на телефон кога ќе се употреби картичката електронски. Не поминаа 2 минути, ми се јави и одма попување за тоа како ќе му ја хакнат картичката, ќе му ги извлечат сите пари, бла бла.
Ја барам песничкава и постојано во срч внесувам праскичка и ми излага сВе освен бараново, па ми текна дека треба да внесам Breskvica А и уште една глупост попресна, ја барам песничкава и во срч внесувам pape и ми текнува да исклучам кириличнота па одма иде rare
Бев денес во продавница и кога плаќав на каса дечкото ми вели " happy mother's day if you're a mother ", и јас ко од пушка " to you too! " И дури излегував низ врата ми текна што кажав и сама почнав да се смеам.
Кажав добро утро на пладне Добро, може да не е којзнае каква глупост, но мораше да ми се случи пред најнесоодветната личност
На чичкото на мм му реков дедо да беше од навика , ќе речеш ај се случува , ама јас дедо последно имам кажано пред две години ( на дедото на мм ) и пред девет на дедо ми . До сега требаше да ми се изгуби навиката ..
Професионалец во глупости шта чеш сега кога зборам на тел ми крчи ништо не слушам. После тоа викам ајде во гезве ќе ставам вода за чај и гледам некако преполно стана гезвето викам ајде ќе ја истурам водата и ќе земам поголемо гезве и место во судопер јас земав да истурам во шолјите и секако тепихот потоп го направив од што имам многу мозок Иначе фала @Nigredo Odor ми значи ова
Бев во продавница, требаше да земам повеќе работи и на крај одам да земам шампон од оние по едно кило шампони што се од коприва, и кога го зедов од многу работи ми се лизна од раце и му се скрши капачето и почна да тече насекаде. Сега доаѓа најглупиот дел, го оставив така шишето на земја и си зедов ново па после мајка ми отиде да си го плати и тој шампон што го скршив. Пусти срам..
Утрово како секогаш чај си сварив и мед ставам секогаш. Откако ставив мед тргнав кон фрижидерот да го вратам медот и во последен момент се сетив дека не му е таму местото