Од нигде никаде се издрав на цел глас во кафич. Не знам ни јас како и зошто. Другиот ден паднав пред истиот кафич. Знаеме каде нема да ме видат еден месец, јеј
Во ресторан, го дадов мобилниот на полнење, си одиме па да го земам. Келнеров ми вика ако го заборавиш, ќе се вратите, ја му викам тешко, ќе треба да ми го праќате. Ми го дава мобилниот и вика ќе ве видиме ли повторно, јас ни а ни б, му викам уште потешко, овој вика толку не ви се свиѓаше Јас мислев дека е друг град, никогаш не ми е успат, али кога го кажав слушнав како звучи. Бруки.
Сипав чаша вода во ѓезвето и две лажички турско кафе, го промешав и го ставив во шолјата. Седнав да го пијам, па ми светна дека заборавив да го сварам.
Го заборавив дома упатот за контрола на малата . Од половина пат се враќавме назад со татко ми по упатот , и секако закаснивме на контрола .
Пиев пиво, и го сликав да и го пратам на групава што сме другарки, а јас по грешка ја испратив на групава што сме од цел клас заедно со класната. И уште ајдете реков. И класнава прва ја виде поракава. Од една страна смешно, од друга ми се пропаѓаше во земја.
Паднав по скалите на железничка. Битно куферот си го држев в рака и си паѓавме заедно. Ако ме видовте, да јас бев.