Варев чај. Секогаш прво мерам вода ви филџан па претурам во ѓезве. Во меѓу време ѓезвето у рака. Овој пат филџанот го наполнив со вода го оставив на страна, ѓезвето го оставив празно на рингла.
Ставив млеко во тенџере да се вари, седнав си на тел после едно 15 мин гледам ми мириса на изгорено, кога ми текна дека ставив млеко на шпорето После чистев
Легенда си . Мене истово со кафе ми се случи . Секогаш ставам вода да се загрее , па потоа кафе ставам на веќе загреана вода . Што ми текна еднаш , ставив кафе и шеќер и си го ставив ѓезвето на рингла ( вода не ставив ) и уклучив . Среќа на време ми текна и веднаш реагирав .
Ќе биди долг пост. Имам деноЈ кога крај нема на глупостите, ама стварно. И му кажвам на дм: денес напрајв толку бељи (бељаџија ми е никнејм за по дома). Неговиот одговор: малку денес. 1. Цел ден пред сите си пеев песна, песната безобразна ама на кој да му текни. Spoiler: Песната 2. После седнав да цртам за цртачкиот предизвик. Не ми работеше маркерчето и ќе го тресев да проработи. Луѓе експлодира маркерот, лом се', дома се чудат како успевам. п.с. дамки има и на цртежите, само маркерот уште не работи. 3. После бев во Веро, купив метла и ја манав касиерката со рачката. Ми даде еден килер поглед. Ако читаш: Извини. По пат врвам покрај МРТ (иф ју ноу ват ај мин), задумана си мислам којзнај колку сум секси сега со метла фосфорна и тоалет в раце, поминав пешачки на црвено. Заклучокот ми беше дека ако ме мани кола со метлата ќе изгледам вака: Spoiler: Не е смешно Преживеав, стигнав дома, ќе варам кафе, го сечев со ножицата и си го секов прстот, не малку. Ми рекоја да седнам да одморам, доста е работа за денес. Инаку ова ми е секојдневие, ама не ви кажвам се' оти срамота е. Базирано на вистинска приказна.
Свекрва ми не викна на славенички ручек ( нашле инвеститор за куќата , па сакаше да не почасти скромен ручек , за да тргне со зар работата ) . Ручавме , и ајде вика свекрва ми да ставам кафе , а јас од што сум рассеана , наместо 4 , направив 5 кафиња ( сум го изброила и син ми кој има 6 години ) . На крај го испив јас , и онака сабајлето немав време да пијам кафе .
Абе а очи отворам, а некоја глупост правам. Денес се изрезилив за сите пари, пак. Бившиот и неговата девојка славеле годишнина од врска. Он си ја сликал неа и ја објави на стори со подарокот што и го купил, пред нив црвено вино, торта, рози, си слават луѓето љубов. И пишал на сликата: My beautiful princess! ❤️ Јас го отворив сторито, го видов и зедов несакајќи му изреагирав со емоџито што се паѓа од смеење..... Ми врати: Безобразна една, мрш од мојот профил Арно што е корона, се надевам и дека локдаун ќе има и нема да го сретнам дур не заборави.
Пратив скриншот од чет у истиот чет од кој ми беше скриншотот. Не дека беше нешто лошо само така малку бламажа ме фати али добро се извадив.
Цела вечер имам кошмари дека можеби некој од двајцата има профил и на Фемина и дека можеби уште толку се укопав. Ама, сега касно е .