Имам читано како да се извадиш од таква ситуација Кога ќе го пуштиш скриншотот во грешниот чат, прашај: Што сакаше да кажиш со ова? Демек не ти е јасно. Јас еднаш вака се "карав" со другар, а со другарка го оговаравме на друг чат. Наместо неа да и пишам Филип е глуп, му пишав него.
Шансите да имаат профил тука и баш да ја отворат темава се минимални. А и да прочитаат де, ништо страшно. Е затоа не се чуваат бивши на социјални мрежи.
Ми го направи денот со мислењево Затоа што е смешно, инаку се надевам брзо ќе заборави Он-топик: Пред некој ден не забележав дека цел ден ја носам кошулата погрешно закопчана, никој не ме предупреди. Не знам дали не' забележале или си ќутеле
Правев јадење, требаше да дојдат моите на гости. Седнаа да јадат, јадеа ама она со мрштење. Родители ко родители, а јас тазе куварка. Ги прашувам добро е како е? Викаат да, па не е лошо, само малце киселко е (а,не треба). Пробувам и јас, стварно накиселува. После буричнав во ѓубрето и видов дека наместо павлака јас кисело млеко сум ставила. Од вчера сум активна во темите за очајни домаќинки
Ако тоа што од синоќа не можам да му го најдам профилот во "search" на инстаграм значи блок, тогаш ме блокираа и он и сестра му и мајка му .
Ми доаѓа на работа прееска еден симпатичен дечко, денес конечно завршивме се што требаше. Доаѓаше изминатата недела цела, денес последен ден. И ајде да го почестам кафе, нели за успешно сработена работа. И не сакам ми вика, само една вода. Ставам за него вода, си ставив и за мене и госпоџицава се одлучи као да флертува, па да глуми дама ис Париза. И нормално кога се пробувам некому впечаток да оставам, ќе се изглупирам за сите пари. Кога пиев голтнав некако неубаво, абе ќе се удавев со тоа водата. Се утепав од кашлање, плус онака кога лошо ќе голтнеш и после некое време те болат гркланот и дишникот, се пробувам нешто да кажам, ваму не можам ме боли. Абе со вода ќе се удавев, ти ебам тоа глупачата. Добро си ми вика? Добро како не. Јас и флерт, магаре и козметика. Ај бар нема веќе да го видам
Неделава имав доста ѕвездени моменти. Бев да си купам мобилен, си одбрав на нет каков модел и појдов до продавница да го земам, таму го отворија пред мене нов се, ама не го уклучија пред мене, си викам нов го отвараат нема шанси да не работи, фирма е ова не е туку така. Одам дома го стартувам не се уклучува, го ставам на полнач не дава никакви знаци на живот. Од дома правец право до продавницата, да се жалам зошто не работи, а во памет си велам каков малер брее, и нов скрос да не работи, ама зошто и не го уклучија кога го земав и така додека стигнам си правев сценарија во мојата глава. Стигнувам и му велам на вработениот, мобилниот не работи, му објаснувам, и тој го зима го става на полнач, мобилниов се уклучи и така млаце се избрукав .
Компанијава има два објекта и работев во еден од нив пред некое време. Се качив во кујна да земам кафе попат како одиш накај кујната има споени канцеларии со прозори, да се гледа сѐ. Ѝ гледам позади мене некој иде,се вртам гледам еден висок 2 и кусур метра дечко. Почна да ми прави муабет и тоа идеше вака: Тој: Еј здраво не сум те видел тука,нова си?! Јас: Не сум нова,работам во другиот објект. Тој: Аха, многу си висока, од каде си? Јас: Македонија, ти? Тој: Германија Јас: А како се викаш, чекај да прочитам на картичката ( читај не знам германски да читам имиња ) во меѓувреме Тој: Јас не знам дали ќе ми го сфатиш името... Не дозволив да се доискаже човекот бре,се усрами сироткиот. Јас: Јас ова брате (чак брате,ма најс) не знам да го читам, Руган така? ( Кај ми текна Руган жити бога ) Не ни пишуваше Руган, друго пишуваше, неписмена испаднав е*ате. Сега гледа да помине само на контрола и бега. Талент сум за овие работи.
Денес сум доста расеана Сабајлево од брзање свртев на два погрешни броја. А кога конечно во именикот го најдов потребниот број, наместо да притиснам на зелената слушалка, го избришав контактот.
Ова беше пред некое време. Земав да варам турско кафе, но ѓезвето не беше баш соодветно за на таа тока на шпорето (со плин). Ми се истури еднаш среде варење, океј средив сѐ. И бидејќи ме мрзеше да одам горе по другото ѓезве зедов уште еднаш во истото, ама "повнимателно". Пак го истурив, овој пат и на мене на алишта. Најтрагично беше што имаше уште малку кафе и го потрошив цело па си останав без кафе.
Сношти кога станав запалив свеќа за здравје по повод Свети Никола и се брзав да излезам и заборавив да ја изгасам. И бидејќи живеам на брдо,кога се симнав доле ми текна, абе со трчање сум се качила по угорницата,срцево 300 на саат. Влагам дома,свеќата сама се изгасила. Ај битно набив кондиција
Ова од денеска свежо. Седнавме со дм в кафич, нарачавме кафе. Сакајќи да ја преместам бундата од столот го запнав нескафето и пола го истурив на мене и на подот (седевме на оние високи маси). И дм зеде салфетки да се забришам јас и на маса кај шо се истури. Среќа па повеќе на земја се истури отколку на мене, и темница беше па доседав некако без да треба одам дома да се преслечам. И секако сите гледаа за понепријатно да е.
На колега од факс му пишав моја секшуал фантазија по грешка. Оти нешто ми се укочи мсг и четхедовите погрешно ми ги даде. Одма избришав и таман ми олесна, ете го ми пишува - хахххаха прочитав.
Зборев на телефон со еден дечко и он уз муабет ми кажуваше дека живее во Охрид во таа и таа населба и си праевме муабет се редум општ. По 2-3 недели ми се удвара еден друг тип и она баш самоуверен, имаме здраво, но не сме правеле некогаш муабет или да пиеме кафе, а кога ми пиша викам овој е кец на десетка. Ми се допаѓаше. Се пишувавме подолго време на инста и му кажав како од Охрид не познавам никој освен две три колешки.. И ми се јави по пат додека си одеше накај дома и ми вика за 5 мин стигнувам договорени сме за кафе и јас му велам, а стварно ти кај живееш? И он вика на таа и таа улица (ми ја кажа адресата). Чекај викам ти еднаш не ми спомна за друга улица ? Не живееше во друга населба ? Упорно го убедувам како живее на друго место И батево вика океј е Вета.. пиј си кафе со дечкото од таа населба во Охрид шо си ме смешала, со мене друг пат. И така....не пиев кафе со ниеден од тие во Охрид
Кога беше полициски час, дремев дома, немав попаметна работа и викам ај да се глупирам. Ми текна да му ѕвонам на еден бивш, со скриен лол. Ѕвонам јас, у позадина некоја арапска музика и така нешто на таа тема... ми крена и само рече "загреота" и спушти. Сфатив дека не сум внела #31# и сум свртела со мојот број. Следниот ден гледам ме избришал од инста. Често ми се дешава пред спиење да мислам на ова, ама ај си викам може не беше толку дебилно.