Па ако има попроста глупост од денешнава. Абе луѓе во кафето сол си фрлив, устата ми се укочи. Не е ни прв пат, што е најлошото
Сестра ми, кога бевме мали сакаше да ги изненади татко ми и мајка ми со кафе кога си доаѓаа од работа. Дојдоа они, кафето топло, штотуку поставено на маса. Они такви пресреќни што ќерка им направил кафе, ја испофалија колку е златна, грижлива... Седнаа да го пијат, првата голка и се укочија целите. Пробаа уште еднаш да се уверат, да, место шеќер, сол имаше ставено. Одма го фрлија и изгубија желба за кафе тој ден. Од тогаш стално ја зезаме кога прави кафе, пак наместо шеќер сол да не стави.
Влегувајќи во веро, од шо беше чист прозорецот мислев дека веќе треба да излезам, си ја удрив главата
Ќе варам какао сношти. Ижси ставив вода во шоља за да мерам (никогаш не мерам) и фино лепо шољата на плинско си го запалив. Среќа првата секунда ми текна што работам ,ко ќе пукнеше ќе беше јако
Истото ми се случи утрово. Бев на Лук Оил да си земам кафе и си зедов и ќе излегувам сега од кај лизгачките врати. Се удрив со сета сила, мислиш цела бензиска се тресеше и го истурив кафето по стаклото да тече. Сакав да излезам како ништо да не се случило и почнав да тргам по вратата за да се отвори, за да дојде дечкото што работи таму и да ми каже дека не можам да ја отворам зошто веќе е отворена и ме однесе малку по десно за да можам да излезам. Избегав од тука, појдов на работа и пред бирото на шефот се лизнав зошто ми беа водени чизмите и се спружив колку што сум долга. Ми рече човекот здраво Харпер, што правиш? Па ништо еве, се фрлам клизачи.
Пред некоја недела беше ова. Ми текна вечерта накај 11 ипол да си купам грепка. Обично кога купувам, знаеле да пуштат некоја шала продавачите. Па така по навика.. Јас: Здраво, ако може една грепка да купам. Тој: Ааа не, не може . Јас: Хахахаха, една златна рипка сакам. Тој: Утре дојди ајде, вечерва не може веќе. Јас: Ама ве молам една грепка! Тој: ....девојче пребројана е касата, утре. И така, ќе си најдам ново место за грепки.
Абеее кај еден симпатија имам на работава, му праќам мејл за прво да сфатам дека сум го испратила мејлот со напишано име на друга компанија па изгледам ко дебилине што штанцаат мејлови, па пратив нов само со името поправено, за да сфатам дека погрешно време за состанокот сум пишала, па морав трет мејл да пратам во распон од две минути. Профешнл мач? Убичу се.
Секо стално е вака, на тие најмногу што сакаме да им се покажеме, таму најчесто ја укакуваме Не пратив мејл јас, ама така се имам задткано и погрешно изговорено најнормални зборови, брука белосветска. Човекот Боки се викаше јас БоЌи го нареков, ама едно такво меко ќ, уште не ми е јасно како можеше толку нежна согласка да испушти вакво гојдо ко јас што сум. И наместо несакајќи, несакакајќи реков и после се откажав од конверзацијата. Колку се имам пцовано сама себеси, уште 3 животи да пцујам на фемина нема да се изедначи.
Пред 5 минути. Доаѓаат странки на работа и се погоди еден згоден дечко, а сум го гледала и во населба кај мене, бонбона. И Вета ко Вета морам да ја оплескам, за да бидам најголемата брука што ја запознал. Дојде со кола, ја паркира тука кај нас, додека средувавме тоа документите правевме муабет за факс и работа и ме прашува до кога си тука !? Му викам ааа јас тука работам. Не тоа вика, до кога си тука за колава да ја оставам саат време да не ми ја крене пајак ако си уште на работа да ја гледаш И ондах то...
Требаше да одам да ставам фиксна протеза ама моите тој ден не беа слободни за да ме однесат со кола па морав сама да одам. Откако завршив, викнав такси. Ама таксистот шо дојде го познавав, го имав на фб и на инста. Ама убав беше, ми се допаѓаше. И веќе пред да стигнеме ме праша каде да ме остави ама дека носев маска не го слушнав баш и му реков „Што викаш?“ Ама му се издрав едно убаво. После кога ме фати еден срам, платив набрзина и излегов.
На новиот тепих истурив нешто што не се чисти и направив флека. Абе 5 месеци нов тепих да не може да сочувам....
Влегов во туѓа кола ! Излегувам од маркет и забрзана гледам сива кола, си отварам врата, седнувам и гледам на возачко седиште не е мојот муж. Погледнувам напред мм паркиран со колата наша пред оваа во која влегов си седи и маки си нема. Му се извинив на дечково и бргу излегов,а тој пустиот од што беше збунет ништо не прозборе, само трепкаше со очињата.
20 минути си го барав телефонот во кола држејќи го в рака, ај тоа туку и блиц уклучив за да гледам, да можам полесно да го најдам. Уште си се вреѓав, глупава, ќора, уште ова ми фалеше, и почнав да се расправам со тие со мене што беа како ми го сокриле телефонот. Нив изгледа интересно им беше, па после 20 мин нервоза ми кажаа дека го држам в раце, и уште дека блицот ми е уклучен за да си го најдам телефонот.
Ова беше пред некое време. Бев на онлајн часови и ми останал микрофонот пуштен, а брат ми нешто правеше во кујната па му се издрав да излезе пошто ми прави галама. Се скаменив цела кога класната ми кажа да го исклучам микрофонот. А другарките не престанаа да се смеат кога се видовме.