Авионот доцнеше и јас го прашувам дм зашто касни авионот и дм ми вика “Го фати пилотот серка”. И јас мислев дека стварно го фатило, тоа овој мојов да ме заебавал цело време,а најтрагично е што и дома им кажав така. Абе Не го научив дм и не.
Прво да кажам дека на сестра ми и' се обраќам во машки род. Е сега, ќе излегуваа заедно со татко ми, тој излезе прв, таа по него. Се враќа некој одма и јас велам: шо заборај, глуп еден. Мислејќи дека е сестра ми, ама татко ми бил.
Подмочнав од смеа. Сакајќи да ги ставам алиштата во машина за перење, го отворив фрижидерот за замрзнување храна да ги ставам таму. Забегав.
Јас на брат ми по дома му се обраќам на шала со „ма“ Еднаш по грешка и меѓу луѓе и мислам после тоа ќе ме убиеше
Греота. Јас со Пеце. И пред луѓе, пуста навика. Кога почнав да излегувам со дм, насекое ми ѕвонеше сестра ми, потпишана Пеце, па ме праша еднаш кој бил Пеце.
гооооолема глупост уплатив мислејќи дека треба а оно да ми ти било тие пари да важеле уште, гуска глупаа ах мачорр, до кај вака ќе одиш
Бев до скриптара да си зеам 2 скрипти за предмети од зимски семестар. Си дојдов дома и кога видов во фиоките, веќе сум ги имала тие 2 скрипти. Отидоа 260 денари...
Излегов од продавница и со најлоните ја шутнав една празна гајба, па ја враќав наместо па иако беше празна гледав да не скршив нешто, па пак гледав одвај ја напуштив.
Несакајќи ја бутнав чашата со лимонада додека седевме со другарките во кафич, а околу мене еден куп луѓе гледаа. Среќа што чашата за малку не падна оти ќе се скршеше.
Паднав по скали дома среќа бев сама без бебето во раце . Сега изгледам како да сум излегла од бокс меч . Среќа имам време да оздравам до одмор .