Се враќав изморена од работа, сум се успала во автобус, наместо на постојката каде што слегувам слегов на наредната постојка
Хаххаха ме пресмеа. Истото и мене ми се има случено. Се враќам 3та смена од на работа успана и на постојка слична кола паркирана како нашата, за среќа немаше никој внатре си излегов си затворив врата.
Ја раскренував масата, дека јадев ама цело време мислев на едно нешто шо ми го кажа другарка ми, никако не ми излегуваше од глава и на крајот го собирам чаршафот и место да отидам да ги исфрлам трошките преку прозорец, јас си излегов со чаршафот во раце, спаднав по скалите и застанав пред вратата на тоалетот, кога сфатив што всушност требаше да направам...
Ја имитирав една девојка која танцуваше и се вртеше на една серија на ТВ. Подолго време се вртев во круг, баш ми се заврти во глава и изгубив рамнотежа така што се залетав во ќошот кај вратата, се удрив директно кај едното уво, почна да ми течит крв и обетката ми падна.
Земав влажна марамица и ја однесов во мојата соба.Случајно сум ја ставила на кревет и сум седнала врз неа.Забележав ми ја нема марамицата, станав од креветот и гледам марамицата под гз.На местото каде што седев беше водено како да сум се измочала.Дури и на чаршафот се познаваше.
Новопечена мајка, сама испаднав да пазарам и гледајќи по рафтовите се приметив како ја "лулам" количката. До толку внесена во бебе
Глупост ли е што ли е кога ми текне ми иде глава под кревет да уфукам од срам.. Не дека направив којзнае што ама непријатно ми стана ептен На гинеколог, кај млад доктор, легнувам, се соблакам, ама дека стално овој месец и ми скисна само соблечи се, облечи се... До пола смкнав гаки и фармерки е арно ама убаво не сум ги спуштила до колена, за докторот да мушне рака оздола да ме прегледа . А фармерки тесни, јас од срам се збркав, јас влечам, тој влече надолу, а баш кај колена заглавија, вика чекај ќе ти помогнам..И нему непријатно му стана вика и на вас женските не ви е лесно, натаму не го ни слушав што ми рече, пропаднав, мислам у земја се закопав, доктор ми соблекува фармерките . Кога ми текне на сцената како влечеме надолу, мајко мила Арно вратата со ја погодив од срам, набрзина се облеков и да ме нема. Наредниот пат отидов со туника фустан и само кренав нагоре да не се брукам пак, па ми вика многу си брза
Ме изнасмеа, јас кога одам на гинеколог во соблекувална соблачаш све надолу и облакаш сукња на лепенка, па кога ќе легнеш лесна работа.
Ни суќнички ни панталонки има Кај претходната докторка се соблекував во соблекувална, и така гола парадирав до столот , арно што и кај докторот така не треба сигурно ќе сум се избрукала, ништо чудно и нога да скршев на рамно, како што сум трапава
Леле сега е така кај мене, се соблакам гола во соблекувална и одам гола до столчето, и на пола пат он нешто ќе ме праша, застанувам и си прајме муабет. Мене едно незгодно збунета не знам дали да одам да седнам, дали да зборам, дали да се вратам...
аииииииии одма да го најдам само ако сакаш да ми кажеш име и презиме бидејќи не е еден доктор тука што е пофален
Абе мене од докторката ми беше незгодно кога шетав од соблекувална до столот а просторијата голема, а за докторот па да не спомнувам. Одма се замислувам да морав така кај докторот, не гарант нешто ќе оплескав, ја вака се избрукав неколку пати не па така да парадирам. Експерт за трапавост сум
помислив дека е тој но сакав да се осигурам бидејќи имам читано многу тука за докорите и си викам да бидам сигурна ќее морам да одам кајнегооо фала многу
Stavam slusalki vo avtobus a ono da ti bilo emituvanje preku zvucnik koga gledam site me gledaat u avtobus