Глупост.. Не знам ни како да го етикетирам бисеров. Бушеа еден ден монтираа работи во станот, и наредниот ден станувам сабајле успана уморна, ставам вода во ел. ѓезве за кафе (пијам инстант кафе со растворање). Вака ѓезвето не свети, еј си викам штекерот нешто направиле нема струја.. Го ставам на друг штекер, исто, барам трет испаничена дека нешто со струјава имаат расипано, кога ми текна дека ѓезвето воопшто не било свртено од кај сијаличката да видам дали свети, јас упорно гледам на празно и не ми свети Нејсе, ставив вода загреав, ја туривам во празен филџан и после ставам кафе во ѓезвето од третиот пат го погодив пиев
Никако да ги погодам вистинските зборови во прав момент било да е прослава, куќна слава или помен, па така последно на посета кај пријатели по повод раѓањето на нов член во семејство, пред заминување на врата уште 15мин ти кажуваат поздрави до Рајко, Станко, Петко, Трајко цела фамилија, може пола од нив не се ни живи, забораваш и по кој повод си дошол на гости и на крај конечно јас ајде пријатно и за многу години
Си пишувам со еден дечко и ми вели се познава дека си интелигетна и во исто време ми пишува и сестра ми. Пораките ми беа како нотификација. Јас сакав да и кажам на сестра ми еј овој ми вели дека сум интелигентна и место replay на нејзинта порака јас replay на неговата. Се виде мојата интелигенција. Брзо направив unsend ама не знам дали виде .
Отидов у библиотека да вратам книга, и мислев шалтерот кренат (како и секогаш), со се книгата баам у стаклото ќе ја заколев за малку библиотекарката, ама не го видов стаклото пред мене
Сабајле кај 6 имаше земјотрес. Јас си легнувам во 6, па беше само шо задремав. Сонвав нешто војни, секако. И здрма, мислев не' нападнаја стварно и отворив завесите да видам шо се случва. Е сега, имам кажано дека имам комшија поп, беше излезен на балкон со мантијата, брадите... Си реков дека се најдов кај св. Петар. Кое поврзвање на настаните, цел ден ми е смешно.
Извини, во моментот можеби тебе не ти било воопшто смешно, ама мене ме потсети на нешто што го кажа брат ми, па се изнасмеав. Кај комшиите до нас почина една жена, па нели има триста обичаи и адети, доаѓа поп пее, се собираат луѓе. Ова испадна да се случувало баш во собата што им е веднаш до собава од брат ми фактички, а си легнал во време кога сите стануваат, баш што велиш на задремување, ни буден си ни па спиеш цврсто. Станува цел препотен, доаѓа прашува што се случува в комшии, дали некој починал, вика така задреман слушам поп ми пее над глава си реков скинав конци јас.
Поголема глупост од мене нема кога одам на доктор Од страв се однесувам како испаничена будала што нема си врска од животот. Бев на ОРЛ и кога докторот ми кажа седни.. седнав и кога зема тоа цревото во рака Јас : Докторе тоа цревото во нос треба да го ставате? Докторот :Да, да ништо страшно И натаму е историја од глупостите што ги трескам додека сум под стрес Нешто се сеќавам а нешто и не Па дури и картичка ми дава ако треба нешто барај ме, ахам важи, да се брукам уште нема шанси И сега кога ми текне ем ми се плаче ем ми е смешно, брука невидена
По грешка испратив слика на една личност, и кога тргнав да ја избришам имав опција само за мене да ја избришам а не и за двајцата. Што е најглупавото, други пораки можат да се избришат, а таа најбитната не.
Не се секирај сите сме такви на лекар како смотани,под стрес и мислите се збркани,а и то што треба да го кажеме на лекарот го забораваме.Ете погоре сум пишала јас, градникот ќе го изгубев таму од што во моментот бев самата изгубена троа
Мицеларната и ацетонот ми стојат на иста полица. И си викам ај лакот да го извадам, си земам памукче и место ацетон сум ставила мицеларна по навика на памукчето. Пробувам да избришам лакот, се чудам зошто не се брише, викам што е работава, лаков до толку да не се вади, но и чудно ми е што вака пени нешто ацетонов, па и убаво мириса. Кога сфатив мицеларна сум ставила. Ај добро што не беше обратно, па на лице ацетон да ставам. Не ги чувам више едно до друго, крај.
Офф. Ме потсети. Јас вака ги имам измешано гел за туширање и крем за тело, од Зиаја нели исти се бели со козички на слика. Се туширам, нема пена од гелот, се изнервирав, толку пари џабе фрлени. И така...се искапив со крем за тело.