Вака еднаш измешав балзам за коса и шампон зашто слични беа шишињата. Пола балзам ми отиде пред да сфатам зашто уствари не пени
Пази само да не земеш да си чистиш лице со ацетонот.. Јас еднаш си ги избришав ноктите, не ги измив рацете и си го почешав окото. Само заради еден допир завршив на очно.. Со подуено око..
Скроз исто ми се има десено само што не ми ни стојат блиску. Мислам дека у мозокот се збунив дека и минерална и ацетон ставам на памукчиња и бришам па ваљда мицерална и лак ќе избрише. Мислам дека опцујав зошто не го бива ацетонот пред да сфатам.
Ме потсетивте и мене сега. После туширање наместо да ставам лосион, јас сум ставила некој нов шампон. И така цели нозе ги намачкав со шампонот и стојам и се чудам зошто имам пена на нозете, а не ми текна да погледнам што воопшто ставам. Од брзање да не закаснам уште повеќе закаснив дека пак влегов да се туширам.
Да се надоврзам и јас, имам ацетон што е во исто пакување како она за дезинфекција на раце, од зегин оние што се во плаво пакување. Епа пред некој ден јас по грешка си го земав погрешното и онака убаво си се полив со ацетон.
Ми препишаа апчиња за алергија, ги извадив лентите и ги оставив на биро. Ама таму исто ми стоеја и ленти од Спазмекс, а скоро исто изгледаат, и арно првите 2 дена точните апчиња сум ги пиела, после тоа секоја вечер сум си лапнувала од Спазмексот... И една вечер не знам како загледав, го испив веќе апчето, ја вртам лентата, гледам Спазмекс, испиен цел, тие за алергија си стојат. Не е битно шо, битно да се пие нешто.
Една досадна мува цело време ми досаѓа, може 5 пати промашив да ја отепам и на крај застана кај моето меѓуножје и си ги удрив силно јајцата мувата пак избега
Денес во црква ми се блокира мозокот, влегувам и му викам на човекот што продаваше свеќи да ми даде 5 свеќи од 5 денари, и толку се блокирав што не ми текнуваше дека треба да му платам 25 денари, и сега дремам јас, дреме и тој, и се мислам секунди, и ко на среќа извадов 30 денари, и пак не знаев колку треба, и уште му викам доста е? тој вели да, и ми текна, викам нека останат тие 5 денари, бруки, а ме знае од мала човекот, океј, не сум јака математичарка, ама не сум ни дотолку да не знам да пресметам сума од 25 денари Излегов од црква и ете ти друга брука, на друг познаник му реков За многу години онака честитав ко да е Божиќ или Велигден, и од после ми текна, не беше дозаминат човекот и му викам-Бог да ги прости сите мртви, се извадов некако
Одиме на Златна бубамара и на влез делеа шери и си земав.. (ова за на крај). Седиме гледаме и по 2ч решив да одам до тоалет, облечена бев во светли крем пантолони (тенок материјал) и таму што да видам, лом цела позади, таква си се прошетав Мислев сум добила (се чудев зошто, не бев за добивање), па и јавив на другарка ми сакото да ми донесе да се покријам И така со ум дека добив одам назад да му кажам на маж ми и да решиме што да правиме и на столчето гледам смачкано шерито палачинка направено Абе скроз иста боја како мензис на почеток беше... Некако кога сме дошле, сум го испуштила на столче и сум си седнала
Денес заборавив дека под патиките носам чорапи со натпис: "It ain't gonna lick itself" и женска што си ги ги соблекува гаштите. Ме викна шефот на разговор во канцеларија и фино лепо си седнав нога на нога и му го испрчив цртежот. Излегувам од таму задоволна од разговорот, седнувам нога на нога и ко видов ... Утре боледување.
Одамна беше Имавме хемија и имаше свадба и ние гледавме еден онака згоден помина со бмв и ја одма прашувам кој е и овие кажаа и една вика има женска и ја со цел памет пред професорката викам ,,ако де ќе раскинат" башка дечково имаше 27 години
Втор ден добиено и ден за прво запознавање со родителите на дечко ми. Сакав да оставам убав впечаток, се дотерав, облеков фустан во потемна боја со некоја шара на него во посветла боја. Ми пропушти улошката на фустанот. Им го направив и столот дома со флека крв и со таков исфлекан фустан кај светлите шари си прошетав пред нив. Предобар впечаток оставив.