Денес во кафич ко дојде келнерот да нарачаме пијачка, ми се блокира мозокот и го заборавив зборот "макијато". Ми вика дечкото повели, јас му викам мало и ми се врзува јазикот не можам да зборам. Ми вика мало? Јас: да. Дечко ми ме гледа со фаца ват да фак!!! И келнерот ми вика мало што девојче? И му викам па кафе... Си отиде, ми донесе еспресо кратко и то е то. На крај сакав да избегам што побрзо од срам, го заборавив чадорот, се вратив, тој ја собираше масата и наместо чао му реков здраво.
Паднав од седиште во полн автобус не се држев и нагло автобусот закочи ќе се удреше изгледа со некој едвај чекав да стигнам на мојата станица.
Седев сам во кафич во мал град (те гледаат како да ти фали нешто, не е ова Скопје), нарачав големо макијато и цедевита од лимета. И ми носат, и јас ја отварам кесичката со цедевита и така наместо да ја истурам во чашата со вода, ја истурам во кафето. Кога видов пола отиде во кафето. Ама ке умрев за кафе (уште по од срам ново да барам), па морав да ја вадам цедевитата со лажица, со салфетки, со прсти и со не знам какви други методи. Масите околу мене беа полни со народ, па така добив неколку чудни погледи, мислам појаки беа тие што не ни видоа дека истурив цедевита, се чудеа што бркам салфетки во кафето. Кафето со вкус на лимета го испив за 5 минути, платив на шанк, се измив во вц и бегав..
Се сопнав на прав пат, си го искршив мобилниот (среќа стаклената фолија заврши работа ), си ја изгребав ногата, си ги искинав омилените панталони, ноктот си го повредив (стварно болело многу, не ми се скрши ама боли и ми е страв да не помодри). + Нервозна одејќи така до дома, дуваше силен ветар, снег паѓаше, во рака силно сум го држела телефонот, се стиснало на итен повик и си свртел телефонот сам на 112, кога почна да пишти нешто телефонот, гледам нешто SOS, некои секунди брои, дур сфатив што се случува. Одма спуштив, се надевам нема казна да ми дојде за вознемирување беспотребно. Немам паднато со години, нешто баксузен ми беше денов. Не сум расположена воопшто.
Во 21 ч правам сарма за утре. Син ми не јаде сарма и не го сака мирисот на зелка. Бев до другата соба и се враќам и го прашувам сине ти мириса ли многу, мачно да не ти е? - Не мама не ми мириса на сарма, ама ми мириса како да изгорело нешто Се чудам што може да е, а и ништо со мојот нос не чувствувам, трчам до кујна и стварно нешто загорело, сармата !!
Сонлива вчера вадам од пералната алишта за да ги пружам ,а гледам шарени нели мајка ми кажа бели ќе пуштела на перење и не се влажни викам ај се потсушиле и со цел памет изглегов така да ги пружам надвор и кога ги видов закачени белите алишта ми текна што направив ,неперени шарените сум ги извадила и ајде назад во перална ги вратив
Си доаѓам ја на час и на класната и викам добро утро. Гледам не реагира, па ајде уште еднаш погласно викам и таа вака ме гледа И тек после 10 минути сфаќам дека сум втора смена
Тргнав сабајле пешки за на работа, и во памет си правам список за после работа што треба да пазарам. И така се фатив себеси како мрмлам нешто, сама со себе муабет си правам. А имаше народ не дека не. Па ми текна одма дека колешката викаше кој си зборува сам или е луд или куќа прави, а јас куќа не правам. И си почнав да се смеам. И така ми почна петочниот ден. Кој знае што си имаат помислено луѓето околу мене.
Ха ,ха и јас си се имав фатено така,еден период. Сигурно си одговорна личност, преоптоварена со обврски и грижи од секојдневие . Мене ми помогна б6.
Требаше на една другарка да и пратам видео од тикток и наместо на неа, и пратив на сосема друга личност што има исто име и презиме ко другарками. Уште и се смеам и праќам друга слика и чекам да ми врати, чекам 20мин се чудам… Леле кога сфатив што направив. Значи потонав од срам, и се извинив на жената.
Ја пуштив @Anabelle.Amorette да ми земи пратка од аптека, шо не знајме ни двете шо е, остаена од газдарицата, таму назад... Един проблем е, грешна аптека ѝ кажав.
Не знам што ми се случи нај искрено. Кај си мрмлам , па после си се смеев. Сигурно си имаат речено ваа апчињата ги заборавила од сабајле Некогаш ќе ми текне б6,ама така ко сум вознемирена ги пијам. Не знам оти се што е нај јако битно да се пие нешто