Најдобронамерно,ако повторно се осетиш,попиј си еден месец б6. Не мора да сме нервозни,некогаш психички сме прептоварени и од многу обврски.
Последна глупост-мислев дека еден колега е од Мексико, дојден на работа кај нас, (групацијата кај шо работам има неколку филијали во светот) и му се обратив на Англиски, кога читам на картичката, тој наш Македонец ама со потемен тен
Вчера во локалниот маркет купував сончоглед и едно чоколадце и се ме чинеше 40+ денари, јас имав десетки во мене и неколку петки, вкупно шеесетина денари, уште од дома знаев дека толку ќе потрошам, затоа што ги знам цените и плус сакав да се ослободам од железните парички. Стигнувам на каса и зедов бројам, и се закочив, не ми текнуваше колку пари да одделам, и фатив сите и ги истурив на каса на касиерката да си земе колку што треба ме фати срам, бидејќи и порано имав слична ситуација, а секојдневно пазарам таму тоа е, не сум јас крива, мозокот што ми се закочи крив е
Излегов сабајле на кафе со другарка и во брзање да не каснам, сум си го заборавила клучот да си го земам. На пола пат веќе накај дома во автобус ми текна дека немам клуч со мене, па вртам на моите да ги прашам дали некој има дома. Ми викаат на работа сме, брат ти во школо прееска отиде, нема никој. Морав да се шетам низ мол некое време, додека чекам да заврши татко ми со работа и да ме земе за да си одам дома.
Си го заборавив клучот на врата во брава од надвор а јас си излегов да шетам едно 2-3 саати. Кога се вратив ме фати една блага паника дека го нема по џебови мислев сум го изгубила, кога гледам на врата си стои
Влегов да се бањам, сфатив дека немам шампон. Се облеков и трк до Веро. Едно 15мин се мислев и предомислував кој шампон и кој регенератор да го купам. На крај купив, се вратив дома и влегов да се бањам. Ставив од едното, ставив од другото завршив работа. Земав да ја сушам косата кога гледам нешто тешко се суши, некако леплива. Ја сушам едно 15мин и повторно ништо. Си мислам можеби не ја исплакнав добро. Влегов повторно за да ја исплакнам. Повторно сушење и пак неможам да ја исушам. Си мислам да не е до регенераторот... Одлучив пак да ја измијам ама овој пат само со шампон. Влегов да се бањам и читам на едното регенератор, посегнувам по другото и читам повторно регенератор Си поседив во бањата едно 10мин. и му се јавив на мм да ми купи шампон. Не можете да ми ја замислите фацата кога сфатив дека сум купила два регенератора.
Намерни глупости. - Татко ми има навика во маркет да си ја остава корпата на земја кога му е тешка и си шета си бара друго. Епа ја најдов и му ја скрив. Си ја бараше добри 5 минути. Не се лутат, да не сум јас нема да им е забавно. - Па гледав видео и морав да пробам. Финтата е во кофа да скриеш компјутерско глувче и да лажиш дека си фатил глушец. И' викам на мајка ми фатив глушец, ама и' беше страв да не избега, па го остај за татко ми да го фател. Татко ми се враќа 6 сати later. Во то време ја подгревам атмосферата мртва сериозна. Демек грозно ми е, демек го провервам да не избегал... Си иди тој, не знаеше и тој како да го фати без да избега од кофата, се мачи мисли, иии опп отвора гледа има глушец, ама не каков шо очекуваше. Многу е тешко да си сериозен толку време. Иако едно време мислев ќе ме открие, немало шанси да има глушец и немало шанси јас да го фатам со кофа. После загинаа нешто и мислеа дека јас ги лажам, лоша репутација имам. - Ова последно, пред 10тина години на сестра ми наместо торта за роденден и' намачкав балон со шлаг. Ај викам сечи по едно парче. Сечи, сечи, никако да пукни тој балонот. И' викам со ножот убо дупни со врвот, ме послуша и следеше шлаг на сите страни. Ја снимав успат, уште го имам видеото. Јутуберите вода можат да ми носат, хе хе. Кутрата помала беше, не се разочара оти ја зафркнав, туку оти мислела ќе нема вистинска торта.
И дадов кола на девојка на прв дејт и ми ја СЛУПА сега веќе бивша се тужеме Ако сакате цела дешавка ке ја пишам и ке останете без зборови
Не е заебанција работава ем без кола ем без жена ем и други работи ке загиневме бандера бетонска се скина налет на сета кај и ја дадов колата јас демек знаела да вози
Со другарки направивме група на фб за да си ги имаме сите слики на едно место. Е сега јас талентов ќе ставав демек ковер слика на групата. На сликата имаше вибратор. Сликата ми се ставила на cover на мојот личен профил. И стоела некои 2-3 минути. Одам да се фрлам
Изгубив 1000 денари од новчаникот. Бев на пазарење, со мене носев 3000 ќеш, потрошив 1500. Доаѓам дома, само 500 денари со мене гледам имам. Дали ме ограбиле, дали ми паднале негде при плаќање, дали на каса сум дал 3000, а не 2000, не ми вратиле кусур и си искористиле ситуација, не знам. Важно некој се офајди со 1000 денари од мене. Мала несмасност и глупавост, изморен бев од работа, толку треба, ќе те ограбат и нема да им трепне око.