Ајде и јас да се исповедам Последна глупост што ја направив е пребарувајќи нешто по дома случајно најдов веренички прстен што дечко ми го купил за мене (живееме заедно). Нормално,не можев да издржам па и скришно си го пробав,ама ми се заглави и едвај го извадов. П.С дечко ми беше во другата соба
Старо е воа but i had to.. Во ГАК, доле во амбуланта.. Ме пратија позади параван да се средам. Заврши прегледот, спуштив фустанот и си заминав. Вешот си остана на закачалката. Отидов во Чаир да се породам..
Се прошетав без да знам дека блузата ми е наопаку а има дебели рабови и ептен се познава плус и белешката на неа.
Беше летно време и отидов специјално за Скопје да земам оцена од професорот по еден предмет. Чекав 2 саати пред неговата канцеларија и кога дојде сфатив дека сум го утнала. Го побарав после правиот професор но тој веќе си беше отишол. И така се извозив 6 саати во бус за џабе.
Денот што го имав денес е прилично лош, се чувствувам разочарано. Ја отворив темава и се вратив уште од 2020 што имате напишано, некои од вас и ви ставив “ми се допаѓа”, не ве манијачам туку многу ме расположивте и насмеавте, фала ви Затоа одлучив да напишам чисто неколку глупости што јас ги имам направено: 1. Имам заспано на работа додека бев трудна. Среќа имав стомак до заби па не ми замерија. 2. Пред 6 години, имав шеф кој сите не викаше на галено. Ако се викаш “Ана - Анчи”, “Тами-Тамчи” и така натака. И ме вика на додека работевме и јас одам да видам што сака. И требаше една задача да му помогнам на ексел со формула, и ми вика “Ти благодарам Тамчи”, и јас као сакам фина да бидам и да вратам исто на галено демек ќе изразиме блискост му викам “Нема проблем Жарче” (се викаше Жарко); БТВ во земја пропаднав, колешка ме слушна, се воздржаа од смеење ама се гледаше дека едвај чека да искочам да се изнасмеат. и како трето, се запознавам прв пат со родителите на маж ми. Ми ставаат вино, да наздрави ме, весела атмосфера сите на куп. Јас се засркнав, виното ми искочи преку нос. Во тој момент направив скриншот на телото, ем кивнав ем прднав гласно. Веќе ми се свекор и свекрва ајахахаха После година дена ме побара за жена. Е тоа е љубов
Ама многу ме насмеа со скриншотот да си жива и здрава. И јас имам ужасен ден, случајно ја најдов темата да се насмеам. Матна ми е главата сега ама ќе ми текне некоја глупост да придонесам и јас
Имам менструација и брзав за на работа прва смена, притоа пијам налгесин за болки ко тоа да ти бил од 550 мг не 220, јас со та мисла се напив два и зедов да се средувам. Одам во фирмата сите се гледаат во мене, буквално цел ден (си велам па тоа е убава сум). Кога отидов да "поправам" шминка во вц се гледам цела сум се направила со бела пудра буквално бев без веѓи, трепки и уста.
Во петокот со еден колега скршивме на работа повеќе од 20 чаши. Раздигавме од пратито претходната вечер и јас се фатив за садовите гадни да ги ставам во машините за садови.Гадните садови беа на количка метална, но магацинот каде беа има како подигнато на вратата и мораше да ја подигнеме количката за да помине. Се понуди еден колега да ми помага.Пред тоа ме праша нели се клатат садовите ,а јас пак му викам види ги разместив веќе чиниите и пак ги разместив ама чашките беа стабилни. Одам прва ја дигам количката и ништо не се случува,возиме полека и беше тој на ред ја зема и ја подига количката и чашите кој стоеја на крајот испопаѓаа. Јас ги гледав и после неколку секунди ми текнува и ги фатив останатите. Најлошо беше што зад нас имаше над 10 колеги што пушеа и плус во магацинот уште 10. Сите видоа и чекавме аплауз ама тие дотечаа да помогнаат.
Не е последна, многу се, и често се. Последно време многу сум трапава, не дека кога бев млада и полетна не бев, затоа мајка ми не даваше да работам сериозни работи во кујната Последно што ми се случува е додека читам нешто а и општо си размислувам за 100 работи. На пример во една тема летото една членка бараше ташна за на плажа, а јас како што читам недочитам, во мојата глава беше торта за на плажа . Најжално од се е што и го прочитав целиот пост, и неколку поста под нејзиниот членки што беа пишале ама јас го тумачев тоа торта за на плажа и воопшто не мислев на друго што пишува, туку размислував за тортата на плажа. Прво си велам ејјј браво за жената, сигурно сопругот ќе го изненадува за роденден, и си мислам па како до Грција ќе ја однесе таа торта. И после некоја страна кога се освестив и кога почнав трезвено да размислувам сфатив дека било ташна а не торта. Најжално од се што членката, ниту роденден, ниту сопруг ниту па Грција беше спомната, битно јас цел филм разврзав во глава Сега скоро одиме накај Лесново, и на едно место некое село Лезово или така нешто беше, милион пати сме биле а јас во мојата глава си читам Лезбеј Арно што не истропав пред мм имаше да ме зафркава 10 години, ама дека дете беше во кола па си отќутев. Ама одма почнав со мислите ццц срамота каков манастир убав, тие какво име ставиле во близина Дури назад на враќање гледам, и си викам подобро уста да не отварам одма, туку после некој саат откако ќе размислам убаво Сега скоро цитирав членка, и се обраќам со името, на членката на таа која и се обраќа. Имам уште ама не ми текнува баш во моментот. Секако сакам плавуша да се правам, па редно е да си имам свој печат
Си го заборавив клучот на катанчето од мојот шкаф , на работа . Последно бев на работа во петок .. Следен пат сум утре , трета смена .. Нек је са срећом