Отидов кај дм дома и им го скршив стаклото на надворешната врата и тоа со глава. И тоа по втор пат одам таму, кој знае сега што си мислат за мене, во толкава врата да удриш.
Не беше намерно Која будала треба да си во врата да удриш, добро на применување беше ама пак и уште од толкава врата јас баш стаклото го погодив.
Да де, ама си викам како си го скршил, не го ли виде ми, начинот на којшто го опиша делува намерно Извини вака сеа, немој да се налутиш. Лелеее, па кај баш ти, се надевам дека не те боли глава сега
На одмор кога бевме летово, бевме сместени во куќички сите исти, различно беше само бројката на вратата. Јас затрчана од плажа со клучот во рака, наместо во 12ка, упорно отклучувам во 13ка, се мачам вртам клучов нешто не сака, ама му се запнав, и вратата се отвори, внатре затекнав средовечен човек по гајќи. Беше свретн со грб, не знаев што ми се случува во моментот. пробав веднаш да затворам и да бегам по можност, ама тој беше побрз. Се осетив како крадец прво, му се изивинив. А тој си помислил дека сум некоја собарка
Не си ти крив, што евтина шкарт врата ќе треба да е тоа за да се искрши од глава. Барем ти добар си, не заврши на шиење така?
Не видов, дм заборави нешто во кола се вратив јас по тоа и побрзав и во тел гледав нешто и заборавив на вратата. Не е беше тенко стаклото и јас се чудам како се скрши. Добар сум јас малку изгребано не е за шиење, со фластер ќе помине.
Многу се смеам затоа што истото ми се има случено. Со тепсија удрив во клизечка стаклена врата. Мислев дека е отворена Ама не ја скршив ххаха
Еве ме пак во темава зошто сум мастер по брукање. Се онесвестив на забар на стол денеска, на сред поправање. Скрос изгубив свест и се разбудив легната и цела утоп вода од што пробувале да ме освестат. Причина? Отидов на долга процедура со дупла анестезија на скрос празен стомак. Браво.
@Cinnamon Bun истово и на мајка ми и се случи на одмор во Охрид, кога и ставија анестезија се онесвести. Ова пред 40 години.
А што ти правеа, ти поправаа? Леле како што имам страв од забар уште толку се упрпав Јас не се онесвестувам, барем не досега, ама секогаш се стегнувам и станувам утоп мокра од стол од стрес
Ме потсети, јас на вакцина за корона отидов гладна. По исплашени беа персоналот отколку јас. Чекам да ме мавне у секој момент
Јас па толку многу се плашам шо да одам гладна истото ќе ми се деси а да одам најадена - ќе се посерам
Многу пати го иам ова помислено дур седам на стол, со ширум отворена уста и 'игличка' во забот. Увек иам интрузивни мисли 'шо ако се онесвестам', 'шо ако кивнам?!', 'ќе ми се набие игличката внатре?!', и така пробувам да медитирам, да ги тргам мислите...
Ми поправаа да, ми го чистеа каналот. Ама не се плаши, мене не ми се деси од болка, немав болка голема, ниту страв ни анксиозност, онака олабавена си бев скрос. Баш пријатно беше. Тотално наеднаш се деси. Забарката после рече на главно срце не се става анестезија и демек шок тоа ми направило. А тоа со водата, утоп вода бев пошто ми истураа врз мене, ме бањаа за да ме освестат. Урлам @MissChievous ous Ја до сега не сум имала такви мисли, ама после ова дефинитивно. Арно не ми ја набила игличката кога ми паднала главата, не знам дали следен пат ќе иам ваква среќа