Кога дојдов за прв пат кај мм беше Велигден, јас како голем тремаџија, влегувам и велам Христос се роди. Почнаа да ми се смеаат, велат Навистина воскресе, јас пропаднав во земја од срам. Еднаш чистев, го избришав подот насекаде и требаше нешто од соба да земам(бришев и таму) и ја залетана, заборавив дека уште е мокро и коа се лизнав, се држев за кваката, па и вратата ја откачив за малку врз мене ќе паднеше. Свеки само ме виде и ајде ја намести вратата она А често пати од брзање мора нешто да истурам, сокршам па после уште повеќе време губам.. Од тука произлегло она "кога ти се брза, биди најбавен"
Има еден маркет во Србија , во кој често одам кога сум таму ( имаат убави колачи , пенасти бонбони и свашта нешто ) Светофор . Додека го запамтив , за мене беше СветоЗАР , СветиФОР , СемаФОР и така натаму . Се , освен Светофор . Исто така во Србија , наместо во оддел за странци ( во полиција , за пријавување на престој ) , имам влезено во сосема друга зграда ( во општина , најлошо е што знам каде е полициската станица , и се многу , ама многу блиску ) . Фамилијарно бевме на шопинг во Косово , ваша членка Крејзи тргна со истечен пасош , и заборавена лична карта - дома . Се враќавме од граничен премин Јажинце ( јер , кој да провери до кога е важноста на пасошот , да не беше граничната , ќе си заминев така и ќе ме апсеа во Косово ) до Тетово , до дома . Маж ми прокува од мене тој ден .
обично анестезија се дава на празен стомак. Ама исто така зависи и каква анестезија и за што. Тоа со онесвестување пеи аплицирање или после аплицирање на анестезија може да биде и алергиска реакција. Имам внук алергичен на одредени видови анестезии и на антишок терапијата која ја даваат за да помигне при ваква шок реакција. Тој пред секое одење на интервенција на забно прави алерготестови на анестезии. Ептен комплицирано е.
Tоа е при општа анестезија, овде зборуваме за локална анестезија кај стоматолог. Не ја даваат ако знаат дека си гладна.
Мојот стоматолог знаеше дека сум гладна, т.е кажав откако ми стави една анестезија, зошто веќе почнуваше да не ми е добро... И он ми даде една чаша кока кола да испијам, и продолжи со работа и на другата страна ( стави уште една анестезија). Уште тогаш знаев дека треба да го сменам, ама сега дефинитвно ќе го направам тоа.
Е не знам зошто така не ги интересира Тоа е нивна глупост, пациентот можеби не знае или заборавил. Ce сеќавам кога на 14 години требаше да ми даде анестезија, отидов од сабајле гладна и ме испрати прво да јадам. Дали дека бев дете, не знам. Таа забарка си замина во странство кратко потоа, ама и други редовно прашуваат.
Ја гладна отидов сите тие неколку пати, локална бапна, нишо не се деси Дури еден пат на две места ме боцна оти мораше и на другата страна да извади корен некојси. Не сум знаела за ова. Ниту некој некад ме прашал.
Па арно напраил чоекот, се јаде пред локална за да ти се крене шеќерот да не ти се слоши, затоа ти дал кока кола... Ма да ја секад ставам анестезија, а никад не јадам. Па еве ме ништо не ми е, тоа си е лично и секој си го знае организмот. А со целосна не се јаде да не ти се врати јадењето на сред операција да се задавиш лежејки.
Било што да јадеш после целосна анестезија ќе повратиш бар пола ден. Од вода до храна. Буквално уста сува ко барут.
Направив еден колач кој се вика црнец без јајца. Веќе се ви е јасно И дома го пробуваат, им се допадна и ме прашуваат за името. Ии бидејќии мене јазикот ми е побрз од паметот, одговарам како што е и кога почна да се смеат... Первезнаци едни. Што да правам, не го измислив јас името на колачот ама бар да кажев чоколаден колач или било што, по ок ќе беше. Незгодно ми стана, поцрвенев, додека ме гледаа чудно и се смееа. Никогаш нема да се повтори сигурно
Си ја залепив пеглата на колено пред 2 часа. Се надевам нема белег да остане, моментално имам дебела црвена линија
Порачувам палачинка, келнерот ме прашува: со нутела? И јас велам: а со крем нема? (после работа беше)