во средно втор ден наместо да одам кај мене в клас си влегов во тие од 2 година си седнав и иц гајле ми требаа некои 5 мин да сватам дека не сум во мојата училница ... зачо таму нигого не познава кај мене исто ми се фаќаше и после едно девојче ми кажа каде что ама се избрукав за сите години
Си станав денес мераклиски порано, си викам дај нека ми почне убаво денот и на раат. Си искачам од купатило во бањарка со свежо измиена коса, седнувам на маса, пијам кафе, слушам радио, и ми текна дека имам една витаминска ампула за коса, неискористена. Си велам дај да ја употребам. И ми текна на зборовите на другарките - кога ми даваа совет како да ја кршам, наводно потешко се кршела. Демек - ќе ја потпреш вертикално на нешто и горниот дел ќе го скршиш со некој тврд предмет. ОК. Барам нешто тврдо, у таа брзина не наоѓам ништо и си викам - штикла will do. Ја држам ампулата со левата рака, на креденецот пред лавабото во кујна, а со десната ја држам мојата 10ка штикла. И ПАП! Земам замав мислиш одам да го рушам Космос, цела ампула се распрсна на милион парчиња Па уште смотана, течноста онаа витаминската ко што се цедеше ја собирам со раце и ја ставам на глава и сконтав дека си нанесов и минијатурни срчи. О куку луда главо! Да се биде од сабајле плавушкаста, не е на арно. Најсериозно
E солзи ми дојдоа од смеа луда си жими се- требаше со полна тегла , или чекан за стек такво нешто и нежно да удриш, јас додека читав мислев штиклата некако си ја скршила, ама после, собирала и ставала на косата Е ова е енергичен старт на денот
Ете како еден пост може да ти го разлепша денот, уште пред да ти почне. А да не бидам офтопик, му отворив врата на поштарот со мустаќи од јогурт. Кога забележав дека ми се ѕвери во мојата абнормална дедомразка појава, се оближав така со јазикот како да го повикувам на еден... кафемуабет. Резилка со тапија сум.
Е да бе со тегла Јас со таква сила ја испокршив ампулата со штикла, со теглата тек ќе направев веројатно тајно ходниче за хрчаци и буба шваби од кујната до купатилото Толку бев збунета од неуспешноста на мојата крајно глупава и смотана акција, што земав ко маче, со прстиња ја собирав течноста и ја ставав на глава, ма и да погинеш, колку можеш од течноста - ќе спасиш Сега ми е смешно, а сабајле правев ептен збунета фаца ко на мачорот Том кога ќе го ѕвекне некој по глава.
значи пред фар,фар аwеј,за да поминев улица на зелено,но останаа уште 10 секунди а можеби и помалку,и јас почнувам да трчам и доаѓам до тртоарот и на него бандера,а јас во бандерата(сред град). едно време работев во радио но само за замена,и сега пуштаат песна,завршува песната оној другиот вика беле,беле,ние во етер,јас на мекедонски,еј теле,теле.и тој ке?и јас ке?во етер смее
Неможев да си дозволам депилација, па се избричив со стар брич набрзина Последиците се катастрофални.
Сабота вечер. Еуфоријата расте заради роденденот на другарка ми . Јас пробувам да бидам смирена и одам в купатило да се шминкам . Таман што посегнав по пудрата видов дека нема, само на дното имаше. Шишево беше стаклено . И што да правам сега , како ќе одам така морав да се нашминкам барем малце , а пудра ни за лек Мојов генијален ум смисли фикс идеја како да добијам пудра. Застанав на излезот од купатилото ( кај вратата ) и со сета сила го удирав шишенцето од плочки за да се скрши и пудра да има фајр ..Се разбира и плочката се скрши заедно со шишето . Кај бев закаснета уште требаше да собирам пудрата низ цело купатило со сунѓерче , значи се закаснав уште толку . Башка тоа што викавме мајстор да стави нова ,а се мислевме пола саат што да му кажиме кога ќе дојди Ексик.
Ми падна капакот на тенџерето од тераса. Инаку живеам на 5 спрат и фала богу немаше никој долу па да го оставев на лице место. Ама пак затоа имаше комшии на терасите и кога падна, прво погледнаа долу да видат што падна па потоа и горе... да видат кој е тој ќопав што го испушти капакот. Аааа, и ги мавав досадните маалски деца со штипки и мајка ми ме виде и денес отидов да и купам нови штипки бидејки пола и беа исфрлени.
Се враќав пред пет минути дома и во влезот го сретнав комшијата. Бев со ретардирана насмевка и му реков „добар ден“ без да размислам што реков... Сигурно си мисли дека се дрогирам или сум ментална.
Миев садови, и секогаш прво ги мијам чашите, ама денес не знам зошто, почнав од чиниите, па како навика што ми стана, после лажиците, ножевите и вилушките и само да ги измијам со вода. И ги мијам чашите со вода, ги ставам на страна, ама чуствувам на допир дека нешто не е во ред... (додека мијам, секогаш лутам некаде со мислите ). Кога гледам, ја затворив чешмата и викам на глас-NOO FAKIN UEEEJJ !! Среќа што не ја истурив топлата вода, па не ми се развика мајка ми.