Хаха пред 1 час бевме кај дечкото на другарка ми со една друга другарка и тоа без она да знае му тропавме на врата ама на шкооолоо било детето иии ништо од бизнисот
Отидовме со моја братучеда да купиме компири од пиљара и ние ај покрај килото компири зедовме и ЕДЕН кромид, притоа газејќи се од смеење како којзнае што да правиме (имаше згоден продавач ). Се враќаме дома и тетка ми не зеза и ни вели: Барем овошје да сте земеле, што ќе ми е кромид Ние со цел ум се враќаме назад и јас му велам на продавачот: Еј извини, се вративме ние, не требало кромид туку портокал! Ахаххах дечково остана занемен, ваква "грешка" сигурно "често" се прави. Типки, типки ипол, си го зедовме портокалот и си заминавме. А! И кромидот гратис ни го остави
Последната глупост.. Запнав со микроскопот на вежби пред некој ден(иако бевме предупредени да не напнуваме) и премногу го притиснав предметното стакленце со објективот и попушти душава под притисок, се распарчи, и морав да се објаснувам пред асистентката и да правам се од почеток. И сега пред 5 минути и ставав туш на мајка ми, некако успеав да и брцнам во око, па белката и беше црна 5 минути, буквално.
Два дена по ред кога брат ми нема да ме пушти на компјутер дур „учам“ во соба му ѕвонам од непознат по два пати и си ќутам. Многу ми е интересно дур се напнува кој е.
Кога не сакам да му пишам на некого, го бришам, ама само дилит, без блок. Да ме види дека сум укл, ама јас да не го видам, да не попуштам да пишувам прва. Само што во овој случај сум опнала и блок. Се мисли човекот кај ме снема. Добро, се спасив некако.
Последна глупост шо напраив е денеска хахаха фатив и му е намачкав со коректор кредата на професорот ,али он наместо кредата што е намачкав е зеде другата
Пиев вода, ама мислев дека сум ја испила (а уствари не сум ја испила). И јас така, разбафтана си одам, да си наполнам уште вода, и испрскав се живо.
Си направив Гугл+ само за да можам да играм Дајмонд Даш додека чекам да ми се наполнат животите на фејсбук! Па кога ќе се дотрошат тие на гугл+, одам назад на фејсбук. Оо, сите светци, се збрлавев и јас.
Го оставив оној заменскиот на вибрации во дневна и ме прашува свекрва ми: Блонд што е ова? А јас: пааааа не знам, треба син ти да го прашам најверојатно негово е
Xaxaxaxaaxa ! Stvarno imam mnogu gluposti ..Na primer pred dva tri dena koga se setav so drugarkite edno nevojce ni prilici na edno devojce so koe mnogu ubavo si ziveeme od Vtora A! I pocnavme da se derime po neja a ustvari toa bila nekoja si zena DDDDDDDDDDDDDDD
Го истечев млекото. Си го ставив на рингла и си седнав пред ТВ, кога слушнав како тече. Јакото е што не го отворив прозорецот, а вратата ја оставив отворена и сега цел спрат смрди на изгорено млеко.
Некни, пред 2-3 дена, требаше да одам кај една другарка не живее многу далеку и си велам, ај пешки ќе одам, пут под ноѓе, лека полека ќе отидам. По пат си купив крофни, да гмечиме кај друкарката Одам одам и мернав еден постер за некаква свирка и гледам еден згоден тип стои и гледа.. И јас таква се уцуцлив до него и јас гледам постерот ама онака дубински го гледам.. Страшно.. И тој се врти и ми вика: "Извини девојко, од кај ги купи крофните?" И ми се смешка онака шармантно.. И јас го зјапам 30тина секунди во стил Рајана и Дрејк: Spoiler И му викам: "Навистина " Сиротиот овој, ми се заблагодари и си отиде а јас среќна весела си продолжив. Оваква у фаца: Па по 5 минути, кога ми текна што му кажав.. Ми се идеше да се вратам и да се оДбрукам... Кој срам човече..
Си тргнав од работа накај дома со престилката што ја носам на појас Живи бруки, кога се погледнав и сфатив дека е на мене доцна беше и си ја донесов дома
Пред неколку дена.. После школо отидовме со другарка ми во Веро.. Арно ама, мене ми се приоди у вц.. И си отидов да ви кажам право.. Aрно ама, излегувам, и гледам една жена ме гледа чудно. А ја онака поносно си идам. И гледам, другарка ми, од таму ми шепка нешто. Hе ја слушам.. И покажува нешто накај мене, а јас фрлам поглед надоле, кашиот откопчан сум го остаила.
Не им отворив на тие од пописот Ме мрзеше многу ми беше убаво во кревет на топло, и сеа требаше да станувам и да им правам забава, е како не, нека дојдат друг пат
Jа изоговарав лила филиповска со другарка ми Aло колкави наочари лупнала а надвор нит сонце нит зракче од сонце боже господе за таа потрошив 2 минути од мојот живот- оговарајќи ја де