Хехе го земав мобилниот на мајка ми, и во именикот моето име го преименував како Т-Мобиле .. Го оставив телефонот на масата и си отидов во соба Таа и татко ми спокојно си гледаа ТВ се додека не и стигна порака на мајка ми која гласеше : ... Сирота жена само што не ја стегна инфаркт многу се израдува, жал ми падна и и кажав.. Ех луда главо
да бев на местото на мајкати под казна за задолжение обавезно ке добиеше 1 година чистење на ВЦ и бањата ! Пу срам да ти е !
На едно симпатично дете му пишав порака дека ми треба книга за на факс и ако ја има да ми ја даде... А типот нема веза која сум Spoiler (мора да се почне од негде ) - сум забегала скроз
Јас сеуште неможам да разберам ни зошто е глупост тоа што го направив ама мм онака во поблага форма ме убеди дека сум глупача ама ај се вадам на тоа дека сум плавуша. Вчера за ручек направив полнети пиперки и ручавме што ручавме, после некое време пак ми се пријаде и дека микрото ми цркна си викам да не загревам цела рерна да ги стоплам бабурите ги ставив горе на плотната за се стоплаат.Добро е што отидов да ги извадам алиштата од машината зошто после 5 мин само слушнав експлозија, тој огноотпорниот сад парампарче се стори, стакло насекаде, добро е што плочата не ми пукна. И сеуште не разбирам зошто пукна, не пука во рерна а пукна на плотна, па нели е огноотпорен сад
Хах,сега ми текна.. Пред два-три дена си ставив кредит на вип,и нели стига изненадување нешто,епа мене ми стигна 100 бесплатни пораки кон сите вип корисници. И вечерта досадно и јас и велам на цимерката,цимер дај ми некој број на вип,ќе се зафркаваме. Ми дава таа број и јас му пишам на дечкото кај си бе пере,те чекам пола саат пред саатот,да ми го донесеш зејтинот,скарата изгоре! И овој ѕвони. И јас не му кревам (нормално) и му пишам порака што ѕвониш кога знаеш дека не ми работи микрофон,пиши порака кај си измрзнав на ладното!! И типот со поѕвони уште два пати. И после пола саат му напишав порака извини брат грешка,скарата изгоре. Не е којзнае која глупост,али јас обично не се глупирам вака,па затоа сакав да го споделам овој редок момент со вас.
Јас вака болна посабајлечки со затнат нос ... ќе влегував да се туширам дур да ми ја напраи баба супата. И како што си пуштив вода прво да ми се стопли кадата за да не стапнам на ладно, а и го сакам чувството кога ладните стапала ќе ги брцнам во топла вода, се соблеков, си влегов во када и се туширам, кога се поднаведнав и на моите нозе забележав СОБНИ ПАПУЧИ(од оние како пантовки што ги викаат, како чорапи што се облекуваат). На цела мака си стоев со тушот пуштен и си гледав во папучите додека водата течеше, па полека си излегов од када, ги соблеков, и пак си влегов во када газејќи се од смеење и мислејќи си е глупава една Среќа, ама стварно среќа што се работеше за стари папучи што ги навлеков сосема случајно на мене, и отидоа во канта. Да беа моите омилени папучи, ќе се самообесев со тушот.
Ех мој феминки да знајте само како денес сум се засрамила во тутунска банка Си бев да си ја земам картичката (тие што се за на банкомат си знајте ) и додека си го чекав то типчето да ги потпиши сите тие потребни ливчиња, на столчето до мене седеше едно чупенце што го помислив дека е една моја другарка шо се немаме видено подолго време и така чупето еднаш се сврте и си викам оти не ми прај муабет и јас за да биди целата таа ситуација уште позасрамувачка му се врекнав на кутрото оти не ми збора, ми се прај важна. кутрото тоа само ми се испуле попреку и ми вика "Kако?" Кога видов така поубо што ќе видам не била таа Викторија што мислев дека е И така после јас си седев целата засрамена Ете тоа ти е кога не ќе си ги отвориш поубо очите ilent:
Додека зборев со Мистери ми текна на глупост. Бев до библиотека да читнам малку и да учам, и онаа блесавана Е ми праќа порно линк, а јас со слушалки на уши дека си слушам музика често. И ми вика спази на моментот со јаболкото, и јас го пуштам, а такава бутната у ќоше штама сите учат, тук-таму некој си објаснува. Љубам пуштање порново чекам момент со јаболко, оно двајца мажи јадат јаболко и стенкаат, во тој момент ја да се мрднам да не гледаат други хуху ми се извади кабелот од слушалките од компјутерот, и само се слуша ГЛАСНО стенкање на двајца мажи, ај да правеа нешто они јадеа јаболко и и испуштаа звуци. Сите поглед во мене. Леле мајко потонав. Се пцуев себе, ја пцуев Е, и си реков веќе таков линк во библиотека не! Ми се изнасмејаа! Кутра јас сакав да потонам, да ме снема..хих.
Пред 3 години на нова година и бидејки локацијата на славење беше одалечена 10 км од моето место на живеење и во 4 саат си идеме пешки .... такси нигде нема , ладно во коска удира и алхохол малце те развеселува.. Најмногу ми смрзнаа бутовите , неможев да издржам и мислев ке ми се заледат и ми текна идеа ако ги измочам ке биде топло , и затоа почнав да мочкам на бутовите и ми станаа топли тоа беше 1 ипол минута после се слуша крц,крц ,залед ,залед ,залед ,боли ,боли, глуп , глуп ,туп... срека после 10 мин дојде такси иначе дома без нозе ке си дојдев
Киднав од последни два, бев на кафе, и Guess what? Ни се придружи класната и сеа треба старата да иде у школо. Го е**в ежот.
Беше почетокот кога дојдов во Македонија. Миле ме прати во една пекара да си купам пециво, а тој ме чекаше надвор. За него требаше да земам пециво со кашкавал и салама. Збунета си мислев за кромид и и кажав на жената: Дај ми едно пециво со кромид... Наместо трошоци, кажував трошковци и луѓето ми се смееа Завчера во манџата наместо црн пипер, по грешка ставив цимет
Си залепив вештачки нокти.. Арно ама, дека со брз лепак. Се испозалепив цела.. Рацете ми се лом. И сега како да тријам мрсулче кога ги допирам. Остај тоа, него и бирото го направив со лепак, сега кој ќе ја слуша сестра ми. И да, заборавив.. Вчера, на професорот по ликовно, му реков: Наставничке.. Ова Наставнику.. Професоре де.
Земав јас да си сечам јаболка. И така занесена пажливо си го гледам Али Риза, и онака не свесно исечам една јаболка на половина и ја вратам во чинијата со овошје, и така сум си исекла 5-6 јаболки. И после мајка ми ме тераше да ги јадам, да не скапале Ете тоа ти е коа си плав.. Ми се згади више и од јаболки и од се..
Си дозволив да помислам дека некој како него може да ме свиѓа...Па не знам кој е поголем идиот, дали јас или тој
Ехееее талент сум за глупости..Уште од мала.хахаха Имав 4-5 години.Мајка ми и баба ми многу се расправаа тој период за цвеќињата,зашто мајка ми несакаше во станот да ги имаме а баба ми ко за инат само некои саксии носеше.Е тука улетувам јас и додека баба ми беше кај сестра и а мајка ми спиеше,јас правев свежа салата од сите свеќиња што сум ги фатила.Кога стана мајка ми и кога дојде баба ми беше многу интересноо..ххахахахаха Дома беше лудница ама како и да е јас на крај го обрав бостанот. Друга глупост...Во прва година,ме фати некој период кога цела вечер бев будна и одма одев во школо и цел ден бев ко издрогирана.Еден ден класната ме праша дали нешто примам и јас и реков да професорке,вакцини против беснило. Трета глупост...хммм Минатото лето си јазапалив кујната..Како поим немам.Знам само компири пржев. Е ај доста се..
Majка ми, некогаш прави мали пици. Онака со тесто, и ги оформува со чашка. И направи пред некој ден.. И ги стави у замрзивач, и мене сега ме мрзеше да одмрзнувам, па еве сега, смрзната јадам. Ама нема сега да уклучувам микро, заради толкицка пица. Јесте има вкус ко да јадам мраз и леб, ама нема врска, само нека прска.
во караница вчера со мајка ми, незнам како се случи ама ја изгребав со нокти леле кога видов срцето мислам дека ме здоболе ама таа почна да паничи каде сум, и тргнала да ме бара, а јас останав подолго со девојките после курс, и така нервозна, почна да ме кубе за коса, и беше во самоодбрана