^ Јас квалитетно си ја заебав кариерата како толкувач. Имено, си седев мирољубиво, и си ставив слушалки за да не им сметам на цимерките, едната чита, другата учи. Заборавив дека звукот на слушалките е ДУПЛО погласен од тој на лаптопот. Обично пред да пуштам музика, го намалувам скроз до крај, па отпосле регулирам. И си пуштам песна, која за инает има гласен почетен дел. Кога рипнав, кога подрипав, ушното тапанче ми испадна како на цртаните. Додека изреагирав, додека намалив, исклучив, леле, мајко.... Се оглувев тотално, и така некогаш не дослушувам, уште ова ми фалеше.
По грешка,качувајки се,заборавив скрос до кој спрат сум,и си бутнав клучот во мојата врата,ама еден спрат под мојата а тоа заклучено од внатре,и јас мислејки дека е сестрами(бидејки она беше дома) упорно звонам долго,па прекивав,и одма и едно кратко ѕрррррррррр(навика ми е ко од планина да ѕвонам)и.. се шокирав кога ја видов бабичката од 3ти,спремна да ме убие
Го згазив (читај згмечив) цртачкиот јаглен по ликовно. Ама среќа, на пархет, иначе да беше на теписон, ќе го јадев стапот. Ај тој теписон, што муки има претрпено, од лани е, ама цел е со флеки од лак..
На мачката моја и ги лакирав ноктите и скокаше како луда и си ги лижеше па морав после со ацетон да и ги бришам зашо цела се рашлака и крзното околу шепите и беше како да имала смртна пресметка со некоја дива животиња
да и речиш на мајкати да си купит мобилен за да не паничеит и пари за такси да ти дајт ! одсега ке те тепат со сукало од далеку за да не ја гребиш !
Во ходник беше изгаснато светлото, и идев кон детска, занесена во мобилниот. И си помислив дека и од детска е изгаснато светлото. И баап у вратата. Арно наочарите и мобилниот се добро. А главата, навикната е.
Одамна беше, се будам некаде 2-3 часот и тргам до кујна по вода,од мојава соба ко излезеш миниш низ ходник и има врата за во кујна .. По обичај таа врата не ја затвараме никогаш,али еве некој ''паметен'' ја затворил баш тогаш . Одам јас таква поспана целата башка ни светло не запалив и се акнав во врата дирекно,па ко си ја летнам назат во кревет под ќебе се чудев во кој сум се акнала,та сабајле ми текна ко си видов џунка на чело
Ми се истури нес кафе во компирите за ручек, мислам само прашакот. Ама што друго може да се очекува од мене.
Ова е од школо..Седам ја примерно учениче,чекам сите да се стокмат,да се наместат и професорицата заедно со нив,започна часот а јас ја потпрочитав последната лекција што ја учевме за да станам да ја раскажам..и ете го тој момент професорицава прашве које спремен а јас културно си кренав рака и единствена бев од 34 души во класот..станав и раскажав...после незнам нешто нова лекција кажуваше а мене ме рогнааа каблите од компијутерите бидејки не работеа во таа редица..се извртев се исукав и назад кај кукиштето седам и си мењам кабли,арно ама по некое време профсоркава прашува Анхепи кај е демек сега ја гледав лекција кажуваше..ја и викам тука сум демек нешто кабливе ова она од компијутерите се истадоа и да ги напраам,ми вика има овластени лица за таа работа ајде станувај..ја си викам океј демек ама пусто интересно ми беше со каблите..и покушавам да станам неможам кога гледам сум заглавила..бидејки имам широки рамења тие ми беа заглавени помегу ѕидот и клупата..ооо си викам смотана една сеа шо ке праиш... и ми светна со маки се вртам назад кај едно мое соучениче и му викам дај бе тргни клупата накаи тебе да излезам..неможам ми вика ЧЕКАЈ РЕКОРДОВ ДА ГО СРУШАМ (тертис играше типов) ..ја тука се мачам а он рекорди ке руши..океј тоа идам на соученикот напред пред мене што е..Абе дај тргни клупава да излезам неможам се заглавив,а бај д‘ веј бев вакво ...тој ми се изнасмеа..јас видов невидов му викам на тој што седи во моја редица ама три столчиња подалеку, Spoiler во стил дерење како од планина во планина ама ехото криво е бидејки од под клупа идеше Димоооооо браааат тргнии клупавааа да аааа излезааааамммм ..фати кутриот тегне ли тегне ја истрга едната а после и другата и јас излегов како витаминка кечап во фацава ..се посмеавме професорката почна солзи да капе кутра неможеше да се соземе..после цел ден имаше заебанции на моја сметка.. ама и не се заглавив намерно додуша не осетив дека сум заглавена Spoiler се додека не ме прозва професорката.. зафатена бев со каблите ..
Мислам дека во темава, јас сум една од поактивните. Бев во продавница, и си ја залупав главата, таму над касата, кај цигарите што стојат. Ама и тоа убаво ја акнав. А во автобус, да не набројувам колку пати ја мавам главата горе.
истото ми се случи и мене в продавница! Толку силно ја удрив што си постоив минута така држејќи се за глава па потоа продолжив да земам работи што требаше да ги купам
Кај дечко ми еднаш миев садови дека јадевме заедно па викам ај да ги измијам. И така додека миев ми се скрши една стаклена чаша за среќа дечко ми во тој момент не беше во истата соба и јас најбрзина ги собрав стаклата од чашата ги фрлив во ќесата за ѓубре што беше и онака убаво ги подбутнав подоле за да не се приметат иако на крајот јас самата се симнав доле за да го фрлам ѓубрето додека не се скинала ќесата од некое стакло И така си се спасив самата себеси и за среќа не приметија дека фали некоја чаша... Злоба!!!
Облечена во бели панталони, и над розева маичка со омиленото бело џемперче, и со целиот ми памет се потпрев на една шипка позади во скантан автобус од јсп!!! И еве сега баба ми ми донесе перено и пеглано, мојот дел ... што да видам, не се испрала рѓата. Не, нема поголема глупост од таа ... веќе се граничи со глупавост, а виновник е проклетиот замор. и силата што ме натера во есен јакна да соблечам ради пензионерите тие се криви Јсп, марфи ... должници сте ми
Сабајле во автобус. Седнав на една бабица (елегантно пополнета) во скут пробувајќи и црпејќи ги последните сили за да излезам заглавена во седиштето до прозорот