Секогаш кога слушам музика и пропратно пеам, бликам од емоции - ма цветам! Утрово слушав Pearl Jam и бетер од кафанските тетки и чичковци треснав по бирото и ја сефтосав чашата. Да сакав да ја скршам, немаше да успеам, изгледа омилено ми е вака несакајќи да правам жртви.
бев во продавница и сега земав пиво за татко ми и сок за мене и сеа да ги однесам на касата ете ти го сокот ми падна (добро е што не се истури) иначе... и сега срам ми е да одам во таа продавница веќе
Денес, јадевме со моите. И нешто им кажував колку сме биле мутави со школските што сме чекале пред школо, а требало да појдеме со останатите накај местото каде се пошумуваше. И мама ме зафркава: Абе од кај испаднавте такви мутави И јас ни 2 ни 3: Такви не' направиле! Жената почна хистерично да се смее , си велам : Добро е.
Не е последна,ова е кога бев мала накај 3-4 одделение. Беше рано сабајле и ни дојдоа гости ама тие дошле пред да станам јас,кога се разбудив слушам дека има некој а ако излезам ќе треба одма да се поздравам и дека немиена ништо ни заби ни лице, во уста си прснав парфем за да не ми мириса здивот кога ќе прозборам со нив. Бог да чува кој менталист сум била
Влегувам во продавница ( во неделата) и зедов едно парче салама за салата. Нели некои имаат конец на крајот за да се стават и закачат некаде, и типкава си го стави на рака. Продавачката пресметува и едно време ми вели: И саламата да ја пресметам? И јас целата извадена од памет, не за друго да не се враќам пак во продавница: Ја ставивме внатре? и велам, а таа почна да се смее. Јас уште толку збркана ја барам каде е оставена на биро, во кесите... Смешки. И на крај ми вели: На рака ти е? (Инаку така си го носам паричникот на рака , па се правдам пред неа ) Јас во себе си велам, зини земјо голтни ме. Не за друго туку и мажот и и татко и беа во продавницата се изнасмеаа луѓето. Ја направив народната: Магаре јава, магаре бара .
Денес по грешка сум земала туѓи ракавици, а моите сум ги оставила во кујната во школо. Ама трагичното е дека некој си го ставил клучот во ракавиците од точакот, и јас сега приметив тоа. Леле психава ме јаде.. бууу!
Си ги сечев ноктите на рацете и сум заборавила еден нокт. Се ќе беше фино ако не беше на средниот прст
па ке си правав пица и го рендав кашкавалот со рендето однопаку и кога видов дека не е како со треба се изнасмеав
Тргнав во МНТ мислејќи дека знам каде е.. а испадна сосема спротивното. Резултат на сето тоа: пропуштени гратиси и урнебесна смеа... смотана!
Последноо...лелеле кога ќе ми текнее.. Се усрамив пред цело училиште....паднав пред ситее...тамуу на одмор....а најтрагично беше што неможев да станам од што премногу ми се смеешее..ххахахах лелеее...нема никогаѓ да заборам..
Се расипал радијаторот во детска, не дува. И мајка ми ми рече, ај демек во дневна стопли си ги алиштата од сабајле, запали светло, не ни смета. И јас, станувам од сабајле, и одам во дневна, не палам светло, да не ги разбудам знаеш. И како да го реков спротивното, мајката.. Прва кривина десно, имаме масички, и јас, шлапата бауу, ги бутнав масичките, малце ми фалеше, да паднам, и да им паднам директива во кревет. И кога срипаа и двајцата.. Мајка ми: Елена, па запали светло, не ни смета. Ја: Добро, само да се онодам, и ќе го онодам.
Денес во училиште на англиски учевме како се изговараат цените на англиски и следува вежба за кај нас цените ама да бидат кажани на англиски. Професорката прашува колку е литро бензин и сите околу 60, 67 ден. јас тука се уфрлувам и викам „синоќе го качија 3ден бензинот“ и да цел клас се испосмеавме па и професорката.
не сум сигурна дека ќе биде последна си ја удрив главата во двокатниот автобус додека до мене седеше еден дечко( среќа не примети,слушаше музика) паднав во школо пред сите и нормално арно се раскрвавив(беше од поодамна,ама сеуште имам лузни на тие места) и како за крај се сопнав пред дечкото кој ми се свиѓа
Последна глупост од денеска: Одам во супер маркет со цимерот да земеме тетратчиња и потоа да си одиме на предавање. Зедовме 2 тетратки, отидовме до каса, извадивме пари и сега цимерот се потргнува да не прави гужва а јас останувам да ги платам тетратките.. Подавам 30 ден и ги земам тетратките и си чекам фискална сметка... Касиерката си продолжува да ги скенира другите производи од наредната жена што стоеше после мене а јас си чекам и си чекам.. И беше чудно и токму да ме праша што сакам, доаѓа цимеров и ми вика ајде ма, што чекаш? И јас зачудена си велам абе гледам тука нешто, ова-она... хахахаах
Како сум се усрамила пред тетка ми од Америка Се допишував со неа на фејсбук и имам еден речник од страна ако некој збор е на англиски да го притиснам одма да не го пишувам целосно зборот ( се надевам свативте ) И и кажав дека месам тесто , и место тесто се напишало тестостерон. Она ништо не се мсееше ама мене непријатно ми стана хахаха
Последната глупост што не ја направив! Си купив туш, и го ставив во кујна.. И ај да си направам нес кафе.. и почнав да го отворам тушот, за мноогу малце, и ќе истурев во чашата.
Сега, пред малку свекрва ми направи макало, и од садот да го пробам со лајчето од кисело-лутото, испрскав све со прски од устата ми (слунка-лиги, ако ме разбирате) хахаха како од лимон - ефект. Таа ме виде, ама се сврти брзо на страна уш не ме е видела, да не ми стане незгодно , ама јас знам, дека ме видела и ми е многу срам сега. Кој ќе го јаде со мои лиги сега, мај само јас