Го акнав два пати во еден ден, од земја мобилниот. Еднаш на пархет, а еднаш надвор, на асфалт.. И сега, пак нејќе да се пуни, и пак на поправка изгледа. Spoiler Иии.. ставив улошка по грешка, во бањарката на сестра ми, среќа што не сум ја ставила кај татко ми во бањарка.
Се лакирав на кревет, и на сестра ми розевиот прекривач, ми се истури син лак.. И од сабајле, на еден мобилен, го немавме сменето саатот, понапред.. И јас наместо во 10, во 9 се нацртав кај другарка ми.. Шо подрадни? Па ми дојде порано автобусот. Ама 9 е.. Ај не ме заеб. А тоа стварно, ги разбудив луѓето.
Една другарка ми побара да одам да и купам нешто од продавница.И јас одам и се враќам,и го враќам кусурот и си седнувам Таа ме гледа и ми вика:А чоколадото? Јас таква останав Кусур враќам а чоколадо не давам! хахахаха
Сабајлево, си истискав течна пудра на четката за заби. Среќа што не почнав да трљам, ќе беше интересно утро. Памет за друг пат дека со 3 саати сон не можам да функционирам како нормална личност.
Изедов и што требаше и што не требаше. Во списокот влегуваат и замрсени салфети и хартија, сосе една мушичка (НЕ БЕВ ЗА ОВА КРИВА). И неколку семки од маслинка, ништо страшно.
Наседнав на една ујдурма на татко ми. Дека сме на сметка, на т-мобајл, и треба за некој месец, да ни дадат мобилни, дека ќе го продолжиме договорот.. И татко ми, и рекол на продавачката да заокружи некои скапички мобилни, демек да си одбереме кои сакаме да ги земеме. А јас и сестра ми, сме се фатиле за списанието, како слеп за стап, и си гледаме што мобилни можеме да земеме, а тоа да ти немало врска. Памет за друг пат, не незнаеш дали да му веруваш или да не му веруваш.
Искочив од такси пошто не укопчав дека само стоиме на семафор во близина на конечната дестинација. Фаците на останатите беа, Лилит шо ти е,се заебаваш нешто?! И јас бев као ,упс,зошто сите не излегуваат,упс,уште 10 метри,упс назад у такси
Eпа вака бев до кај еден другар, и он ко увек, порничите од тел што се симнале ми ги брише пошто не се бришат и сега пак имам еден Kога гледаш од мобилен се симнуваат не знам зашто. Hема везе, не можеше да го избрише и го изгаси, ама безразлика дали е изгасен клипот мораш долго да стискаш на NO (кај што се гаси, на црвеното) за да се тргне звукот Hема везе, фаќам ја такси, да идам накај Oфи, и ........ седнувам ја, слушам стенкањеееееее среќа на тифко беше аууууууу кога видов дека звукот уште работи, лелееее во земја пропаднав Hе знам дали таксистов виде, кој знае што ќе си помислел- Oваа знаци да не ми дава дека сака да ја плеснам
Јас наседнав на финта,прилично грда на дечко ми. Вчера отидов кај него и ми дава бомбонче . Жолто,гумено. Му викам е какво е ова? Вели а бе како што ги зимаш ти оние цедевита,со витамини. И јас ок,не може да е лошо,нели И нема никаков вкус, само лигаво беше. Тој од веце се пука од смеење и сфатив колку е саатот .. до негде. Одам кај него викам е што е бе, што да му правам сега? Вика гризни го де и ќе видиш и јас ни две ни три го гризнав . Рибино масло Јас такви работи не пијам, и му викам а бе ова има вкус на риба И ми текна што е и почнав да плукам Кретен
Си седиме со другарките у сендвичара и слушам едно девојче ја прашува келнерката за „запчаник“. И ми падна смешно, си мислев дека сака да побара чепкалка за заби .. Почнав да и објаснувам на една другарка. И баш тоа истото девојче доаѓа до нашата маса и прашува може ли да ги земе зачините. И ја сфаќам дека не рекло запчаник, туку зачини.. И не само што почнав да се смеам како нездрава, туку целата окезена му викам „не“ на девојчето, без да сфатам што зборувам. Само ме погледна онака, ми рече фала и си отиде .. А јас целата насмеана, од уво до уво не сфаќам зошто другарките ме гледаат така .. После кога ми кажаа бев прво ваква после ваква
После вежбање онака жедна го дигнав шишето со мастика наместо со вода, и си испив поштено приближно колку една мала чаша на екс, а дури откако голтнав убаво и почна да ме пече на грлото сфатив колку е саат. Касно веќе си голтнав јас добра количина, ама пеече убија шта чеш Ќе си бидам сеа онака расположена и раздрмена, не сум јас крива што цимерките донеле мастика во шише од добра вода, си мислев водата ми е тоа.. инаку јас сум фино дете
Тоа беше пред некои 3-4 минути. Дрчотијата јас се симнав да си правам цедевита ... и гледам има уште од тортата на баба ... и си земав чаша цедевита и парче торта во тацна и викам во соба ќе си ги јадам таман уште малку ќе поседам на интернет и ќе ги внесам во организмот со уживање. Кога марфи нели да се докаже, јас правејќи се паметна со една рака сум ги фатила хранливите намирници и со истата отварам врата(со лактот поточно) а со друга рака ќе гасам светло. Ама некако цедевитата се најде полиена врз ѕидот а парчето торта на земја. И стојам како муле и дремам наместо да потрчам да го средам хаосот. И го оставив хаосот, земав едно ливче самолепливо и напишав мамо уклучи ми го бољерот и и го залепив на униформата за на работа. Па си направив нова цедевита, си ја испив, земав крпа, го избришав ѕидот, си ја изедов тортата ... и таман кога помислив добро е, се е решено, поминав како ураган низ дневната и слушам нешто пау пуф држ паф ... и стојам и си викам што ме чека кога ќе се свртам? се подготвив психиќки за најлошото ... и сум го фатила со нозеве мечкарски тоа маусот од компјутерот на татко ми, летна, сосе папките негови од работа и некои цдиња што знам таму ги гледам распослани низ дневна и додека ги собирав си викав само никој да не стане ... и си мислев мече кој ѓавол те натера да станеш од кревет?? Се чувствував како криминалец во сопствениот дом. И така размислувајќи ми текна дека всушност мочниот меур ме натера да станам ... а многу потрагично е што воопшто не ни мочав ... како што гледате излегоа побитни работи од тоа.
Последната е кога го зедов шишето со јогурт и земав да го цедам, и после некое време го отварам и оно пуф ко направи, а јас цела бела станав, и се околу мене. А само што се излегов од бањата. Друга глупост: Одам на факултет, брзав имав презентација и си седам пред амфитеатар, чекам да започнат предавањата и чуствувам дека нешто ми е лабаво. Си помислив дека ми се откопчал градникот, и кога фаќам гледам дека сум заборавила да го облечам . А носев тесно фустанче, и згора на се дојде професорот, и јас си седнав пред сите си презентирав, со пуштени гради мислеш на пасење се . Арно што не ми се надрвија, е тогаш ќе пукнев од срам. Среќа топло беше инаку ќе беше интересно и онака си беа разиграни. Да појаснам градлеста сум и тоа многу, и без градник не можам, па замислете каква сум била Арно што гаќите сум ги облекла . Јас секојдневно правам глупости, дечко ми вели дека го потсеќам на Трапавко од Штрумфови, а кога ќе размислам и таква сум. Трапава .
бев во веро со една другарка да си купиме нешто а пред то мајка ми ми рече да не заборам да купам млеко. и одиме на каса и ми текнува дека заборајв млеко а во исто време другарка ми ми вели еј земи ми цигари и јас на продавачката и велам една пакета родео млеко. цела редица се смееше јас се поцрвенав до уши