Последната глупост ми беше сабајлинава околу 02-03. Секогаш кога јадам касно, на среде спиење ожеднувам, па флаша вода си имам во близина да не мора да одам до кујна кога сум сонлива, оти не е една беља па во сонливото ке се спрепнам ке паднам Истото се случи вчера, се најадов колку што не треба и во кревет. Неколку саати покасно се будам жедна и со очи затворени земам флашата и почнав да се налевам, но рефлексите поспани исто како мене Едно време чуствувам вода во носот, свесна сум дека нешто не е како што треба, ама што тоа ....кога се освестив беше веке прекасно, веке засркната бочнав да се давам ти се чини Кашлам, кашлам...мажов од памет се извадил, и пали светло а јас уште држам флашата, чекам да ми помине , па да си допијам. Јас несвесна дека он ме гледал уште 10-15 секунди додека збирав душа, и пак си почнав да се налевам. во тој момент неговото загрижено лице одеднаш стана нешто вака и коментарот ЦЦЦ Како мало дете
Ехее куп глупости си правам јас и тоа така почесто . Шиејќи си кроејќи си нешто сечев сечев, ај уште малце ај уште овде ај уште онде иииии отиде тоа матријалот . Правејќи торта како вредна домаќинка ставив една таква мешалка на миксерот една инаква т.е една за тесто што е а другите нели се за помеки работи и ко се слепија тие т.е ко се извиткаа ој најди им го чарето , пожар ќе напраев пребледев од страв тиква сум како никој понекогаш.
Со него пакккк...Си седевме онака сами јас тој и другарка ми дојде малце после таа си замина на курс беше чупето...Седев кај него в скут и онака си ги олабавив рацете ШТО Е ГОЛЕМО ЧУДО ОД МЕНЕ и не забележав дека тој ми се смешка дури се бакнувавме. Го прашав што е смешно и тој само ми покажа кон раката..А јас кога си се погледнав си потонав како Титаник..Раката ми беше во неговиот џеб и сум си штракала на неговиот мобилен, сум сменила позадина, рингтонот, сето тоа несвесно..Ем чудно баш тогаш у тој момент, ем голема глупост од моја страна хахахаха кога ќе се сетам на реакцијата моја одма рефлексно раката аут ми доаѓа да се изнасмеам
Ставив сол во кафето место шеќер! А бе бабо,па постојат налепници па залепи,напиши СОЛ или ШЕЌЕР па не сум јас видовита да видам дали во тегличката сол имало или шеќер
Не е некоја голема глупост али ај. Јас по природа не сум нешто романтична. Арно ама, си спиевме со љубовта заедно, и утрото се разбудив јас прва, и си викам ајде ќе го оставам да поспие. Али, овој абер немаше од станување, а мене досадно, плус ме фати је*еж јак, и викам ќе го будам. И сега да не биде само онака будење, јас, неромантикот, решив да изигравам романтична и да го разбудам со бакнеж. Но ај да не биде толку драматично, само во образ. И така јас, после пола саат убедување на самата себе си, демек ајде ќе го бакнам, се довлечкав некако полека до него, го зјапав уште толку мислејќи се дали да да или да не, бидејќи и двајцата не сме по романтиките си викам ќе ми се изнасмее. Собрав храброст и - го бакнав. Ама не да го бакнав, туку го уплашив, абе го извадив од памет, рипна од кревет. Епа така ми е кога изигравам романтична душа. Мислела, не мислела, сепак имаше смеење на крај.
беше први мај и ние со друштвото бевме дихово. се поднапив малце повеќе и ја гледам комшивката моја таму оптегната си пие кафе. и ми вели "здраво акана" а јас му велам "супер сум тетка јагода си седиме со друштвото" тие што слушнаја се смееја и јас почнав а тогаш не ни знаев зошто се смеам. сега кога ја гледам в ходник ми е срам здраво да и речам
Влегов да си купам баничка од една фурна, и по мене влезе еден Грк, си си нарачав јас си ставив во ташна баничката и слушам како нарачува Гркот. И на излегување наместо Пријатно на продавачката и реков Адиос. Цела сум лингвистички настроена.
Си ја изгорев малку раката од капакот...Незнам кај ми е бил умот кога капакот од фурна само што е изваден и јас со рака земам и на под...Кога тресна на земја мајка ми ме праша дали јадењето сум го истурила За среќа не се истури
Зашто ми беше досадно додека бев во ве-це и си слушав музика на мобилниот. И прибидејчи имам две ЛЕВИ раце, погодете што се случи Да, да, баш тоа. Ми падна у шоља. И коа го извадив си работеше, и после коа го избришав си работеше. Го сушев со фен и сеа нејќе да работи. Е уште ми фалеше да се расипе телефонот!
не се срами ! не си сама ! ха,ха,ха и син ми е ист ко тебе ха,ха,ха, ,, ПЛАВУШ,, фала богу не му се расипа телефонот ко му падна во шолја !
Се заглавив и вц у школо и не можев да се отклучам..и пробав да излезам одозгора ама немав силааа коа треснав луѓе на плочки цела половина уште ме боли..хахахах
Дека по дома си седам по пижами, дво метарски, и ми се влечат цело време. Кога сум седнала на компјутер, сум ги згазнала со столот, без да видам, и ај да станам.. И почнав цела да претам, уште малце ќе направев колук наназад, среќа сестра ми ме чекаше да станам од компјутер, па ме задржа, иначе отидов ј*бана.
Пред некој ден, во школо, сум земала памук, наместо новчаник. Добро е што не сум ги понела чепкалките за уши.. Среќа што одвечер си ја местам ташната, иначе ќе беше интересно..
Ми паднаа 2 вештачки нокти, и ај да си ги залепам.. Арно ама, си ги лепев на биро, со брз лепак, и после 10 минути приметив дека сум ја залепила тастетурата, 1/4 беше залепена за бирото, и тоа асално.
Си легнав со мокра коса пред некој ден и тоа врзана. А бидејќи ми е многу долга и многу густа, некако е дива и многу се плетка. Кога се разбудив сабајлето не можев да го извадам стегачот. Од земја се траќав влечејќи го за да го расплеткам. На крај успешно го расплеткав ама во еден заден дел повнатре во косата ми се имаа направено такви ужасни сплетканици што просто ми се плачеше кога ги видов. Ја преврзав некако и отидов нашколо. Попладнето коа се вратив си викам ај,ќе ја измијам и ќе седнам да ја чешлам. Ама пусто чешлање како чешлам се плетка се повеќе и повеќе и на крај испадна една тутканица ненормална па морав да ја викам цимерка ми да ми асистира и да ми помогне при чешлањето. Влечи тегни,куби се ми отпадна главата и никако да го расплеткам. На крај при едно влечење ми откорна толкав прамен коса шо ќе заплачев од мака. И видов не видов знаев дека нема друг излез и решив да го крцнам. Арно ама јадници ножиците нигде ги нема низ кафаната И сега...најголемата глупост од сета оваа глупост: си го земав неискористениот жилет,си седнав пред огледало и крц,крц си го отстранив топчето тутканици од главата. После си ја измив косата,си се исчешлав,си се исушив и ко нова ми е сеа. Само малце ми е криво шо ја стригнав така ненадејно и неочекувано. Можда ќе се здружев со топчестата тутканица во мојата коса,од кај да знам?
Бев во продавница по леб и сок, и излегувам од продавница и му викам на продавачот чао тато Се освестив што реков, се вратив во продавницата, ми се смеат сите што беа таму и јас како зелена ахаха извини чичко Т ајде чао