Едвај најдов асална честитка за Хуго, мисли мисли што да напишам, ајде некако го скроив текстот, го изнапишав, пенкалото бавно се суши, гледав да не ми се измрчка... готово! Среќна, најсреќна. Таман да ја пикнам во плико... сум ја пишувала од обратната страна! Сум ја свртела наопаку бе, каков кретен! Па бев да купам друга, уште продавачката - ти се бендиса оваа ептен? - Да. Ептен. Таа на татко ми ја адресирав - До Д-сезнајкото. Внатре му изнапишав се' и свашта - од поскоро пензионирање, па му посакав едно куќиче и бавча да си копка, и на крај му пишав - имаш ли жена и дете што те трпат - ти си најсреќен човек. Ја пикнав во сандаче, и кажувам на мајка ми, оваа па ми прави фаца - може ќе се навреди, греота е... па викам - да ја извадиме, што да ти кажам? - Само он има клуч од сандачето, ја мојот го изгубив. Наши сме си де, што ќе се навреди... м?
Ждригнав на фризер лелеле жив страм ме облеа ,арно што работеше тоа фенот ианку јеби ми се матер. Друго му прднав на децко ми в кревет уффффффффффф не беше дома арно арно фала богу. АААа да не се имав видено со дечко ми долго и прво влегување в куќа слекување тоа чизмата ииии опп на зидот една флека поголема од главава моја идиот а ѕидот е светол нежен и пресно кречен
Се вратив од работа, си се туширав,и ај да си направам атмосвера во соба ,па ке уклучам сијалички новогодишни,земам тоа го ставам во штекерчето и гледам му ги снемало запците ,како без заби останало од сабаљето кога ги исклучив со струја не се игра алооо
2 дена не сум направила глупост, тоа е за пофалба. Па затоа можеби денес надокнадив, иако не се некои големи глупости.. Првата, беше кога си пржев јајца, и несакајќи ми падна лушпа во тавчето, и ја бркав 5 минути. Втората, беше кога по грешка сум го заменила ќесето со ѓубре, и ќесето со компири за ручек. И изнафрлав лушпи од јајца во компирите..
Си купив едно маиче така троа посапичко, го исправ на рака дури, од страв да не го уништам во машина, а бе мераци и церемонии навелико. Така позасушено го закачив на ќумбето ( и тоа без штипки, какво мозоче имам, не ми се верува само), ем чисто, ем миризливо, ем необлечено, да се досуши за да го носам, арно ама додека редев други парталчиња, маичето ми падна на ќумбето .... ииии само прочури. Во тој момент, мислам за три стотинки од секудата реагирав, го кренав и што ќе видам, притисокот 200, вриев - дупки насекаде, се тегнеше како мастика... а бе ќе си пукнев од мака .
последна глупост што ја направив е тоа што се скарав со библиотекарката и кренав врева оти книгата ја имаше а нејкеше да ми ја даде па се жалев кај директорот и вејке ме е срам да влезам во библиотеката затоа што на жената и дадоа отказ заради мене
Смукав в соба... И кј што е поставен компјутеров имаше прашина и место да земам крпа да ја избришам реков дај со правосмукалкава па потоа со крпа ќе поминам... И тука ми беше џебниот инхалатор (ти е од Докторс пто личат однадвор на лабела, за шмркање ) и го собрав со право смукалката... Сега не го вадам, Бог знае што не насобрал xD
Не сум по глупостите али ајде, се простува еднаш ако се случи нешто. На татко ми колега дојде со син му, од Охрид. Али, син му, шта да ти причам! Манекен, шмекериште. Их! И ајде гладни луѓево, мајка ми не е дома, татко ми врска нема од готвење. Јас се јавувам. Изматив јајца, исецкав суџук.. Ставив се во тенџерчето, и сега да го импресионирам дечаков нели.. Со цел памет го земам тавчето во рака да ги вртам јајцата(како што се вртат палачинки, незнам сега кој колку сватил). Кога се разлетаа на сите страни, на таван се залепи, на ѕид.. И дечково ко што се смее му паѓа тоа од таван на глава.. Лигаво целото, недопржено. Браво Синтија! И за бељата да биде уште поголема кога им правев кафе, наместо шеќер... па знаете веќе, шлапнав сол. Ама ми кажаа од коа ги испија кафињата, не сакале да ме усрамат по втор пат. А приметив прават фаци, пих. Срамота! Што друго да кажам.. И ништо од прчењето пред згодниот.
Премногу звуци ми имаше у собава,што од ТВ, што од папагалот,што од мајка ми и таква успаничена го грабнав даљинското да намалам звук дека глава почна да ме фрка и наместо накај телевизорот јас го насочив накај кафезот од папагалон и седев така 20 секунди и се прашував зошто не се намалува. Е ај сеа..
Татко ми ми ја прегази ногата со задното колце од колата. Да , добро прочитавте. Излегов од кола оти требаше да ја паркира а јас да му кажувам дали иди кола . И додека давав гестикулации со рацете невидов дека едната нога ми е испружена нанапред. Ми ја згазна ногата јас почнав да викам а тој побрзо помина за да не се враќа назад оти веќе ми беше згазната. Плачев едно 15 минути , мајка ми ме масираше после се смеев како нетачна фала му на Господ не ми е скршена сега само малце ме наболува домалиот прст до утре си велам ќе се среди . Мутава сум богами ...
На ова можеби и ќе си помислите дека скроз сум отидена. Spoiler Од сабајле, си облеков боди, арно ама, ми се скинаа прерамките, а другите ми биле за перење. И мене толку ми чука.. облеков едноделни купачи, и така си отидов во школо. Ама, снаџи се, па живи! Башка црни беа, и ко ништо да не било. Само ако некој, на некоја тераса гледа закачени купачи на жица, да не се чуди. И дефинитивно е туу мач инфо.
Па обично киксови и гаови ми се случуваат кога имам трема или во периоди кога сум многу расеана, ама не ми пречи да се насмеам со другите на моја сметка. Инаку последно така што го помнам е кога ќеркичката имаше 4-5 месеци и нон стоп и менував лигушки. И така требаше да и давам да ручка па да и ставам лигушка и ја земам место неа јас почнав на маж ми да му ја врзувам Тој си мислеше се зафркавам, а јас сериозна, ама не кажав дека згрешив (за да не ми се смее мајка ми оти обично само ме зафркава) туку направив да изгледа како шала.
Си перев некои работи (долна облека) што си ги купив денес и бидејќи ги перев на рака, ги обесив надвор на сушалка да се подисцедат малце па ди ги ставам внатре на радијатор. Ги обесив и си терам работа, а нив ги изумив. Се качувам сега горе и ми текна кога го видов легенот. Излегувам на тераса да ги соберам и кога ги фаќам - камен! Замрзнале . Само два пара гаќи арни се, другите работи скрос се замрзнати. Прслуците како калапи за мраз се .
Си праќам сама на себе ЛП, нешто требаше да зачувам а не сакав на ПЦ. Не е важно, и ја праќам јас пораката, и гледам горе ЛП 1. И си мислам таква збунета: Од кого ли е ова? И моментот кога сфатив. /facepalm. I'm retarded.
Бев на свадба. Не бевме нешто значајни-јас и моите. Ама долг пат дотаму, па само што стигнавме сакав да си ја проверам шминката и косата. Ми вика мајка ми-па еве кај е вц-то. Јас одам, се враќам, гледам-ме гледаат чудно луѓето. Се мислам-епа, не ме виделе вака средена. Сум влегла во машкото вц.
Идиотот јас почастив еден асистент со вакво смајли Боже мили кој знае што си мисли а беше тотална грешка ... му напоменав ама сепак не е културно. Ама знае дека сум си заљубено и тотално расеано па се простува Друго, си ги покрив салатите на маса што ми беа да не се сушат, и изумив дека секогаш ми гори свеќичка на маса, кога осеќам ми чури нешто, смрди, кога видов што ќе видам, мини пожар се раскокав и на цела среќа само крпите изгореа и една кеса Глупааа
Зборам со дечкоми 10-15 минна мобилен, и упорно трескам и барам низ собата каде сум го ставилаљтелефонот. И после некое време дечко ми ми вика,абе што си се разлупала толку?Викам, мобилниот си го барам.Човеков кога фати да се смее и таман да му речам што се смееш ми текна дека всушност мобилниот ми е во раце и борам
Па и не е многу голема.. Само што, јас секогаш кога сум дома, трчам од соба до соба, со брзината на светлоста, и секогаш се залупувам во нешто. Ама така имам навика, да трчам.. а не дај Боже некој да ме вика, тогаш за 2 секунди ќе се стрчам, и испружам пред него.. Така прееска, излагам од веце, како некој да ме брка и ја учукав ногата во рамката од вратата. Ама несакајќи, дека се набрзина правам, сум ги искучила сите копчиња за во веце, и сум ја исклучила и греалката, а мајка ми требаше да се бања..
Бевме од школо на прошетка. И седиме девојчињата од клас во круг и пред нас грицки, сок... и иде наст. по физичко. И другиве го викаат: наставнику дојдете земете нешто. А ја се кикотам нешто. И тој не одмина малце, а јас со грб бев свртена кон него, и тој се вратил, а јас: СЕ ШАЛИМЕ! хаххахахаа. леле! човекот сакал да дојде да земе нешто, а јас..
Го голицкав пилето на другарка ми со четка за руменило. Знам дека е типична глупост и дека можеше да скине конци на место, ама многу беше забавно.