Сега кога бев кај дечко ми неговата мајка му кажала да идам во собата каде што беше таа да и честитам нова година и тој ми кажа а јас од пусти срам не сакав да идам. И сега срам ќе ми е да ја погледнам во очи.
Не е мој гафов , на братучед ми е преске ми го кажуваше се пресмеав : Свирел на некоја свадба, и сакал да оди во вц, и демек да упали светло , тој го изгасил тоа во салата кај што играле гостите и влегол во магацинот
отидов до продавница (газдата сам си работи значи и продавач и газда и се е) и зимам Струмка му давам 1000 ден и он отвара каса и вели Зоза немам ситни ајде после ке ми донесеш (а тоа најмногу мразам кога имајки пари ке ме пише па после јас да го мислам долгот) и јас наместо да му кажам епа извади од џеб па после земи си ти од каса...јас ни две ни три му велам епа тогаш дај од тебе јас не сакам да ме пишеш а он па зачуден ме прашува како он да ми платил сокот...
http://www.youtube.com/watch?v=8ghMUf3imXU Напраив лом, ама убаво ми беше... На тие говедата малце им беше!
Тој:Што правиш? Јас:Еве ништо си седам. Ќе гледам филм. Тој:Кој филм? Јас:Злосторство и казна! И таква упорна во тоа што го кажувам, а тој ми се смее. Ми вели: случајно да не гледаш Љубов и казна? Јас:Оуу, да да! Па и не е некоја глупост, само брзоплет јазик.
Во парфимерија со надеж да купам Силк ленти за депилирање. И вака се одвиваше краткиот дијалог. Јас: Дајте ми Слимс ленти за депилирање. Продавачката: МОЛАМ?!?!
Еве и јас со моиве глупости:Со намера да одам кај другарка ми која живее во зграда си отварам еден стан и се дерам по името на особа x а он да ти бил станот на другарка ми спарат погоре и гледам доаѓа еден господин и ми вика кој ви треба? И јас упс грешка,абе бруки живи!!!
Бевме со сестра ми сами дома и го викнав дечко ми на гости .. Накај 23 часот ја испратив сестра ми да спие кај моите во спална (она има само 9 години), јас и дечко ми останавме во детската соба, и бевме мноогу немирни светлото беше угасено и имавме пуштено музика, по некое време само видов дека некој го упали светлото(се извадив од памет) неможев да видам кој е затоа што дечко ми беше врз мене (си помисив дека е мајка ми ) Кога ја слушнав сестра ми како вика " Може ли малку потифко " сакав да се закопам во земја Ја излажавме дека се тепаме .. и ја поткупивме да не и кажува на мајка ми ( не дека мајка ми незнае дека имам секс со дечко ми туку нема смисла да го правам тоа додека сестра ми е во соседната соба .. ).. Од сега па натаму никогаш повеќе нема да ја оставам вратата отклучена!
е то не е ништо ам ЈАС?!::!? на член на семејството му беше многу лошо а мене ми беше срам да викнам брза помош !
Не работеше нешто тастатурата, некои копчиња не работеа, и сега таман, си зедов друга, ја ставив, го рестартирав компјутерот. Требаше проверка на дискот и знаете, ентер во времетраење на 10 секунди. И јас наместо да стиснам ентер кај другата тастатура што ја донесов, на таа другата стиснав и се бунам-зошто не работи?! :?
^^ А често ми се случува и мене нешто слично, кога работам на лаптопот упорно го штракам маусот (од пц-то) го влечам му се чудам зашто не работи
се ставив во врска со типот со кој сум, а не го сакам само му глумам, а на еден друг тип што ми се допага му правам филмови дека не сум во градов, а толку пати сакаше да одиме на кафе(ама нема да биде само кафе, тоа сигурно) и видел на ф.б дека статусот ми е во врска од беља во друга беља запагам
не ме чуди што вака се случуваат работите, никогаш не сум имала срека во љубовта, не за џабе никот ми е срцекршачка
Креветите во дневна ни се како во Ге ставени.. И мене од цел кревет, баш у дупчето ми се истури пола сончоглед. Т.е. дупчиште е. Сега оди бркај го позади кревет.
Ме викна нешто сестра ми.. и јас затрчана, и изгаснав светло кога стигнав. - Зашто изгасна? - Па не беше изгаснето? Не бев свесна во моментот.
Имавме час по ликовна уметност, и професорката ставаше оцени. Истовремено испрашуваше така што ти покажува слика и треба да кажеш што е тоа на сликата. Еден другар требаше да ја погоди златната маска на Агамемнон. Во моментот не му текнуваше дека се работи за Агамемнон и кажа само "златната маска". На тоа професорката рече дека е очигледно дека е златна маска. А јас се извикав (сигурно било многу гласно штом ме слушна, со оглед на тоа дека седам во претпоследна клупа) :"Од каде знаете? Можеби е позлатена...." Потоа не ми рече ништо, само ме погледна и се насмеа.....
Влегвам во парфимерија целата пресреќна што сум собрала пари за нова маскара и му велам на продавачката имате маскара факс мактор? (наместо макс фактор) и ме гледа збунето неколку секунди а јас упорна уште еднаш си прашувам и почна да се смее. И некогаш пак мешам и на грешка велам факс мактор ама сега пред да влезам во парфимерија си го велам зборот во глава
Ставив нова слика на фб и незнаев што да напишам во description ...Слушајќи една песна сакав да напишам ,,but I`m happy ,,. Наместо тоа , занесена од песната напишав ,,but I`m bitch ``. Се одјавив и го сменив дури утрото .