Пешачев денес се беше ок , ама занесена во белината не видов дека има мраз и сум паднала на гз Сите ме видоа и се отепаа од смеење . Јас засрамена си заминав
Кога пееја василичари кај мене пред врата, на едно дете што е седмо или осмо одд му ставив во торбата 10 ден... И ништо чудно нели, освен што на 10-денарката и фалеше еден добар дел од неа а јас ја стуткав и му ја пуштив во торбичето, хахаххахах Па уште и викам: -Догодина повесели!!! Spoiler Лоша сум, знам дека не требаше ама ајде...
Се мислев дали е за тука или Зини земјо голтни ме, но решив тука Му се жалам по телефон нешто на дечко ми и го слушам шепка од таа страна нешто, ама со брзина на светлината. И така он си повторува неколку пати ама јас не слушам што е. И не знам од каде ми дојде му викам и јас те сакам, мислејќи дека ми рекол те сакам, те сакам, те сакам... Ми вика и јас тебе те сакам. И јас ама зашто ти мене ме сакаш кога ти прв ми рече те сакам, јас само ти враќам И ми вика ама јас ти викав те жалам, те жалам, ми се жалеше нели? И така си пропаднав јас во земја. Сега кога и да се чуеме ми вика те жалам или те сакам? Безобразен!
Kако што навивав ракомет.. Седев на едно пластично малечко столче, а позади е печката. И дека столчето малце се стопило. А и дека на секое скокав, направив колкук наназад, се струполив и траас се испружив до печката. Баш исто како Милан од Жикина Династија во 00:05. Сестра ми ме скина од заебавање. http://www.youtube.com/watch?v=Pq3SkEab ... re=related
На родителски, принцезава, како под-претседател беше повикана да земе да ги подели евидентните листови меѓу родителите. Одам јас до катедрата, а што класна имам ќе се чудите. Не смееш да трепнеш на час, ке те запише, а не па молив да побараш со ултра тивок глас. Ми ги дава класната, иначе професорка по македонски и ми вика повели, и јас од учтивост и викам тенкју. Ме погледна чудно и после немаше еден во училницата што не се смееше, а јас... пс: мислењево ми е 222.
Мајка ми ми рече, што имам црно за перење, да ставам за перење. И јас како по обичај, наместо во корпата, секогаш ги ставам алиштата над корпата. А и предходно имаше некои алишта, и се изградила како пирамида. И сега да одам во веце, пополека затварам врата, да не разбудам некој, кога се свртев, кога срипав, кога видов толкава црна фигура, се извадив од памет.
Пред некој ден после вечера,се договоривме со муж ми и малата да одиме покрај плажа и ке си земеме сладолед,и отидовме да купиме,и јас на мојов му велам Cакам сладолед од ice cream наместо да кажам дека сакам од јагода,важно убаво се насмеавме A ова вчера ми се јадеше и не сакав да валкам чинии и си зедов пластична чинија,и се најадов,појдов в кујна,во мијалникот си ја измив и си ја ставив да се цеди,после ми текна што глупост направив
хахахаха Паметна работа Јас вака ја будев другарка ми Летово идам кај нејзе у 3 саат попладне она спие ли спие..ја будам,ја будам -она : не станувам па шо сака нека биде,ми се спие! Ја и викам ок тогаш ,одам од кујна полнам чаша вода се враќам и ја бањам Да ја видиш како станува за секунда времее Инаку има мн глупости ама не ми текнуваат сеа ....како на пример ,се смееме ко ненормални со другарките и сеа веќе едно време престануваме и јас им велам ,,оф леле...срцето ме заболе од смеење,, и ови пак почнаа,мене додека ми текне шо кажав
хаххахаха . Пред некој ден со такси одев кај една другарка и сеа требаше да платам сто денари . и кога го вадам паричникот ,што ке видам само 10ден(другите ги забораив дома) . Ми беше мнг срам и не знаев што да правам , го викнав другарка ми и таа ми платееше.
Koга завшри натпреварот, го покажаа чешкиот тренер, како и да се вика. Онака накиснат, ко кисела краставица. И јас со цел глас: Плачи Пич*о, НА .!. Spoiler и покажав среден прст Пред мајка ми, татко ми и сестра ми. И почнаа да ми се смеат. Епа гајле ми е, победивме!
Излегов на тераса и пеев со сета сила на глас со став како човечето од на елена потписот а комшивката со запалено светло на тераса си постилаше алишта A јас со тој став си пеев ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ ПРАВО НА ТЕРАСА...!!! си ја допејав песната и си влегов внатре а комшивката си остана да се смее
Па вака, беше 6 час на училиште и јас и другарками си отидовме од час, и тргнавме на кај еден кафич кој беше во близина, пиевме кафе и кога излегувавме јас слегуваќи по лизгавите скали(беше есен и врнеше) се слизнав и паднав во огромна дупка со вода, сите ме гледаа и ми се смееа јас умреф од срам, ми се плачеше од срам, и едвај си заминав дома
Се вракавме од крстот и имаше едно заледено вирче и јас како мало дете почнав да си се лизгам по него и кога наеднаш „Трас’’ на земијата.
НИКОГАШ повеќе не земам нешто да правам од интернет симнато Во случајов колачи праев ама далеку од колачи излегоа .........како торта ама развлечена ,башка со калап требаше д а ги сечам ама ај сечи нешто со не се соединува едно со друго ,само да видите колку се смешни ,кај така викаат по мене низ дома дека се утињам па уште и ова сега има да има смеа и заебанција на моја сметка абе шо па каква иризба шират остра ,сега и проветрување ми фали во соба
Наместо да излезам од дома во 12 и 20, за во школо, да го фатам бусот. Јас сум искочила во 11 и 20. Па уште се чудам, зашто нема гужва. Излегов од автобус, и гледам 12 саат. Ми одеше да се отепам. А не ми е прв пат, ова. Еднаш кај другарка ми наместо во 9, јас во 8 и се нацртав пред врата. Па уште и викам.. Абе автубусот ми подранил.
Заминав у кафич да гледам ракомет, не со мое друштво.Си поминав ТАПА! Ваква глупост(грешка) не правам веќе.