Го гледав натпреварот и од навивање ми се откопчал градникот. Ја па, циклама на бела маица.. И прерамката ми излегла од маица и сите дома ми се смееја, ја ништо не приметувам. Сега сестра ми ми кажа.
А јас мислам само мене ми се случуваат глупости????Вчера си одам од работа и како обично се фрцкам,си разгледувам,и кај баш да не ја видам скалата......Згазнувам од високо и пуфффф на коленици паѓам....а снег,вода колку сакаш....Од срам не ни погледнав дали ме виде некој....Главата надоле и магла да ме нема......Тадури ни сама небев свесна што ми се случи.....Среќе се ми остана на свое место ....А пак кога сфатив после 5 минути што стана,одам по патот и умиран од смеа .Толкава (сомустрачка) да се испружи среде пат....Па пак се вртам некој да не ме гледа и да си рече оваа полудела се смее сама.....
пред 15 минути,се враќав од продавница и дека темница и надвор светилката не беше уклучена а има цели скалишта до кај мене на 2 спрат и онака затрчнувам за да скокам по 2-3 скали наеднаш и ко иде да ја промашам скалата и бум-дум-трес се спростив на скалите и ги избројав ѕвездите.
Пред едно 10тина часа, јадев бисквити и млеко. И наместо во кујна, да ја ставам чашката за миење, јас ја оставив на машината за перење во веце. После кога ми текна што сум направила... Трк во веце.
Не баш последната ама добра глупост е Со другарка ми излеговме.Мислам сабота беше И јас во штикли и го гледам симпатијата И се поздравивме и си продолживме...По скалите надоле јас да се завртам да го видам уште еднаш,незнам како со штиклата стапнав на скалата и на колена паднав со се штикли Арно што не се заврте ниту пак ме виде Spoiler Веќе по ќе внимавам кога одам на штикли и тоа на скали
Ми се скина бодито кај тоа што се закопчува и зошто немав време да го шијам земав го заврзав. Погодувате што ми се случи кога ми се примоча, морав скроз да се соблакам.
Не е последна, од пред месец и нешто. На пазар во Прилеп за текстил стоиме јас и уште две деца и гледам јас едно боди и го проверувам материјалот и на еден чичко(што си поминуваше со жена му покрај нас) му викам: Колку е бодито? Тој претходно поминувајќи и рече нешто на жена му и ја помислив дека нас не прашува што сакаме И тој: Деца, не сум ја продавач. Моментот кога сфатив што направив беше
Исто ми беше, кога облеков купаќи, наместо боди, зашто ми се скина прерамката. Иначе денес, по грешка, се симнав една станица после Карев, и одев пешки. Не е нешто којзнае колку далеку, ама јас од брзање, жива вода станав.
пред некој ден седиме во кујна со мајка ми и нешто се зазборувавме за работа, фирми и ми вели ај погоди како се вика службено патување на бугарски и јас и велам незнам кажи ми ти и таа ми вели КОМАНДОВКА кога ке се сетам на тоа зборче уште ми се смее
Последна глупост што ја направив ли? Без размислување ќе ви кажам, ТОА ШТО СЕУШТЕ СУМ СО НЕГО, И ПОКРАЈ ТОА ШТО СРЦЕВО МИ ГО СКРШИ, МЕ УНИШТИ, МЕ СПОБУДАЛЕ, А ЈАС УШТЕ ГО САКАМ И МУ ПРОГЛЕДУВАМ НИЗ ПРСТИ, Е ТОА Е МОЈАТА НАЈГОЛЕМА ПОСЛЕДНА ГЛУПОСТ ШТО СУМ ЈА НАПРАВИЛА!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Паднав и тоа во 9-ти месец бременост, среќа што на колена паднав не на стомакот инаку , само ногава што ја свиткав и цела ми се потече и помодре ама ми поминува, така е кога одам и гледам горе во чавките.
Оваа ми е најголема глупост ама не е последа... Бев мала некаде околу 3-4 години,и не знаев што е тоа секс....и го прашав татко ми!!(секако немаше одговор право мајка ми ја смени темата) Го слушнав зборот на тв и сакав да знам што значи...бидејќи бес љубопитно дете И на нова година....се изглупирав пред симпатијата
не ми е последна ама ми текна во моментот, слушав музика на слушалки пред да почне предавањето и читав од тетратката на колешката што напишала од претходниот час,така целата сконцентрирана на тоа што го читав не забележав дека бил дојден професорот идека цел анфи полен со студендти се стишил , и така почнав гласно да зборувам на колешката дека не е така тоа што напишала и мислев дека не ме слуша уште поглано и кажав таа само ме удри со ногата и јас ги тргнав слушалките да ја прашам зошто ме удира кога гледам сите студенти се свртуваат накај мене а ја пак мислам некој позади мене направил глупост па и ја се вртам и тогаш го слушам професорот како колешке што сум погрешно кажал претходниот пат :geek: јас зачдена а сите се смееа и нестигнав да кажам ништо зш после смеата професорот продолжи со предавање,пев предмет на оговарање следните некои денови
ми замрзна водата на работа,и вареќи кафе сум направила со газирана вода ,а јас чудисе зашто толку балончиња се прават??