Мила немој да се чудиш, ако детето ти излезе вакво како мене Се зафркавам, само што и мајка ми паднала во 9-ти месец од бременост... Додуша на мене паѓала цела бременост... Последици : - Јас штракната; таа цел живот лузни на колениците
Сега си гледам и симнувам сликички јас од згодни момци така полу облечени и влегува татко ми во собата и очите директно кај мене на дескттоп има шо да виде цел екран со слики од момци... а на background двајца без мајци растргнати колку се големи и широки И само се насмеав онака скиснато а тој човекот повеке од мене се засрами хахаха
Паднав во дискотеката кај што бев излезена по скалите,се струполив на коленици.Бар да имав нешто пиено,па да се оправдам дека е до тоа...Од чиста мира,сок пиев и паднав како луда некоја. Колку ми е срам...
Ми се скинаа гаќите од страна дур бев излезена и бев во тоалет, па фино ги врзав во чвор. Во последно време станав махер за „поправање“ вакви глупости - се` во чвор врзувам.
сега на продавачката место да и кажам дајте ми кафе c ја и викам дајте ми c4 ( арно што не ми викнаполиција)
Фалев на темава. Си направив чај, жежок, полна чаша, до врв. Сестра ми на компјутер. Јас поминувам покрај нејзе.. Она пискање: Ааааа. Јас само ја гледам. - Пали светло, пали светло! - Зашто? - Па ме попари ма. Леле, маицата лом.
Мама правеше пита, и после тоа отиде до комшии, во меѓувреме јас да тепам досада цела пита ја извадив од тепсија и ја скрив хахахааа, таман завршив си дојде татко ми, јас се оптегнав во дневна, дојде мајка ми и мести жената за јадење, кога вади празна тепсија. Додека ја гледав збунета си замислував прашалници како и излегуваат од глава, и одам шпиунски и шепкам мамо тато ја изеде цела безобразен е и излегувам од кујна, и се втикам од смеење а таа урла, како не ти е срам, на децата ништо да не им оставиш, а овој поим си нема зошто жена му му се дере и се мачи да дојде до збор Во целата фрка јас си влегов си ја извадив питата и си седнав на маса со troll face хахахахаха ги пукнав од зафркавање цела вечер, штета не можев да снимам ќе ме фатеа одма дека сум гилти како и да е, се изнасмеав за сите пари
Последната глупост беше предмалку Дома беа дојдени братучедите и се смеевме, ама изледа мене не ми беше доста И го турнав столот на сестрами и таа падна
Ја скршив кујнската маса, дрвото за потпирање го вратив на место го потпрев за едната ногарка, сега изгледа целосно, ако некој седне и се потрпе ојде, се рсклопи цела.. си замислувам како си ја поставиле, има вечера и се потпираат и трассссс.. мама миа срам ми е да кажам.. фак
Не беше последна ама ај... Беше утрото, 1ви јануари. И јас станав порано а вечерта многу касно си легнав (како сите) и уште не бев дорасоната кога отидов во кујната да јадам. Ги отворив висаќите за да земам тацна, а над тацната имаше една подлабока чинија за супа (нова беше). И јас наместо да ја тргнам чинијата, си ја зедов тацната под неа, а чинијата се стркала надолу, по неа зеде едно филџанче и тресна на уште една тацна долу. Три работи одеднаш се скршија Важно јас си се најадов, и не ни исчистив, сеедно ми беше После кога дојде мајка ми направи една ваква фаца: и исчисти
Хахахахахаха, се случи пред малце... Бев на кафе со другарка во едно кафуле дневна шема, и ми звонеше дечко ми и отидов во ВЦ.Внатре ми беше малце чудно али јас целата возбудена сирота не ми беше гајле. Кога испаднав од вц-то сите накајмене гледаат а другарка ми се витка од смеење. Јас само и направив фаца како ова „ “ и таа ми покажа да погледнам позади мене. Кога се свртев имав што да видам, на вратата на вц-то кај шо сум влегла имало залепено голем хамер и на него пишувало со големи букви „ЗА ПОДГОТОВКА НА ТАНЧЕРКИТЕ“. Јас само и брм брм да ме нема.
Ова беше малку поодамна, кога не бев асална што вика мајка ми и си спиев до 3,3 ипол попладне цело лето така си го преспав. И си спијам ја и слушам некој збори цело време ме расони. И идам ја у дневна и викам на мајка ми абе затворете вратата неможам од вас да спијам заќутете малку. Вујко ми бил на гости а ја онака сонлива уште, косата како струја да ме дрмала, прслуците ми се откачиле и се качиле горе над градите и се гледале (мајка ми ме опиша јас не сум ни била свесна во моментот кај се наоѓам хх) И таа ми вика Оди види се во огледалото па тогаш дојди и кажи му на вујко ти добар ден на гости ни дојде. И ја: дојдoв да ти кажам врата да затвориш ми се спие.. (Ниту сум ја слушнала што ми кажала ниту пак вујко ми сум го поздравила ) После ми беше срам да го погледнам во очи човекот
Ми се одлепија неколку вештачки нокти. И дека ми забранија на биро, дека е лом, направено од лепак. Јас ги лепев ноктите на весник. И доаѓа сестра ми, го зима весникот. ( јас си мислам, ќе го чита, и цела ќе се исполепи ) Арно ама, она баксуз, ко ја нели. И баш од таа страна, го ставила весникот, на масата во дневна, врз стаклото. После, зима го влече, не се вади. Масата.. лом. Се залепило цело презиме.. Илевски мислам дека беше. Листот тенок, не се вади.. Пробавме со нож, со турпија, со чечкалица.. џабе, само се гребе стаклото. Почнав да се вртам низ цела маса, и татко ми примети.. и ми вика. Што правиш? Ништо си турпирам нокти.. Тргни раката... Оф, оф. Пробав со ацетон, нејќе, само за џабе си го ушмрљав лакот, и видов не видов, почнав со ноктите да гребам. И едвај излезе.. фала Богу.
Негде пред нова година се мислевме со другарка ми да напрајме последна глупост за 2011...И ни текна да одиме во еден друг град кај шо одиме често,таму имаме многу роднини, а и дечко му живеј таму..Јас дома одвај ја убедив мајками да ме пушти демек да спијам кај неа ( многу блиску живејме) и ние заминавме таму..Излеговме таму в кафич се изналудвавме и вечерта ке спиевме кај една баба на дечко му и сакавме да преспиеме без да не види таја и ќе влегвавме преку џам ноќта и не начека таја..Смешки беше..Ама жената беше многу добра и не прими се изнапрајвме муабети со неа..Тројцата спиевме заедно, јас, другарка ми и дечкому и го нашминкавме ноќта со црвен кармин и туш за очи....Утредента ќе си одевме кај 9 сато и ко стигнавме во нашио град не фати еден дожд со град она и ветер и ко влеговме кај неа неможевме да се досушиме..И така лудории..преубо си поминавме, со страв да не не дознат дома..неможи да се опиши чуството
Секако, јас мора да имам по некоја дневна доза, на глупости, во текот на еден ден. Некој вари кафе од сабајле, јас си направив какао сега. И го оставив на биро, да се олади, нормално легално, легално. Ја помрднав тастетурата, и ми се истури 1/3 врз тастетурата, и бирото. Наеднаш станав, и сестра ми ме примети. Што направи сега? Истури? Бргу отидов по салфетки, цело туце. Извадив 10тина копчиња, ги пребришав. И после незнаев како да ги вратам. Па едвај пишав тастетура на гугл, и ми искочија слики. Жива е, здрава е, фала Богу. Некој ден, ако не се убијам самата, еве на.
Така поспана од сабајле се најадов и ко ништо да не се случило по конзервата в канта ножот в мијалник.