Вчера вечер кога си одев накај дома 10 метри после кафичот начекав една пијана будала затрупана во снегот. Го фрлаше снегот на горе и ја пееше ,,Снешке снешке љубави моја ,, Мене ми падна жал и му реков да стани . Очигледно не ме запримети па морав да му помогнам да стани . Ни две ни три ми рече дека сака дома да си оди . Јас нема да бидам јас ако не западнам во некоја неволја. ГО однесов кај таксите што беа во близина и му реков на таксистот да го однесе дома. Не си ја знаеше адресата дечково па ми рече дека во џебот имал мобилен да му се јавам на другар му и да ми ја кажи адресата. Немав некој избор , кога почнав барем да завршам. Се јавив а другар му беше бетар. Сепак се разбравме некако и ја кажав адресата.
леллелллелелеллеле кома сум ,во салатата што ја правев наместо оцет ставив крстена вода ох Боже што да правам кога го утнале шишенцето па ја ставиле во шише од оцет
^Во името на оцетот синот и светата салата амин. Последната глупост што ја направив беше што наместо 2 лажици кафе и 1 шекер, ставив 2 шекер и една кафе, за двајца, тенко кафе беше тоа, ама благо
Не е некоја којзнае каква. Само се допишувавме со пораки со другарка ми. И јас и пишав: 1 порака: Ok, nema veze. koa 2 порака: Ova "koa" e namesto , taka treba da go svatish. Погрешни апчиња ми испил мобилниот, па наместо знакчиња, ми искачаат букви.
Некои пријателки на мајка ми беа нагости. Мајка ми ми рече да сварам кафе а јас место да ги прашам какво пијат сварив како јас што пијам (благо) а тие горко го пиеле...
Досадата пред се ме преовладеа. и си подадов главата на прозорецот,и ги манијачев луѓето ако некој ме видел.....
Под број еден. Прочитав, дека ако се стави малце помада на веѓите, полесно се чупаат. (а јас не се чупам, скроз, него онака коа ќе видам некое жбунче) И така прееска, ставив помада, ама не малце, него малце повеќе. И косата ја направив цела со помада од напред, и ми стана мрсна. Под број два. Сестра ми, неможела да отвори јогурт, и ај јас, и цела се испрскав, поточно косата, ми се направи огномет цел, башка и наочарите, ко првут да фатиле. И сега косата од напред мрсна, а вчера ја миев. Супер.
Наместо шеќер сол во какаото и приметив од кога го пробав,и како шлаг на се се искарав со мајка ми божем таа беше виновна што кутиите за чување беа исти
Му го расипав телефонот на брат ми Пошо ја немав кредит,ми го даде неговиот,и јас не сум јас ако не напраам некоја глупост.Си се јавувам,и коа завршив го стаив на маса.Почнав нешо да си суредувам таму на маса,и со лактот оп,доле телефонот.Му се извади батеријата и ја викам добар е де ништо не му (затоа што мојов дневно по 5 пати паѓа и му се вади батеријата и иако е тач,уште е жив ).И му ја ставам батеријата јас,го укл, неќе,пробувам пак,пак неќе.Ама,ете тоа е тоа...
А,и да...од што ми беше досадно,вчера ја извадив глаата н апрозор и ги манијачев луѓето што поминуваа после,се јавувам на непознати броеви и заебав луѓе исто од досада
Се спружив од сабајле на смрзнат кал. Значи кога имаше снег, не паднав, сега кога се топи, на кал паднав. И доколку сево ова, го коментираше, коментирачот од Вајпаут.. Ќе речеше.. Иии, еве уште малце до целта.. Мало лизнување, и ова беше едно големо балетанско вртење, кое заврши со пад на десниот заден образ.
Значит таа в кревет легната гола и ме чекат, а ја играв дота FUCK поголема глупост од тоа нема да има на веков
Денес кога бев во Веро со другарките, на секој дечко што ќе поминеше му се деревме 'Дечкооооо!' во стилот на изронатата на Марјан Ѓорѓиевски!
ahahahahaa kako sum se smeela na toa video i kakov ispad napraviv na fb lelele ke si umram..eden decko so ne go ni zna m ni poznavam go imase postirano i mojot najdobar drugar go lajknal i jas ne ni zabelezav deka ne e kaj drugarmi videovo i onaka go citirav marjan i edno ogromno ahaha staiv i posle koga vidov se smeev cela vecer ..i posle deckovo me addna na fab i sea kontaktirame sekoj den
Епа, епа, епа, епа. Опрчи се пак. Паднав бе, паднав, пак. Пред 15 минути, пред влез. Се натртив. Среќа, со лева рака, го фатив калот, а во десната го држев мобилниот и парите. Живи и здрави се, фала Богу. Колениците, лом. А фармерките пред месец дена ми се. Ги изрендав. Два дена по ред. Па уште паметна, и се јавив на другарка ми: Брзо донеси ми палома! Ме мрзеше да се качувам до горе. Кога ќе ме видат, поготово сестра ми, ќе ме скине од зафркавање. Кај не чистат пред влез, па уште ни сијалици нема.
Ова веќе никогаш не го правам. Се договоривме да се собереме кај еден другар, па од таму да не зберат за во Струмица. И, сега тато не сакаше да ме носе кај другарот, под изговор дека нема бензин во колата и ми кажа со такси да одам.Ама, јас како што сум си скржава за давање пари за такси, решив ќе одам пешки. Тоа беше некај 15 за 6 часот. И така јас си одам, а бааги се оддалечени населбите, едно минимум пола саат одење од едната до другата, и сега на крајот на улицата има две улици, една лево, а друга десно. И си мислам ако тргнам десно, побрзо ќе стигнам, ама многу е темно, а ако тргнам лево, ќе ми треба повеќе време, ама пак посветло е. И така тргнав десно. Душата ќе ми излезеше од страв. Темно, мрак, се молам само да не м излезе некое куче или пак не дај Боже некој да ми направе нешто во темното. И си одам јас така, минувам низ болницата за ментално ретардирани, ја одминувам и гледам едно тико ме одминува, ама возачот се сврте некај мене и ме гледа упорно. Ќе умрев од страв, темно и никој немаше. Отиде тикото до крајот на улицата и пак се врати, помина покрај мене, заврте и пак помина покрај мене. Само се молев да не ми се случе нешто лошо. Срцето во петите ми отиде. И си викам старбакс ти од сега натаму нема да одеш пешки по темно, па и колку сака нека е скапо таксито.
Додека гледав Златна Бубамара.. Лежев на кревет, и нозете ми беа потпрени на пластично столче. Врти го, сучи го, ми се скрши, една ко ногарка.. И го оставив пред кревет, и си легнав. А осеќам, ми пука мочен меур. Гледам - реклами. Станувам, затрчување, сопнување, паѓање, продужување у вц.