Вчера. Беше доста доцна, се враќав од град и во такси забележав дека пари сум немала да платам. Застана пред врата кај мене за од дома пари да земам. На излегување од таксито, дека уште снег имам на тротоарот како брдо е направено, а јас на високи потпетици, почнаа странично да ми се лизгаат нозете надолу за на крај поштено да си треснам на земја Како што паднав ми идеше во земја да пропаднам, но јас гордо се исправив и го продолжив патот со подвиткана опашка
Вчера настрвена до немај каде, а бога ми и гладна ко куче, решив да си правам зелка салата. Си ја исецкав за мерак како никогаш до сега, се чудев самата на себе , успех, триумфирав . Си земав лимонче убаво си го истискав, и ставив зејтинче на салатката, малку бибер и на крај СОЛ, уствари јас мислев дека е сол, тоа да ти било шеќер. Па малце ми беше една мала лажичка, две и опнав на зелката. Лиги ми течеа додека ја мешав. Си викам како слатко ке си ја изедам сеа мх мх мх. Пробување... леле луѓе подобро да не ја пробав , ми се одјаде и зелка и се. Од кога фино 3 4 пати си се опцув, салатката во ѓубре, од почеток се, ама не беше убаво исецкана како претходната, ми се скрши меракот. И останав искрено полугладна. Наравоучение, никогаш не ги ставајте солта и шеќерот едни до други, секогаш постои можност истите да ги помешате и да му направите ШОК на желудникот потоа
Се решив да усисувам и прво си викам-ај и на лап-топов да му ја соберам прашината....и му собрав две копчиња од тастатурата За да ми биде нервозата уште поголема решив вреќичката од правосмукалката да ја проверам во соба за да ги земам копчињата и пола вреќичка ми се истури на теписон И така си имав забавно попладне, среќа успеав да ги наместам дугмињата
Па ми снема крема за депилација, а тамо доле, ваџејџеј гон вајлд. Со ленти се потегнав еднаш сама, тако давно, душата си ја искорнав преку 3 влакна. И што ќе прави паметњакович, удри брате, берберската. Фрп на лево, фрп на десно, полукруг, марш до доле и бев среќна и задоволна. Арно ама, одамна се немав фрп-фрп со брич и заборавив на последиците, од типот на ненормално, мајмунско чешање. Сега и јас како Анџелина стојам со ногата, и мрдам лево десно, ту сут д нервс. Боже Господе. Ама стварно Боже Господе. Spoiler
Пак паднав бре! На скали, у влез. И тоа ситуација... Јас, идам по скали, шлап, се тркалам надоле. Мајка ми: Елена ма! И после 2 секунди, се сопнува мајка ми, влакно и фалеше за да падне. Сестра ми: Мамо ма! Јас ја тегнам сестра ми: Падни ма и ти! Се отепав од смеење. И тоа секој ден, у разни пози паѓам. Па модерна сум бе. Си паѓаме ние така, чисто рекреативно, крвта не е вода. Ама како викаат? Падни-порасни. А можеби беше и каcни-порасни. Како и да е, ако се расте и од двете, тогаш јас до сега ќе бев 5 метра.
Играа карти цимериве мои, и Џинџер со сета сила им ја одвлече масата со се карти у ходник. можете да замислите колку ги разлутев, ептен беа унесени у играта. Ама, што ќе ви се тие карти мутави, бре?!
У 9, кога е време за у кревет, ми текнува кафе да пијам . Прво и велам на мајка ми да ми свари ама се предомислувам, бидејки огинот ми е јак во собата па ќе си го варам кај мене и никој нема да замарам. Мајка ми ми вели дека може и да ми претече.. не бе ќе си го гледам јас, ахам. Го ставам и седнувам пред компјутер, скроз на скроз заборавајки дека воопшто сум планирала кафе да пијам . И едно време кога почна да фрчи на сите страни, општа узбуна настана, скокам тука да го тргам, не бе фрчи на сите страни, нема шанси да му придеш . Сега цела соба ми е учадена, на минус луфтирам.........
Мислев дека ми е уклучен болјерот за да се избањам и идам накај купатило полугола кога гледам - тој што бил пред мене си го исклучил! И ајде на ново го уклучив да се стопли а надвор е минус ( на колектори сме) , башка тоа на скапата струја беше уклучен И дури сега се исушив и испеглав па можам рајат да си легнам . Утре сум од 7 на пракса значи алал да ми е...пак со подочници до колена ќе идам
Морам ова да ви го кажам. Ден 28-јануари бесна лута нервозна ,кожата ми беше тесна,а градот мал и на што ке го истурам мојот бес и јад ако не на косата.Во 17часот збеснета цела како ојдена со умот излегувам од дома и во првиот фризерски салон ,викам на фризерот шишај рамна,ишишај ми ја долгата коса докај ушите нека ми бидат покриени.Кога се видов во огледалото исфенирана како некоја тетка ,демодирана фризура што да ви кажам ужас.Отпосле кога ми помина лутината се каев и умирав од мака другарките сите ме караа ама бидна.Мојата најголема глупост излезе на косата.
Една бела маичка, ја ушљакав со вишна боја лак. И тоа баш на стомакот. Маичката ми е за по дома, ама омилена ми е. Значи стварно сум дембил.
Оваа не беше многу голема. Се возев во автобус, а тој фул. Стоев до вратата излезна. И сега, застануваме на една станица, и си викам, сега ќе почнат да се буткаат сите, за да излезат. И ај си излегов, да не ме бутнат. Се вртам, никој не излага. И си се вратив пак. Среќа не ми затворија врата.
На школо кога бев, ги извадив копчињата од тастатурата на компјутерот на кој шо седи другарка ми и ги испомешав . После почна да пишува и виде дека нешто и е чудна и ја зема тастатурата и ми ја акна од нозе Ама слатко се изнасмеав
Фифти, фифти беше моја. До компјутеров, имаше шише сок, и чаша. Арно ама, јас кога сум си ставила во чаша, не сум го затворила шишето. Дојде татко ми, го зема шишето, разбафтано. И пола сок му се истури на теписонот во дневна.
Слушалката од фиксниот в куфер сум си ја ставила и си ја прошетав неделава. Вчера им ја вратив, се надевам не им фалела.
Си сушев коса. Онака уфилмано, си снимам спот. Изведувам глупости.. И ни на крај памет, дека мајка ми е на 5 см, од мене, и мести постелнина. Фенот ми беше во левата рака. И наеднаш онака, кревам глава, замавнувам со косата. И со фенот, бап по грбот на мајка ми, и со десната рака по главата на мајка ми. И тука следи врискање од моја и од страната на мајка ми.. И јас уште стојам со фенот, и и дувам во лице, и пискам. Срце ми излезе.
Пред некое време дојдоа кај нас едни комшивчиња на гости. Јас се спремав да јадам кога дојдоа и тие, деца како деца, седнаа да јадат ама се пикнаа во мене, се залепија, демек да биле поблиску до мене. Им турив супа и си јадат децава, јас турив и за мене и зедов да ставам црн пипер. Го зедов ќесето и така, убаво, од најгоре го истресив во чинијата и си јадам. Кога фати да кашла едново детенце, солзи му излегоа на очи. Мене ич не ми текна од што е и станав, го чукнав 2-3 пати, му дадов вода да се напие и се смири и продолжи да јаде. По некое време ми текна - кога ставав црн пипер, тоа кутрото да ти вдишало од тој правот што се крева дека мелен пиперот и се закашла, а плус и залепено до мене кај што седеше, а јас сто кила пипер турив, се предозира за греота.
хмммм, поминале времиња.. веќе не ни памтам шо било последното шо сум го направила, а било глупост. Но се сеќавам кога имав 4 год. и вујкоми ќе се женеше и сите беа некако во фрки се спремаја а мене кој ме шиша..... и јас фатив самата си ја зедов ножичката, т.е. не беше една поќе беја....и цика цака се орепаф цела во косата... печурка во глата! омг....кога ме виде мајками и ми вика само ' добро бе шо ти ум сечеше.." и јас неа... епа за на вујче свадбата морав фризура да си напрам!!! хахаха и сите ми се смееја, и ден денес ме ѓибат за случката.... но др. ден се среде веќе. фризерката ме суреде, ме дотера она... секси бев. xaxaxa