Еве сега пред 5 мин. Фатив да поправам информатика а појма немаф и сега наместо 4ка че имам 2 ка шубо....алал нека ми е....море море мозок шо беше ова!
Глупост из мај мидл нејм, што би се рекло. Знам некогаш да си го исцрпам бонусот за правење глупости и за неколку години однапред Пред некое време, шетав и загледав дека во една продавница веќе донеле од новата колекција на долна облека. Умот ми се сврте кога видов што имаат и бидејќи сум жена не одолеав. Влегов, разгледувам, главава веќе ми чади од секси кинки мисли - си велам „Хм па дај да изненадам некого со некој стриптиз.“ и наидов на преубави корсети Си земав не еден, море 10! Си викам ајдее, навали! Стрвна да се видам во секси издање во сите можни модели кои ги зграпчив! Си влегов во гардероба. Си се соблеков фино лепо по гаќички само - арно ама дури отпосле загледав дека секој еден корсет се закопчува одпозади. Ист систем како градник нели, само замислете не една туку минимум 50 такви тракатанци позади. Хм почнав да се мислам, КАКО ли се облекува ова чудо. Или мора некој да ме стокми или јас сум глупава и не знам да бидам октопод на кратко и да се закопчам одпозади. Смислив друг систем. Си викам ајде ќе ги закопчам првите 25 а после ќе го наметнам корсетот како маичка па белким другото ќе успеам да го затегнам и самата. Многу „мудра“ опција. Како што го облекував корсетот, не само што не успеав да го облечам, туку облекувајќи си ја заплеткав косата во тие куките кои не беа закопчани, останав со рацете сплеткани во вис, со корсетот на пола пат до градите, мислиш сум играла олимпијада стоп. Некоја кинки верзија, нели, со оглед на тоа дека бев речиси сосем гола! Муко моја! Во паника пуштив едно пискливо, очајно „Помош!“ - ама среќа што никој не ме чу. Си реков, кој ќе ме спасува бре мене ваква гола?! Во паника почнав да пробувам да се ослободам, ама не можев - во тој момент се проколнував зошто не си ја испеглав косата! Се ослободував едно 15ина минути пцуејќи и корсет, и виткана коса, и лак за коса, и кинки мисли, и тоа што не сум октопод во некои моменти Наравоучение: Е*ате корсетите кои изгледаат убаво ама немате КАКО да ги облечете! Или едноставно само јас сум доволно неспретна за нив
Ехехехехеххе убаво се насмеав... се извинувам за офтопик ама ваквите корсети јас ги закопчувам напред и потоа ги извртам и си го наместам
се мував со момЧе кое бил залубен во мене ама јас незнаев, и беШе кратко ама слатко се повтори само два пати
Заборавив да го викнам мажот ми во спалната соба, и си спиел кутирот во дневната и денес нормално е болен .Само ми рече важно ти е да си е****, а потоа не е битно јас каде ќе спијам.леле колку ми е жал
Секој ден ми е чиста глупост. И ете на пример,синоќа не забележав дека ми се исушило лепилото за трепките,неможев да почекам едно сабајле без нив па си ставив UFO лепило на очите
Пред едно саат време си одиме со мајка ми по улица и дува ветре и и велам на мајка ми Јас:Мамо арна ми е косата да не имам рокчиња? Мама:Арна ти е само дај намести си ја онаму... И јас си одам по тротоар си гледам кола паркирана си се наведнувам си се огледувам си се наместив и си продолжив(а гледам мајка ми отишла подолу и ме гледа и си ќути)..И си заврашив јас со огледувањето на прозорецот на колата и отидов до мајка ми и ја фатив за раче.И гледам се смее женава ко нетачна и викам Шо бидна бе мамо..? И она ми вика ај обрни се одпозади ...Ко гледам човекот во колата си седел и ми се смее хахаххаха абе ќорава работа волкав човек да не видиш дека во колата седи мора да сум ќорава хаха
Требаше да бегам од часови и таман да ја фрлам ташната преку прозорецот, наставникот зад мене. Среќа еден другар ми ја зграпчи за да не ја фрлам и наставникот помисли дека се закачувам со него и му ја фрлам ташната. Ми се развика што прозорецот е отворен, ќе избегало топлото
паа .. пред 1 месец со другарками решивме да правиме торта..Го направивме тестото (од најлесниот рецепт на мајками ) и потоа требаше да се направи филот.Го направивме и филот..Потоа наместо на тортата на нас и на кујната заврши ..Другарками зема да ме мачка по рацете па јас на неа ..И ние и кујната лом станавме.. Кога дојде мајками жената ваква беше ..вика добро ај деца сте уште што да ви се прави
Леле колку глупости имам правено како помала хаххаа само ко ќе се сетам Како помала татко ми и мајка ми ме оставле дома сама бидејќи немало кој да ме чува и така целата блесава сум излегла пре зграда и имало некое прасе и јас цело време сум викала куту кути(сум мислела дека е куче) хааххаа - Исто така имам облечено спавачица од мајка ми и сум бидена на именден кај еден вујко и така се имам сетано по цело село
Јадевме во МекДоналдс и јас почнав да зборам за хамбургерите, Леле ама се грди, па тоа краставицата на средина кисела, кај иде со кечап, тоа кромидот, да ти се згади, а до мене стоел човекот што работел таму, и бришел послужавници. Не го ни приметив. И децава се смеат, и после излеговме и ми вика едно девојче, Леле не го виде човекот до тебе бришеше послужавници а ти си збориш за краставиците.
Баш на Нова Година сум тресела зелени - несвесно Си легнавме негде околу 3 со другарките.Јас легнав на една фотелја со нозете на парното,непокриена.Дошле родителите на другарката кај што славевме и и кажале на Сара* да направи место за мене и Ивана**.Ивана се поместила и си легнала до Сара.Арно ама,кога дошла жената мене да ме викне почнала забавата.Еве го разговорот: - Кристинче,оди легни до Сара и Ивана. * A?Ааа нема потреба,тука ми е супер. - Ама дете не си покриена,ќе настинеш. * Абе,добро ми е!Туу - тука ќе си спијам. - Ајде стани сега,легни си на креветот. * Аман бе,остај ме сега да се расправам со Жикица***. ..... Не сакам ни да знам што друго сум тресела Сара* - другарка Ивана** - другарка Жикица*** ( Никола ) другар ( кој не се збираше со нас ) - не ми е јасно што ми текнало и на Нова Година да се расправам со него во сон
Бев на роденден кај една другарка... И се начукав едно здраво ме турнаа и паднав врз маса... резили.. и си го преспав цел роденден....
Сабајлето на 1ви, одам мамурна до продавница да купам милка и сникерс и продавачката ми вика - 100 денари девојко.. јас, целата разбушавена си го ваѓам кесето и наместо 100 и давам 50 и уште си чекам кусур..
Место да пишам во темата Последен филм кој го гледав, сега гледам дека по грешка сум го ставила тоа во Филм кој никогаш нема да ми стане здодевен. А тој филм па и баш не сакам да го гледам повторно затоа што не е пријатен до толку за гледање Ах мори мори Пирамидо, се гледа кај ти биле вчера мислите и што си правела
Идам прееска јас на англиски и си слушам музика на телефон.И ми се јавува мајка ми. И си зборам јас и да седнам на столот да почекам да заврши таа групата што беше пред мене има од шанкот една даска ко испакната напред и јас не ја видов коа се акнав во глава ми се чини уште ме боли