Последната глупост што ја направив се случи денес . Сцена: Час по математика, се е тишина, јас и другарка ми во последна клупа а пред нас едно крејзи другарче. Јас го извадив шестарот од чантата и пробав да извадам копче од тастатурата и гледам не бива, и силно стиснав и копчето во воздухот нагоре ФИУУУ и падна баш во вратот на другарчето пред мене И послем тој се заврти и јас само му направив фаца „Псст, или крк “ и овој се згази од смеење И ми го врати копчето, ама битно се изнасмеав бе цел ден се смеев за ова
Si se nakrkav so soncogled, i idam da go frlam i namesto vo korpa toa gubreto otide na zemja ...e..ti i soncpgled i se si rekov mi se odjade
Истурив цело шишенце бел лак на тепих. Поштено рибав до сега. И цел ацетон потрошив. Битно , развив бицепси
Оваа е тазе глупост ја направив само пред 10 мин. Бидејќи сме скарани нешто со господинот Х и се немаме слушнато а сакав да му го чујам гласот и сеа му звонам со скриен број и он од таму вика АЛО и ја тап спуштив...
У темница залетан Бетмен да се џитне у кревет. Коа оп, фуп, препрека у лет - масата пред мене. Фино се плеснав со коленото у ивицата и одвај чекам утре да видам каква (колкава) модрица ќе ми излезе. Пред 15 минути се акнав и уште ме боли. Добар лет, Џинџер. Добар лет.
па вака ... 1вата глипост- Не е баш од сега, ама ми текна на нејзе и се смеев ко луда. Нели на кучката и купивам специјални дражеи, тоа се чоколадца за кучиња... и мене ми мирисаа многу убаво, и си лапнав едно иако не сум куче вкусни беа, не се секирајте не се отрув 2та вчера вечер- Имам дома еден многу убав црвен лак за нокти, викам чекај да пробам да си ја налакирам устата, може и ко слјај ќе биде убав И навистина беше убав ко сјај, само да не печеше толку и сега устата ми е цела испукана
Со една другарка, зезавме другари преку тел, им се заканувавме за друштвото нешто, тие се исплашија, потоа се посомневаа но не не дознаа, среќни сме бе ..
во понеделник бев на факултет од 8 а требаше да станам во 6.30 а си легнав во 4 и мислев да не одам по сабајле на фах ама ми текна дека и дечко ми станува во 6.30 и дека ке ме разбуди и ке морам да одам и земав му го исклучив алармот за да не се разбуди ни тој и се будиме и двајцата во 9 и нешто и ми вика абе сонце ми звонеше алармот и јас абе нз сонце..и тој вика лелел јас сум заборавил на го навијам саатот и денес не појдов на фах
Требаше да си варам кафе, па, наместо малата рингла сум ја уклучила ринглата на која фино си седеше една чинија спанаќ со ориз. Мајка ми туку што дојдена од работа, а јас ќе и правам и кафе и плус и ставив чинија спанаќ да срка Трагичното кај мене е што плус заборавам дека нешто сум ставила на шпорет, па често ѓезвето го наоѓам барут суво, исушено, побелено... овој пат најдов спанаќ без вода, се пече на рингла, околу хаос. Среќа никој не влезе во кујна да види, само прашаа што е тоа мирисот. Средив, уништив доказите и така . Па, ако некој се прашувал што ќе и се случи на чинијата на вклучена рингла, ништо! Трпи огин Тоа внатре што е не трпи премногу печење.
Го заборавив чајот кој требаше да отстои 10 минути а стоеше 40 во тоа брзање кога ми текна дека треба да го процедам, процедувајќи го не видов дека се пополнила чашата па претече И тука настапи мајка ми со нејзините попувања
Му го заборавив името на комшијата. Дур го шетав песот сабајлево, сретнав еден постар комшија по пат, плус фамилијарен пријател, и он ми вика „Здраво Саја“, и јас се истрчав ко прле пред магаре и му викам „Здраво чичко...*фаца ко да сум заборавила да ја фрлам улошката во ѓубре*...“ и остана муабетот на здраво чичко. Вцрвенета како патлиџан се втрчав во влез и тогаш ми текна името, и сама си викам „Коста, Коста„“ и се избацува комшијата позади мене, и ми вика „Е тој сум“. И затоа повеќе не излегувам пред да се напијам кафе.
Си направив ѓевречиња и сама си ги изедов. Не бе, тоа паметната работа беше. Глупата беше што во рецептот пишуваше 600гр брашно, и таму други намирници, дрн дрн, а всушност сето тоа кога ќе се спои се добива смеса како за палачинки што не е меслива, туку е течна. И јас надежно го истурив тестото на масата, мислејќи дека ако го месам на тврдо, ќе се стегне. Е, па, не се стегна, го бркав по работната маса, го фатив во тоа садот и му истурив уште пола кило брашно внатре. Тек тогаш се стегна. Во меѓувреме, шпоретот се загреваше, водата ми вриеше за да ги попарам ѓевречињата и си реков дека откога ќе завршам со се, ќе чистам. Море уште солна киселина што не му истурив, кога се исуши, кога се запусти, триј триј, одвај исчистив. Додека тоа го исчистив, садот кај што месев се исушиииииии, па ај го киснев, оток луѓе, оток. Убави беа ѓевречињата, да не ги мислите, си ги изедовме, ама нареден пат кога ќе постелам една мушама, па на крај право сосе неа, се во ѓубре.