идам у кујна, а брат ми другари да си собрал, а ја у пижама убиј се лудо горе зелена,доле розева, абре лудости, башка ни прслуци не носам, цицко трес загарантиран дур се движам и си отварам врата и што да видам, и од срам одмааааа затварам, ама ја будалата не сфатив дека веќе сум влегла што се вика у кујна, лелеее кога се зачукав со вратата у фаца, абре мислам дека ореви паднаа од мене, другарите на брат ми се засркнаа од смеење. Ова беше баш епик фејспалм, само што со рака е too mainstream, па овој пат со врата
Јадевме со сестра ми и јас земав хранава накај фрижидер да ја носам ама ја однесов до тоалет. Кога се свестив она си пукна од смеење.
Ме потсети на една слична случка во која беа вклчени моите розови пижами и врати кои не требаа да бидат отворени. Јас сум по навика тешка на будење наутро, и кога ме разбуди брат ми набрзина со зборовите -Ајде облечи се другар ми доаѓа а ти уште спиеш-. Не го прерачунав времето за кое он требало да дојде, и другар му ме начека полу гола...свртена со грбот фала богу. Ама пак затоа додека се обидував да го прикријам мојот срам и да испарам во воздух како за белја ме повикаа да сме се запознаеле. Едноставно кренав раменици и се избацив со пижами, и онака првите импресии од мене не му беа нај нај. Испадна дека токму во тој изглед -другарот- се вљуби и сега сме заедно дооста долго. Кој би рекол дека во таква глупа ситуација и јас ке натерам да се затреска некој во мене Затоа женски баталете кратки фустани и високи потпетици и удрете на пижами
На ликовно, пред некој ден. Си ги направив црвени фармерките од поликолор. Ама среќа, набрзина изреагирав, па се извади. А многу сум паметна.. Мобилниот у џеб, а јас одозгора истурам вода. Добро е, не ми цркна. Еднаш во основно, одиме јас и другарка ми во веце, она пред мене, јас позади нејзе. Пред нас наставници, а до нас, удолни скали, и само гледаш летачка патика, како се тркала надолу. Како успеав да и ја извадам патиката ни јас незнам. Дури и сега, ако оди некој поспоро од мене, и е застанат пред мене, јас му газам патика. Неколку пати ми се има случено и во автобус. И незнам дали е глупост, или навика. Ама само се лупам во професори. Едит: Пред 2 минути, си се нацтав пред компјутер, си земав чаша млеко. И одкако испив пола чаша, сватив дека е расипано. Бљак бљак бљак бљак.
Ги фрлив слушалките на дечко ми од тераса. Ми викаше дека немам м*да да ги фрлам. Ќе му земе џемска нему нови.
После туширање заборавив да си ставам влошка, резултатот повеќе од крвлив . После синојќешната промоција на BMW требаше да ги вратиме тоа топките со бројки со кои се учевствуваше во наградна игра и јас типично женско понашање со типична забркана ташна ,уште на попот капата што ја немаше внатре ги барам тоа топчињата и наместо топчето вадам крем во облик ист како топката и иста големина и и го давам на девојката (ако ме читне сигурно ќе се сети која бев )и кога гледаме што е.........хохохо збркани во фаците ќе ми летнеше тоа кремчето си се насмевнавме и си заминавме , а мачоров мој омекнат од моите често лудории крена рамена и замина
Не дека до мене е, туку јазиков ни е двосмислен. Се враќав од кај мојве од работа,а таму успат ми дадоа најлон со колбаси за да ги донесам дома и, овде во влез се сретнав со една другарка и кај си,како си,ова-она и ја и викам: Леле ајде да побрзам,цел влез замириса на колбасов од татко ми. Али ептен се раздрав,не размислувајќи како звучи. Туку,наиде една комшивка со фаца и настана чудна тишина за момент,ама после се изнасмеавме.
Нашколо седиме јас и другарка ми,раззборувани и иде еден другар отпозади и ме апна силно за увото...кога и ја треснав една на другарка ми,мислам дека од стол ќе ја превртев а за што ја треснав ни самата незнам,изгледа дека ме здоболе многу
Иста песна Пораки на Вип со тие прашањата и отидоа сите пари ! Па, потоа продолжив и на мојот моб. и мојте отидоа...
Требаше македонски да пишуваме состав на тема „Пролет, љубов смеа“, и мене ме мрзеше и она вика ајде Памела причитај што си напишала, ама јас фина ја предупредив дека е без цензура и викам „Пролет дојде и кокиче никна, каде ти се цицињата в џеп ли ги пикна?“, и она сиротка се погледна само пошто нема ич, ама јас и реков дека не се однаса за неа.
Последната глупост шо ја направив беше преед 3 дена .. мајка ми ме прати да земам јајца од некој човек .. тој не знаел каде живееме и требаше да го пречекам кај Х место .. а ја човекот ни го знам нити го познавам .. и одам .. и гледам еден човек како чека .. викам сигурно е тој ама ја да си прашам .. и му викам:- Извинии ти си тој со јајцата ?! и тој почна да се смее .. викам овој не е нормален зошто се смее .. ии послее 2-3 минутии сфатив што сум кажала .. а бе пезии ..
Играв Hidden Chronicles на фб. Ама седев сама у соба, а моите и сестра ми беа у дневна.. Незнаев што значи pickax, и сум се раздрала со цел глас: Дадооо, што значи pickaaaa? А прееска си цртав нешто ликовно на тераса, а мајка ми пружува алишта, и си пеам.. Ај не се Spoiler пичкај ај ај не се... Кога ми текна.
Се опив ко магаре,паднав пред еден кафиќ и најголемата глупост се поздравив со една гуска која многу ја мразам. Али тоа е кога сум пијана секогаш немам за ништо осет.
Захевтував нешто, и ми летна такво искривено, негде. Најверојатно на теписонот, неможам сега да го најдам. Иначе прееска, бев кај другарка, ме фркна стомак. И јас трчав 200 на саат, а надвор црна темница-прст пред око не се гледа. Се учукав во едни деца, што играа жмурка, скриени до едно дрво. Кај ме извадија од памет, па уште ми изнаредија се по список.
Ручавме, или доручкувавме пред некој ден. И одкако ја раскренав масата, ме мрзеше чаршавот да го истресам на тераса. Па го истурив во кујна, во чешма. Тоа решетките, се се направиле со ронки, се запушиле. Требаше да поминеме со другарка ми, една раскрсница. Ама не беше 4-раскрсница, него 8-раскрсница. И ко за баксуз, си се расипале семафорите. Јас дудук, полицецот почна да мафта, јас го буљам, незнам што мафта. - А сеа, а сеа, што му значи ова? - Па за да поминат овие од право. - Е, а сега? - Епа сега за да стојат. - Епа на нас, кога ќе ни мафне? Раскрсницата, се разчисти, и јас уште чекам да ми мафне полицаецот, за да преминам улица. Среќа, другарка ми ме потегна за рака, иначе ќе си останев, таму. Додека не ги направат семафорите. Изгубен германец, сум. Ааа, не, не. Германците, не зафркнаа у ракомет, не ги спомнувам бе. Епа изгубен марсовец сум. Што да правам, јас вечно ќе си се влечам по автобуси, за сообраќај, сум тапа.
nema da veruvate sto glupost napraviv...si gi frliv parite zaedno so dr hartija vo kanta...dobro se setiv pa si gi izvadiv...
Професорка по Француски прашува што е тоа ла балад? ( а уцевме за музика) и јас како од пушка-Балада!Ви на песна ! и таа само кога викна: Неееееееееееееееееееее!