е ќе си пукнам, морам да споделам, не знам дали е во правата тема ама нема врска Се враќам од роденден и се шетаме со другаркиве по улица, и гледам 1 саат, први април, и викам како бре да ги излажам прва, да се посмееме малку, а денес цел ден гракам и се смеам. И одиме и јадеме по улица, и им викам абе, морам да ви кажам нешто не можам веќе, и тие што, и јас им викам прееска правев тест за бременост, и позитивен излезе, и тие се стаписаа а јас крајно озбилна, и почнаа да ме тераат по доктори ова она, и јас им викам што ви е бре може од хормоните е тоа, и тие нема шанси, не си играј... и ќе пукнев веќе почнав со смеење и ме фатија Откако не ме фрлија во контејнер си размислувавме и него истата лага да му ја сервирам ама срце ќе го стегне и се откажавме од идеата ама добро се пресмеавме После дојдов дома и со другарка ми на фб четуваме нали, и и викам моите фасада прават дома нели знаеш, кречиме и се, па ќе ја продаваат куќата и ќе се селиме, не знам каде точно можно е во прилеп, и се припотресе жената, вака така како што кога, и немаше веќе смисла па и кажав дека лажам... оф ќе ме згазеше да бев до неа Сум се изнасмеала за сите пари, ама утре знам дека добри финти ќе ми смислат Ако де, долг е денот и мене уште идеи ќе ми дојдат
Ми се истури цело опаковче чепкалки за уши. 50 ли, колку и да имаше внатре. Сите ги собирав едно по едно, случајно да не им се залепи некое влакненце. Сестра ми ми се смееше, и после на нејзе и се истури кафе. Spoiler Kрвта не е вода, не сум ја крива.
секад сум со слушалки и често се случува да си припеам некој стих т.е да го исфалширам во мој стил на сред рекорд................................................тоа ти е ...
Последната глупост што ја направив беше во петокот, на часот по македонски . Сите поспани, кој спие кој дреме, а само јас будна, и си мислам што глупост да направам . И на цел глас ЧУУУНКШШШШШ . И кога вресна една смеа , за среќа наставникот што не ме избрка надвор.
Па последната глупост шо ја направи беше вака..Јас стоеше кај вратата на мојата училница а симпатијата кај неговата и случајно јас направи една глупава фаца и кога забележа он ме гледал цело време! И после цела ден не излегнав од училницата! Срам ме беше
Исто и јас.. Како си шо правиш добра? Кај идеш? убаво да си поминеш ! Си иде и ја онаква целата господе шо напраив сеа ја поздравив таа сељанка?
Па обична секојдневна глупост.. Седев на последна клупа, а заборавив дека позади мене, има таква голема висечка кутија со кабли ли, штекери, што и да се. Си ја акнав главата, и пак си чучнав.
Велат љубовта е слепа, а кој друг ќе го докаже тоа, ако не јас Моето училиште се наоѓа наспорти градскиот парк место каде што гледаш како паровите си разменуваат плунка додека ти се туфкаш дали имаш еден и пол проред на проектната за матура... и се мислиш така се мислиш, покрај тебе поминуваат и се фаќаат кои за рака кои за г*з и едно време го гледаш момчето што многу ти се допаѓа и си допишуваш некое време на фејзбук... леле леле па која паника, кој проред си викам дај да му викнам на дечкото да ме види... и викам ( името) еднаш два пати не се врти ах што ли му е сега... ова не е на арно, изгледа не ќе е доволно викањето, ќе мора очи во очи да се сретнеме... побрзав и почнав да трчам и од зад грб му реков ( името) зошто бе не се вртиш ? И кога се сврте женско да ти било ааааармммм штооо подзинав, а девојчето се изначуди и реков извини грешка о цела вцрвенета си заминав. Заклучок Никогаш веќе нема да викам по некого во парк.... шансите дека таа е личноста што мислам дека е е многу мала
Па имав Blondie моменат.. Рано сабајлечки бев принудена да одам до аптека и да купам бадемово масло. Се облеков се средив, мижејќи одев накај аптеката и влегувам... Жената фина, насмеана.. Испила кафенце од сабајле, се расонила, полека си се спремала. Ми посакува добро утро и разговорот иде од прилика вака: - Добро утро, како можам да ви помогнам? и се клешти тука нели, промовира ж'т заб - Имате бадемово уље? - Имаме еве.. И јас сега тука го зумирам шишенцето и читам бадемово масло, не ми штима нешто и и` ѕвонам на мајка ми и и викам - абе мамо, немаат бадемово уље имаат само бадемово масло.. И од кога почна да се смее девојката скопчав што направив и излегов одма, па од друга аптека купив бадемово масло. Фала многу, добар глас ме бие на далеку!
Само што си ја измив косата, заборавив дека фенот ми е распипан дшк headbang: ) а ми се спие, па ми се плаче. Ама викам прво да се исплачам (умеѓувреме ќе ми се исуше косата) па ќе си легнам.
Си тури Џинџер пифце, си се стокми пред лаптоп, си загледа цртич. И кога по неколку минути се фати за пивото, првата голтка и пљуууууууууууу.. топло бре, загреано. Сум го ставила од таа страна кај шо издувува лаптопот и сум го скувала. :geek: Пиво греено, ајмоооо.
на часот по англиски јаз. наставничката не прати мене и една другарка до малата пошта. влегуваме а внатре имаше пуштено радио и беа пуштиле една песна на адел и јас целата ваква почнувам да пеам.ај да пеех убаво ама не почнах да пеам фалш и еден постар човек се заврте а јас поцрвенех од срам.
Утрово станав ненаспана, цела ноќ не можев да заспијам. Си заѕвони алармот, јас некако се издигнав од кревет, па откако се измив и средив, си го земав несесерот за да се нашминкам. И така нели си почна процедурата, јас полузамижана успеав да ставам течна пудра, па го земав коректорот за да ги средам подочњаците, зошто стварно немаше смисла така да излегувам. Арно ама, коректорот ми е во форма на кармин, и ми стои во посебна преграда заедно со кармините. Го земам јас, го отворам, полузамижана не ни гледам што сум земала и правам линија под окото - таааапп! И гледам - розева линија!!!! Уат д хел?!?! Очите од полузамижани, петарди ми станаа! Гледам дека по грешка сум земала кармин! И ајде после си се избришав целосно, па видно изнервирана почнав од почеток, а како резултат на тоа си го испуштив автобусот... Ете така.
Се враќавме од град и сеа во автобус гужва гужва, и до нас се погоди еден шо не замара и мене и другарками на фб и што не боцка нонстоп, а еднаш ми прати некоја група таму ако ти дојдам у живо да те боцнам нешо незнам, и сеа јас тука со другарками како што сме и двете фиу фиу ни дојде една фикс идеа.. Јас носев брош и нели на брошовите има безопасна и земав го извадив брошот, да не ме види, и таман он си се сврте се убаво, и јас одоздола полека со игличката во гзот, абе човекот скокна и почна да вика ауууууууу, а од што е толку висок па и главата си ја лупна во тоа на автобусот, а ние двете ко ненормални некои абе се пукнавме од смеење, само свртени на другата страна, не сме ние, не. Добро тоа, друг пат исто во автобус кога се возевме и си седнавме од позади на столчињата со уште две другарки. И сеа јас со мојот памет го фатив столчето пред мене како волан и почнав да викам ко оние од солзи и смеа, тато татоооо види возам автобус татооо, и другарките фатија да се смеат па сите накај нас се свртија. И добро ај да станеме да се симнеме и цели такви окезени, стануваме, а автобусот излеа во дупка некоја влезе и почна да оди горе-доле а ние место да се фатиме негде и ние со него си скокаме, и едната другарка се лупна од тоа горе, а јас да се задржам за другата, она падна, па и јас врз неа. Е тогаш стварно се изнасмеаа сите
Ме тераа да средувам соба, па диплејќи алишта од една маичка ми дојде инспирација да нацртам човече како врши голема нужда и тоа не било каде, туку на сред ѕид. Речено - сторено. Ќе прави мајка ми руска салата од мене кога ќе го види. Spoiler П.С. ептен добро испадна.
Там`н, реков оддамна ме немало тука, и се урочив. Се лакирав, врз миленце за Велигден, нормално. И сум го оставила ацетонот отворен, само онака сум го оставила одозгоре капачето. Завршив со лакирање, ај вратам на место, го фатив за капачето, се истури, лом се направи. Голема работа нели? Само масата и миленцето се поплави. Ај добро, демек, колку можам да го спасам миленцето. И ми паднаа црвените печати за нокти, врз него, кога се ушљака, кога се направи една хемиска реакција на соединување и размачкување на шетачкиот ацетон, и печатите.. Тоа мушаместо-чаршавско миленце се унакази. Можеби немаше да биде толку страшно, доколку мокрото миленце, не го впи одма лакот, ама што е, тука е.
Не е глупост, ами не се сеќавам дали усб-то го вратив кај мачорот или негде сум го изгубила? Еј што мрзам кога губам такви ситни геџети што ми требаат. А не било ни мое, пази, па за да го пазам. Мутава сум скроз.
Јадев смоки, и ми дојде некако солено и ми се прикива. Кивање и се живо испоплукав пред мене, мониторот лом. Абе прасе.