Денеска со баба ги боевме јајцата жолти . и нели прво ги сваривме . Беа 10 зашо и претходно во четвртокот ги боевме останатите. Арно ама две се слупале во тенџерето додека се вареле. Ние не приметивме па почнавме да ги ставаме ви бојата . Јас видов и онака брзам и ставам две живи јајца во бојата . И си викам што напраив сеа ?! И ај па ги вадам од бојата и ги ставам да се варат .....
Наместо Христос воскресе напишав на ена другарка Христос се роди. работава е оди палачинко розева отепај се
Нај голема глупост што ја имам направено во животот! Мислам 2 се...2 години сум веке во Лондон и сум навикната да зборам англиски пошто цел ден во школо само англиски и кога си дојдам во Македонија на одмор целата сум збркана, пошто дома со мојте не правам многу муабет и многу ми е терсене кога си дојдам домче во МК. Бев кај дечко ми на гости и знаете мазење ова она и несакајки го удрив со раката и онака културно место да речам извини јас му викам Sorry И он таков чудно ме погледна па и двајцата се смеавме после цела ден за тоа Исто така отидов да си купам бурек и сокче и продавачката ме прашува од кој сок сакате од портокаловиот или од црвениот и јас таква правам- Yeah yeah, from that one please
Ова е постара случка:седиме во соба кај дечко ми со негов другар и се зафркаваме ова она и наеднаш пппппррц лалита си прдна и си го накриви дечкото дека прднал хахаххахахахахха лошотија
На кратко и тесно: Се изгубив. На долго и широко: Направив: Патот, до Карев, за 30 минути. Беше сончево, убаво времето, така си седев, и... овој дојде и му ја скрши кичмата. А убаво му викав, немој ќе ти ја искршат кичмата и тебе ко на брат ти. Озбилно... По сабајлечки, во 7:00 си чекав автобус на југодрво. Ми се поредија неколку автобуса, од кои само 1 беше за до Карев. Ама јас изумив, и влегов во еден, што се испразни. Нормално, оди до зелено пазарче, рекорд.. И после гледам врти негде. Гледам низ прозор, демек да го запамтам патот, да се вратам до рекорд. Се симнав. Терај право, незнам каде треба да одам. Се вртам лево десно, гледам некоја црква, ама чудна некако ми е, гледам еден паркинг, коли еден куп. Ја да сум ти се качила во 5ка. Терај право, море ај да прашам некого, сум го поминала рекорд, следна станица е Соборна. Прашав едно девојче, ми рече дека тоа било назад. А само што се вратив од таму, ама среќа ми кажа, дека можам да поминам и низ паркингот. Добро ај, го поминав паркингот, пак незнам кај сум. Сум отишла на следна станица 5ка, и даље врска немам кај сум. Прашав една жена, ми вика, ама Соборна ти е назад, подобро оди право, па лево, па право, па лево (шо ти ја знам) и ќе излезеш на Партизанска, ќе го видиш оној базен. Каков црн базен, јас само оној на југодрво го знам. Нормално, од сето тоа, запамтив само дека треба право, па лево. После си терам право, и право, и право. И оп, друга станица за 5ка. Видов уште една жена, и си викам, сигурно сум ја поминала Соборна, а следна станица е тој факултетот, арно ама, незнам како се вика. Архитектонски, археолошки, архитектурски, незнам ни што се изнатропав, и ми вика: Ама тоа ти е назад, од десно. Добро, фала. Аааајде рикверц назад, нозе ми паднаа. Јас-жива вода, наочарите замаглени, прст пред око не гледам, па ги извадив, мутно ми се гледа, ее мајката. И после ми текна: Абе глупо, што не отиде со 5ка до рекорд, две 5ки ти отидоа? Ништо, си се вратив назад, по некои улички, живо пиле нема. Ми одеше да си седнам, и да почнам да плачам, врска немам кај сум. И се јавив на другарка ми: Нека не ме запишува професорката, јас се изгубив, кога ќе дојдам, тогаш. Гледам некои деца, тргнав по нив, демек ќе ме однесат негде, џабе. После видов една жена, и нејзе ја прашав, ама ај сега да не го потрефувам пак факултетот, ја прашав од каде поминува 7ца. Ми кажа, оди право. Терам право, Академија Леонтич. Е, тебе те барав бе душо! И после ми текна дека имам мапа на мобилниот, за улички. Ама еден памет, не цел, за што попрво.. И ко што стојат тревниците, измеѓу улиците, јас сум поминала 2 пешачки, без да приметам. Си се шетам така по древници, знаеш. Преминав улица, дојде 7ца. Ми падна камен до срце, на олкав. Дома ми викаат, ако почесто, да го научиш Скопје. Даа бе, не сум ја далинско, па да се губам у простор. Бреее реферати.
Бев да гледам плочки за купатило и си се шеткам јас низ салонот си гледам продавачката по мене ми објаснува ми покажаува .абе префина жената, зеде ги намести плочките на земја да ги видам нијансите да си одберам и јас ко што ме дал господ да скокнам да одам до другата страна. ама слон скока ли?! рипнав демек и згазив на крајот на плочката.ко пукна нешто ама звук страшен и женава викна ииииииииииии јас пак викам ништо ништо се вртам и гледам таа наведната гледа што се десило вика ух добро е на крајот си згазнала инаку ќе ми го уништеше подот си се насмеав едно убаво си продолжив ко ништо да не било ама не скокав и не допирав ништо
Ми донесоа некоја кутија со чоколадо. И гледам на амбалажата некои кучкетини, мачкетини и си викам сигурно заштитни лица демек, што знам јас. Си отворив и фино лепо си изедов. Малку чуден беше вкусот ама си викам (од странство беше) таму може вакви прават. И после доаѓа тетка ми, гледа во кутијата празна, гледа во мене и вика: А бре каде е чоколадото за кучиња? И јас ваква бев кога сфатив: Чекај, какво чоколадо? Епа од кај да знам дека правеле чоколадо за кучиња? Жити господ, што нема да се измисли. Е сега беше малку чудно и по вкус и по изглед ама гладна бев бре луѓе. Чоколади за кучиња, пф. Ај, важно си се наручкав. Снајди се па живеј.
Таа глупост не е баш за во јавност. Ниту е смешна. Направив грешка, голема грешка. Но едно ме теши. Од грешките се учи.
Па на пример ми падна салатата со марула од раце, бев кај дечко ми дома и нормално таму си беа мајка му, татко му сите седнати и ја така весело одам накај масата за да ја ставам за јадење кога оп од рака ми се слизна тањирот. И нормално после следуваше моето чистење. Битно е да се знае што снаа ќе примат еден ден во куќа, за да не се чудат после
Си паднав, близу една перална за коли. Среќа водата се засушила, па само фармерките и ташната ми се ушљакаа со кал.
Хахахахахха многу глупости правам,цел живот во глупости правејќи го поминав.Последно што правам е еве се зафркавам со боцкање на фб,со другариве од либето ми а воедно и најдобри другари. хахаха и сабалје сиигурна сум дека ќе бидам цело време нашколо тема за разговор хахахаха јбг интересно ми е Само со кој ум ќе поминам утре покрај нивната училница,и ќе излезам в ходник хаххахахахах
И ја размотирав раката на медицинската сестра Ми ставаа инекции и јас и ја барам раката на сестрата за поддршка зашто многу ме болеше и малце сум претерала
Станувам од креветот, целата така поспана, станувам да се облакам за на школо, и целата така замижана, абе бела мачка пред мене не гледам, тука ташната ставена јас не сум ја видела, кога се слизгав на паркетот, кога се дрецнав убаво на г'з, чиниш земјата се стресе.
Во училиште имавме предавање за пубертет. Една златна девојка ни беше презентер, абе душа, душа човек. И требаше да се развие дискусија кој кога ја добил својата прва менструација, симптоми, ова-она, а меѓу другото постави прашање за што служат женските полови органи. И девојчево очекува дека ке поченеме да зборуваме, да одговориме, но молк. И јас, жал ми падна, и да кажам репродукција, јас резолуција.. Беше 7:30 наутро, па до негде оправдано, но ептен се избламирав пред сите девојчиња од мојата генерација.