Ги изедов сите колачиња си се навечерав од нив. Ако посака некој друг НЕМА - ќе ме селат некој ден од дома
Дувнав да ги изгасам свеќите што ми гореа на биро и кога се разлета пепел од пепељарата што беше до нив.. Лом направив, кој ќе собира сега.. А вчера чистев.
Пробав да влезам во соба. Немаше да биде глупост да не беше затворена вратата. Си ја искршив главата, мутава.
Јадев хамбургер оброк од МЦ во 12 вчера вечер. Се зареков дека нема да јадам навечер, ама иди бори се со ПМС змејови и гладови!
-На голем одмор, си купив вива сокче. Ама требаше на брзина да го испијам. Нормално, ја ставив цевката во уста, пијам, и почнувам да го стискам кесичето, демек за побрзо да го испијам, и го стискам кесичето, и стискам. Тоа си тече од сите страни, и си тече.. Блузата лом. Па така си се прошеткав до училна со прекрстени раце, и си свиркав, ко ништо да не било. Spoiler А другарка ми ме прашува што ми е, а јас со цеееел памет, и одговарам: Па сакав побрзо да ми влезе.... Сокот! -После дома. Отварав кисела вода, ама таа да ти била доообро промучкана. И ко да оторив шампањско. Почна да ми лета од сите страни, а јас го гледав. Среќа, само работната маса беше лом, и набрзина, да не ме види никој, земав цело туце салфетки, и прочнав да бришам.
Епа, пак јас ј.бига. Од сабајле, уствари поручек беше. Си искочив од дома, и си тргнав накај основното школо, и на пола пат ми текна: Чекај, а што барам тука? Тоа е на скроз различна страна, од автобуската, и рикверц назад.
Му ја треснав вратата пред нос на газдата И за доручек му испратив бурек. да не остане гладен Лудо или глупо... па и јас имам душа... која понекад никого не слуша .
Се изнавикав на другарка ми и сеа детето е ко изплашено од мене али и требаше малце карање мислам ахахах
Пред некоја вечер бевме излезени на пиво со колеги. Излегов надвор да пушам цигара и на влегување не приметив дека е затворена вратата која цела вечер претходно беше отворена и кога траснав ѕвездите ги изброив. Среќа носов што не го скршив..
Седев у кафич со дечко ми и се бацувавме ова она и сооо лактоттт ја турнав чашата со кока кола ии ми се истурии наа цели панталони, беа светли и изглеаше ко да сум се помочалаа хахаха и чекавме 2 саати да ми се исушат и да се стемни повекее за да можам да си отидам дома )
Брат ми требаше да ми остај клуч во визба , а надворешната врата да ја остај отклучена, и пошто тешко се отвора, јас мислев дека е заклучена и го викнав комшијата да ме крени и да се префрлам преку ограда , после се префрлив преку ограда го зедов клучот и сфатив дека надворешната врата не е заклучена
Глупост до глупост денес На пазар додека продавав доаѓа еден дечко моја генерација во 4 одд ми беше симпатија со детенце од 1 годинка во количка црвена и црвени тренерки еве го муабетот: Тој: Имаш нешто за детево Ја: и вика па нема нешто за неа али еве можиш ленти за коса да и купиш Тој: Абе ајде не ме заебавај кај лента за коса на машко Ја: Извиинииии ама помислив дека е девојче Toj: на детево му вика ќе видиш ти кога јас ќе пораснам Јас: Бев кај тој што го сакав 9 години по донација за Недела на солидарностаи го начекав у двор како се гали со женска му
глупаво испадна за тоа со кафичот и пицата...хм а бе глупаво и што ако идев па ништо немаше да е ама ете.,....
Требаше да се симнам од автобус, ко секој Петок. И се збунив, не знам шо ми стана, тотално губење у времето и у просторов, и си помислив автобусов ми ја одмина станицата. И рипам, му викам на шоферов: -Добро, автобусот не ли застанува ваму и ваму? И овој: -Па застанува, де. И ја: -Па никад не минел од тука. И овој се врти таков зачуден: - Е како не минел, па од кај ќе помине? И кога си ја гледам станицата, и се прашувам што ли ми стана? Одвај чекав да излезам од автобусот.
ставив ресички на врата онакви гумени против мувки,му и се фалев на моето миленичиште пошто е огромна ,и зеде да ги кини, си фате поголем сноп и оп појдоја неколкку гриц гриц , кој ми е крив кога ја викнав да ги види
Му викам на Станич, еееј чекеј бе а како ќе си и идеш без да се сликаш со мене, нема да ти е мирна душата, и он почна да се смее, и ми вика ако си само још ти ондак може.