Си намачкав павкала и ќечап на двопек. Си чучнав пред компјутер. И тоа се преврти баш на таа страна. Среќа што повеќе беше наклонет кон пархетот. Е па и двопеков, нашол баш сега да се изрони.
Во продавница на продавачот му давам пари и вика-Ситно имаш?А јас-Немам.Штосот е што не ме прашал мене туку човекот до него
Договорени да отидеме на кафе кај колешка дома кое веќе го сварила бидејки пиеме сите ладно кафе кафето кога го пробав беше ртол солено и некако ми излета од уста кој дебил го вареше кафево бе?Свекрва и вели јас,има некој проблем.
Прееска кога се симнував од автобус и дека темница нели, имаше едно мало пекинезерче пред излезот на автобусот незнам ни самата како се нашло таму баш у тој момент и ја таква целата у фазон се симнувам и за малце ќе го згазнев. За милиметар го избегнав. Греотичка бе. Ептен жал ми падна - преплашено беше, дури и опаш свитка. После на душа ќе го носев.
Ги пољубив скалите во автобус, уште само фалеше да пуштам јазик. Среќа што идев угоре, оти да идев удоле, ќе се стркалав ко буре, и ќе искочев надвор.
Фарбав со мрсни бои на балкон кај мачорот и седната долу, си го направив газот лом. И да биде уште потрагично, седнав на платнената лулашка. И траги зелени секаде. Среќа што со разредувач се извади, инаку сега нова лулашка ќе требаше да купувам
И ги изедов сите чоколадни јајца на братучетка ми Ќе има сеири кога ќе стане и че види дека и ги нема
Од горниот спрат на една сендвичара го истурив сокот низ тераса врз гостите на долниот спрат.....упсс
Ги оставив компирите на шпотет, па скиснале. Го изгорев стекот, го затнав лавабото со ориз кој го истурив, сум ги заборавила шољите со кафе од вчера сабајлето кај мене во соба, па едвај ги измив...
последната глупост која ја направив беШе Што не знаам кој пат му поверував на единствениот Човек кој го сакам во мојот Живот дека се променил,нема да има лаги помеЃу нас и дека Ќе поЧнеме од о...повторно побегна од мене и ме замени до друга,а јас си тагувам како порано и се трудам да заборавам се Што ми се слуЧи со него последните 4 год.....
Во саботата, го носев узб-то во школо. Арно ама сум го оставила во џеб.. А фармерките за перење.. Од сабајле, облекувам фармерки, гледам нешто ми тежи. Кога, што да видам. Ново, свежо узб, испрано, чисто, абе да почнеш да го лижеш. Ама срце у петици, дали работе? Сакав да уклучам компјутер, ама сестра ми ќе ме примети, кој ќе ја слуша после, бегај. Ама сега пробав, и РАБОТИИИИИИИИИИИ! Четири гига е, не за друго.. Додуша малце е разгибано, ама супер е. Дури и освежено. Втората ми е.. Од сабајле, ко што се пеглав, ми падна една ќерамичка плочка, и јас со цел памет, ќе ја враќам со голи раце.. И нормално се изгорев.
Пред еден саат ставив јајца да се варат и сеа ми текна дека варам јајца можете да замислите каква беше кујната и какви се јајцата
имав минути ама и досадно ми беше и звонам на еден број без врска и му викам еј извини во гужва сум ќе те барам после и му спуштив на чоекот за грев аааааааааахахахахаххахаха
И мене ми се има случено многу пати, ама најубаво е чувството кога после цела вечер носење штикли , накај дома одиш боса