Последно нешто пресно од мене е пред 30 мин. После доктор одам во супермакрет со цел да си купам влажни марамици и така целата замислена фаќам една паковка виде ја така ефтина, голема со една жена на неа пише ми *sehr gut* викам си аааа вие арни плус ефтини милина Шетам така низ супермаркето гледам шефо ми вика здраво и ми се смее, маж ми беше на работа он ме гледа така наопачки, сите зјапат у мене....Јас се вртам фаќам се за гз, да немам нешто там, право се гледам у огледало НИШТО. Одам на каса, и продавачката ми вика.....Сања не сум знајала дека користеш вакво нешто. Јас ја гледам зачудено викам и „ еееее па мора хигиена да се држе, рацете секаде ги пикам, морам со нешто да се бришам„ Жена ми се смее и ми вика „епа добро со памперс за стари луѓе ли се бришеш„ Евааааааааа коа да видам наместо влажни марамици јас сум грабнала улошки x10 големина и тоа за баби шо се мочат у гаќите па и си се шетам со нив низ цел супермаркет живи срамови сум издела Остави тоа чудо там на касата , сви опаш и право дома. Ни влажни марамици ни ништо....од срам дури чао не кажа
Си се изнашетав јас цел ден денес фино лепо, сите пари ги потрошив на Мекдоналдс, а утре правам годишен француски.. и ништо незнам! Ах и да, на враќање од Мекдоналдс ми текна дека сум ја заборавила здравствената книшка на послужавник. Е браво бе Блу, каде со ваков памет, кадеее!
Не беше бас последна ама интересна..решив да си ставам вештачки нокти и ги залепив со секундарен лепак, но за секој случај додека сум во град да не се извади некој си го ставив секундарниот во ташна. како да сум знаела , ми се извади еден нокт и да бркнам во ташната да го земам лепакот има што да видиш внатре...тој се отворил и врз телефонот, лом целиот, како што беше сив, од маската остана пепел, исто така и парите што ми биле внатре ми се залепиле целосно искинав 400ден, и на крај нервозна да го ритнам со стиклата лепакот ми се залепи за сандалата...многу работи во една вечер ))
Си варев макарони. Сум уклучила на најјако. Пола сум го затворила тенџерето со капак. Заседнав на компјутер. Почна да ми брмчи. Од тоа просторот горе, почнаа да скокаат макарони, до душа само 3 успеале на скокнат. Тоа тенџерето да ти било метално, ко на сликава скроз исто, капакот такоџер, вруќ не се пипа. Spoiler И сега си имам бел белек, внатре у раката, во форма на срце.
Денеска и тоа на работа живи срамови Колешката земала подо да го брише (полчките подобро кажано) ...Јас појма немам за тоа, она не ставила знак дека е мокар и дека се лизга. И чекам ги така јас мојте 2 чизбургери да дојдат и така целата расеана зимам ги чизбургерите и со залет одам да ги однесам. А гужва , на касата наредни луѓе, и одам така брзо и само со даде 2/3 чекора и трасссссссссссссссссс струполи се на подо како трупец И послужавник летна и чизбургери и мене газо ме болеше....... абе жив срам, нејќеше да станам од земјата, Ај некако стана насмеана собра си работите по земјата (исмеја ми се сите така едно убаво) Одам да земам нови, зимам така целата изнервирана , со болки на гзлако... и сакајки така брзо да земам два нови, друга глупост. Грабам два нови чизбургери вртам се набрзина и со колегата ЧЕЛО У ЧЕЛО Бреееееееееее не глупост не малери не знам како да го наречам воа Не само шо се треснаме и шо ме болеше и главата, освен газо, па ме поли и со кафе одозгоре а мене ми падна еден ЧИЗБУРГЕР од раката.... да ти е**ам и чизбургери и све. Зарежа се и ојде на пуш на пауза додека тие шо ме видеја не си отидат. Дојдел човеко по неговите ГЛУПИ ЧИЗБУРГЕРИ ама гајле ме беше, дале му ги и ајт со здравје. малери ејјјј
Отидов на факс, за да носам семинарска, стасав до таму и видов дека всушност не сум ја земала, па повторно назад. 80км(20км во еден правец), за 3ч, алал да ми е. Иста глупост и вечерта за на лекар , без картони кај се оди ми се исушил паметот ,
Ова беше поодамна, мајка ми правила тој ден за ручек гравче и во тенџере си стоеше на шпоретот..Јас како за беља си се вртев ваму таму и да го вклучам продолжниот во штекот кој беше позади капакот на шпоретот, капакот падна право врз тенџерето и целиот грав се распрска низ кујна...имаше дури и на таванот горе, се почудив како може толку грав да излезе од тоа тенџере...и после цел ден чистење )))
Си го продадов лаптопот кој беше нов 2 месеци , го зедов 600 евра го продадов 150. (без одобрение од родителите се разбира) Поголема глупост,здравје!
Нели вчера имаше земјотреси, и јас паметната толку се исплашив што во шарени, пругасти пижами, разбушавена коса и најважното телефон во рака излегов (читај: истрчав) од зграда во 2 саатот. Ме гледаат чудно луѓето што одат-се враќаат од трета смена на работа, а јас па уште толку се чудам зошто ме гледаат и што мајка бараат и тие така ноншалантно во 2 саат навечер.. Срамота, жива сТрамота!
Одам сабајле у продавница и барав памук вртам по тоа рафтовите нигде не плеам памук иде продавачката и ме гледа ја ништо си барам и после некое време и викам извини ти треба нешто и оваа аме не глеам врткаш па да не ти треба помош и ја укопчав шо и реков и почнав да се смеам најдов конечно памук излевам од продавница и наеднаш почна да врне гледам луѓето трчаат да се засолнат а ја полека си одам дома... па си сакам дожд бе романтична сум си ко стигнав дома мајка ми ми вика од што си ваква и викам ме избањаа со црево на улица Божее и ти да си одиш 15 мин од продавница на таков дожд и ти ќе бидиш ваква
-Денеска се враќам од чаршија и веднаш до мојата врата е терасата на сестра ми и таа беше на терасата. Јас и велам Сега ќе дојдам и таа вели Ајде и јас земам и си се качувам на терасата и потоа прерипив внатре да ме видеше татко ми ке ме качеше на мојата кога ке се ми викнеше. -Возиме ролери со сестра ми и што ке ни текне да се спуштаме по стрмна улица и ние кога ќе почневме да се спуштаме викавме колку не држи гласот. Но после неколку спуштања кога ни излезе еден човек ни се развика ние никаде да не нема. -Еден ден јас ке пржам суџук и и велам на мајка ми јас ќе си го испржам го сакам тврд поиспржен и јас го направив ќумур и за да не ме види мајками преку прозор го фрлив. -Во кабинетот по Македонски јас си играв пред часот и доаѓа професорката и ми вели поиграј си уште малку па потоа нема да играш веќе. Каков срам!! Но добро ке беше само да не ми го дадеше тестот на кој имав 2.
-Си седам на ком. и татко ми вика одам ја до двор ти свари го кафето и ја викам ок. немај мака ај чао и занесена си седам 15-20 минути и слушам ми шуште нешто и кога ќе видам од кафе станало коштанова вода , и + тоа немаше ни пола лажичка кафе во ќесенцето, па после трк до продавница и пак одпоново варење кафе
1. Го истурив сладоледот на лап топ. 2. Неможев да најдам чиста чаша, ме мрзеше да мијам, и вода пиев од чинија.
Се зачленив на една страна за броење калории. И не знам како и не знам зошто, сум одбрала дека сум бремена, дека сум во депресија и дека имам пореметување во исхрана. Сега не знам како да го сменам тоа... а овие смотаниве ми генерираат исхрана според профилот, како да сум се грижела за плодот, да бил здрав, па да сум се расположела, па колку сол да сум внесувала. Боже Господе, каде со овој памет, КАДЕЕЕЕЕЕЕЕЕ.