Додека со мажот ми го шетавме кученцето бидејќи е стршно разгалена и незнае веќе што да направи,успеа да скокне во огромна дупка,а јас почнав да врескам,а мажотми паника го фати,се свртеа луѓево накај нас,јас тадури ги изгледав така безобразно,откако преплашено дојдовме дома ми се врати сликата и си велам леелеее како се распискав,а тој вели што ти е гајле кучево не се обеси,се пиогледнавме и прснавме од смеа.Кога доагав втора смена мислев ќе потонам од срам каков ужас hock:
Се шетав со другарките и јас да побрзам да ја преминам улицата бидејќи доаѓаше автомобил се лизнав и паднав на сред улица. Среќа што автомобилот имаше добри кочници.
Последната глупост беше вчера, кога кај Тинексот кај Палета, кое е толку фрекфентно место, од незнам каде, пред нозе ми „никнаа“ 1000 денари, нови , тазе извадени од банкоматот до нив, и јас застанав и мислејќи 3 секунди што како, продолжив! Тиква бе тиква, таква среќа еднаш во 5 години дали се јавува!
1.Заминав на вкацина без да ја земам книшката .. 2.Несесерот со накит го кутнав на земја и обетките ги барав пола саат. 3. Одам на школо и гледам на земја железна паричка и си викам ваљда 1 денар е , и девојчето позади мене си ја зема и гледа 50 денарка железна. Шутрачка (браво по втор пат)
влегов во машко вц . имаше главна врата и зад неа било женското ама јас не ја видов и си влегов во машкото и гледам они што се за машки нели и после уште една врата и внатре имаше нормално шоља. и се мочкам јас и се думам на кој будала му текнало вака да биде ами ако се моча машко јас тука ќе му поминам и ќе влезам. излегувам да се мијам раце и што ќе видам врата и на неа девојче се умрев од смеење и гратис врати врати 500 која беше за излегување... пробувам една заклучена и оп влегува машко и ми ја остави вратата да излезам... барем имало уште Женталмени
Сестра ми сакала да ме зафркне ми сменила шеќер и сол, па си варев кафе со сол Ама јас дупло ја заебав Таа е преголем обожавател на благо и знам дека што и да види на маса да е благо ќе си земе. Пред да си тргнам за Скопје, земав од овие белите пупички Темпо и ги отворив внатре наместо тоа белото како фил, го извадив и ставив паста за заби Ама не се приметуваше воопшто, исто онакво бело како филот и ги затворив пак и ги наредив во чинија. Знаев дека ќе земе, штом дошла од тренинг онака изморена одма се фрлила на овие и кога пробала и се згорчил животот. Ми звони ми вика од кај овие пупи, што се дешава одвратни се со паста за заби полнети. Јас и викам не знам изгледа се расипани Ќе си го соберев да бев дома ама додека да се вратам ќе и помине Стварно не се приметува, идејата ја видов од нет Се прашувам каков вкус имаа, сега такви у живот нема да и текне да јаде.
Е тоа што денес на математика се засмеав и почнав да правам звуци како верверичка.Пхахха повеќе од пола клас ме гледаше а јас неможев да се воздржам. Каква срамота.
немав осет дека сум во автобус и од што толку бев изнервирана што не ми се јавуваше, кога ми се јави почнав да му се дерам не јадам луѓе бе свињо една! и така. хахахаххахахахахахахаххаахха
Си појдов на училиште во собни папучи и на пола пат ми текна и ај сега рикверц назад дома да облечам балетанки.
Како што ми беше тестот по математика, на едната страна сите задачи, а на другата една „поставена“ и оценчето под неа (првото кецче годинава по математика ) јас само ја скинав и на другата до неа си пишав Добар (3+) и потпис. Планирав да ги зезам моите и утре дента да им кажам дека е кец, и онака немам кец за крај, не е до полагање дојдено, викам бар ќе се нашалиме. Прво му го давам тестов на татко ми, седеше со еден пријател. И како што го гледа тестот, кога се оклешти, станува ми вика: „Леле браво Вајлдче, дојди тато да те гушне!“ Тука веќе душа немав да го лажам, кога фатив да се смеам и му викам: „Абе тато кец е!“
Во супата место лимонтус ставив сода бикарбона Одам у вц си завршив работа и да се мијам раце пуштам чешмата и си добив ладен туш ме покисна, ме напрај глувче додека се свестам некој го свтрел тоа таквото за тушот да течи
Еееее пред едно саат време беше..... решиме да правеме скара на терасата, и јас ке се правам паметна, викам јас ке бидам денеска дежурна, гледам нешо не ми се пече, и грабна фено и брррррррррррррр и шо се деси.... епа запали го месеото и плус дожд од пепел си имавме.... Е де секој може да проба или
Бев кај другарка ми пред училиште и отидов во WC.Не се заклучив бидејќи смао јас и таа бевме дома. Доаѓа татко и и влегува во WC. Јас кога викнав "АУУУУУУУУУУУУУ". После многу ми беше срам и јас излегувам и и викам поаѓаме.Таа се скина од смеење а јас си велев Зини земјо голтни ме.
леле сега бев на улица со кучето, и има една баба стара и таа има кутре, ајде ги пуштивме се трчакраа низ двор, и оваа мојава чучна да моча у дворот, и јас абе гомно едно тука ли најде леле у тој моменат ми текнува дека бабата е до мене, абре се посрамотив максимално, женава кој знае што ќе си рече... веќе не поминувам од таму