Пешачејќи со билдеров мој го цувнав на сред пат ....леле страмотии бев и комедиии тивко беше никој не чу сите што беа на видик беа троа подалеку инаку ќе имаше искривени насмевки и чудни фацки (тегоби со стомак не сум јас крива ,како трудна женичка )
Сум си имала јас шливче на вратот без да знам за тоа.. и излевам на кафе (бев се облечела во морнарско фустанче и такви обетки и се..) и седнуваме на кафе со една моја симпатија за озбилно(сегашниот дечко) и шо ќе направам јас зимам му наочарите оти имаа сино како морнарско неш на них и си ги ставам.. па и косата ја преместих целосно на другата страна..и овој другарму до него шо седе вика: Еии види ја бре ти Фемина тргнала косата да се виде дека и обетките и одговараат со наочарите,, и кога ќе виде ОП!! аууу па ти си имала нешто на вратчето маа.. и јас смениф 1000бои на лицето .. и сите почнаа да се смеат а типчето ме погледна разочарано па по 2-3 мин отрчав во WC си се загледав поубаво и шо ќе видам.. СТВАРНО СЛИВА!!! идеше ми да не се вратам на масата амаааа ајде јбг. се смувавме нарединот викенд и одтогаш па ете до денес..
Пробував едни сини панталони за вечер за излегување, и ставам ремен таков црн, тенок ии.. траааааап.. таман да го закопчав тој се скина... оф боожее
Си седам оптегната на тераса, се мкнам по столот и наеднаш пуууук! Пропаѓам у столот. Па не сум толку дебела да пукне столот бе, шо му стана?
Ги скинав фармерките и тоа не дека ги закачив на нешто туку сама со рака, се подместував и само што ги допрев се скинаа,напред над коленото,и тоа кинење од раб до раб. И тоа само што стигнав на факултет и цел ден си се шетав така. Јас знаев дека имам супермоќи, ама не дека и со еден допир можам да скинам фармерки.
Пред 2 дена се случи ова...Земам да си ја мијам косата и си го земам шампонот и си ставам на главата , трлам ама гледам нема пена викам што ли му е на овој шампон ама викам ај мош таков е незнам...а јас по грешка да сум ставила уље а требаше да излегувам. 5 пати се миев и никако неможев да се измијам, мрсното ми течеше по лицето...ужас
Аааа темава -Јас со мајак ми пуканки ќе сме праеле.Мајка ми требаше да оди до продавница и ми вика пази ги пуканките.И ја онаква важи бе мама,немај гајле И сум си седнала ја на фејсбук едно пола саат и коа ми мириса на загорено.Кога идам у кујна,капакот се отворил и паднал на плочки,пуканките си рипкаат низ цела кујна,леле мајко.Кога виде мајка ми,Низ цела кујна пуканки разлетани,цела куќа на изгорено смрди,косата и се крена -Одиме јас и другарка ми на кеј ролери да сме возеле.Арно ама,не знаеме баш добро онака.Мислам,си знаеме да возиме али она рипање и други акробации на ролери,НЕ.И сеа стигнавме до скејтпаркот и онаа бетонската удолница надвор од него.И викаме ај ќе сме се пуштале (зашто и претходно сме се пуштале и супер поминало све,без жртви.)Се пуштаме ние и онака залетани 300 на саат коа лупнавме и двете во едни две баби леле мајко Треснавме и ние и они на земја и јас и другарка ми стануваме онакви им се извинуваме и они само нешо као абе девојчиња коа ненаете да се пуштате што се пуштате,брееј. денешниве деца.Ние у фаците поцрвенети цели.Како што паднавме јас и она на гз,едно 2 недели имавме проблеми во седнувањето и станувањето
Вчера си седнував на компјутер и откако седнав ми се преврта столот односно ми се навали од другата страна и јас си треснав и си седам така,не можам да станам од смеење и брачед ми и другар му од другата страна ме гледат и вакви целите и ми велат арна си Или?Јас ахам супер сум и се газам од смеа
Ми беше досадно па го вадев лакот од нокти со ацетон, после ставив малку лак на свеќата до мене, и почна се да гори. Си викам ај пак да пробам со ацетон на прозор. Прозорот и ацетонот почнаа да ми горат, заедно со раката!
Се утепав.Имам помал братучед 1 год. исега тој си шета низ дворот и отишол до кај улица.Кога забележавме сите потрчавме а јас да се направам важна,притоа возејќи ролери го фатив и се сопнав и двајцата паднавме.Тој почна да плаче а јас се преправав како да ме боли коленото.Ама колку филмски го изведов како да сум го спасила да не го прегази авто. Всушност многу глупаво се осеќам за овааа.
Сабајле во 03:00 ми се јавува еден другар минувале по мојата улица и да сме се виделе(се немаме видено долго време, не беше овде) и јас одам во спална, ја прашувам мајка ми ама овака: - Може да отидам до пред зграда да се видам со другар ми? И таа мислејќи на 15мин,ме пушта. Ние долу кога си заседнавме,муабет,муабет .. И се враќам у 04:35 , а мајка ми ќе умрела од страв кај е нејзината ќерка
Сега уште ..да ви се пофалам. Мајка ми ме прашува кај ми е телефонот и јас викам тука ми е . Таа пак ме прашува а јас се вртам како мува без глава и го барам.Таа пак ме прашува а јас и викам незнам. И мама кога ми викна гуско оди земи си го горе кај братуцетка ти е . ОК И појдов и баш пред врата се забрзав на степеници се сопнав и пак паднав, ама на раце. Братучетка ми спиеше бидејќи повраќаше денеска а јас зимање телефон и бришка да ме нема.
Пред 2 саати се возевме со брачед ми со моторот и како ненормални викавме на мотор њо њо њо, всушност го имитиравме човекот што се смее вака њоњоњо, тој што го има гледано клипчето ке се сети што пишам, и така како што се смеевме и се глупиравме на цел глас и кој помина не слушна, а помина и дечкото што си разменуваме погледи хехе и можите да ја замислите ситуацијата кој знај што си помисли
си се шетаме со другарки и сега едната влезе во продавница, а јас и другата ја чекавме надвор. и добро си купила синалко и се напи она, и после и даде на другата другарка, и двете такви по една голтка едвај и јас ги гледам и им викам еееееее како бебиња некои, и го зимам шишето и им викам еве да видите како се пие.. и зимам тоа го кревам нагоре шишето, и божем на екс да го испијам.. и голтам голтам и одеднаш газираното ми се враќа и јас го испљукувам сокот на улица и сите фаќаат да се смеат таму од другата страна на улицата и после се запознаваме со едно друштво што седеа таму на клупите, и ни викаат ама најинтересно ни беше кога го истуривте сокот. ахаааааааа.. го истуривме.
Го сомлев огледалото во купалилото лом го напрајв Се попарив со врела вода, место да ја пуштам ладна вода ја пуштам топла и сеа имам црвенило на раката Сакав да си ја сушам косата со фенот, го буцнав во штекер и го уклучив и ме здрма ама салам ме здрма уште ми се тресат нозете
ихихих јас што направив глупост се расправаме со дечко ми кој факултет вреди повеќе: тој:информатика, нормално сега без компијутер не се може јас: е да ама криза да дојди никој компијутер нема да бара секој еден ќе бара храна и зато јас си го сакам факултетот тој: е шо учите вие толку? па ако дојди криза.. јас: епа јас учам за да за храна опасности блалала... едно јајце можам да ти кажам колку време тие старо!!! а ти го можиш тоа? тој: го можиш тоа и ми се гази од смеење па јас не мислев така како шо мислеше тој
треснав да скаливе кај мене у двор а ги имам 20 скали дека сум на вториот спрат и идам се качувам бев нешо изнервирана и трас само комшијата да не ме видел инче и да не ме видеше резили