Врв, апсолутен врв на моите глупости го достигнав вчера. Прво застанување зад волан кај дечко ми у кола, ќе ме учел гас да дадам само де, у место. Арно ама, ни јас ни он не сме приметиле дека бил мењачот у рикверц, а и он душава мислеше у место ќе останеме, на крај не му падна дека колава ќе тргне и дека дрвото оддалечено на метар и пол ќе игра најважна улога вечерта.. Не бил свесен со кого има работа. И јас,едно давање гас, ама давање машки и.. ТРАСССССССССССССССССССССССС!! Да, да , у дрво ја слупав.
Вечерва со малечката моја сестра изигрававме манекенки,па со штикли и кажував како да оди па да се фрцка па ова она...
Не ја направив јас, ама оваа вечер другарка ми ова што го направи е ВРВ ! Одиме по улица, пред нас едни дечки онака згодни. И сакавме да ги поминеме, ние да одиме пред нив и поминувајќи другарка ми случајно го фатила овој за рака И си одат така додека да им текне и на двајцата, и си се смееа. Пукнавме јас и другар му на тој
Jа направив синоќа и се заколнав дека ќе ми е последна. За мое добро пред се, тоа уште еднаш не смее да се случе.
Оваа глупост се случи пред неколку дена ама не беше моја туку на другарка ми...Одиме во ресторант да вечераме и само што седнавме и одма се факаме за цигарето ама имаше гужва и не дојде одма келнерот и немаше пепелара...И немаше каде да тресиме и ајде во една салфетка...Другарка ми го испуши цигарето и кај да го фрли, и велам срамота е доле земи од салфетката изгасни го...И таа почнува да го гаси а јас сум се загледала некаде на страна и само почна да вика се запали се запали...кога да погледнам салфетката гори, леле брзо вода, фрлање салфета...малку и чаршавот го изгоревме...циркуси
Бевме во кафиќ со дечко ми. А јас тој ден бев толку расеана што не знаев каде се наоѓам. Како во воздух да лебдев. И пред нас некои што седеле не им биле кренати пијачките. На масата имаше Леден чај од лимон и Пелистерка (негазирана). А јас стандард секогаш тоа нарачувам. И почнав нешто да му раскажувам, проблеми ова она и занесена го земам ледениот чај и си пијам. И го гледам еве го келнерот над глава : Што ќе се напиете? -Кога ќе видам во шишето од чајот скоро празно. Леле и тогаш ми текна што сум направила. Толку се немам засрамено во животот, барем така мислам!
Намерно се судрив во дечко што веќе подолго ми се допаѓа само што не ми е прв пат да го направам истото со истата личност
Не е баш последната ова е како помала ама за ова глупост едвај спасив жива глава мајка ми ќе ме убиеше Во 3 одделение вујко ми бил во Франција и од таму како подарок ми донесе 6, 7 мали парфемчиња во кутија. Нешто вакво Spoiler и ја паметната не ми се свиѓаа такви и од сите тие ќе правам еден парфем голем не најдов убаво шише и земав пласитчно и сите до едно ги истурив (кај ми бил паметот ) и го оставив на масата и отидов у двор да си играм. Наеднаш мајка ми списка по татко ми да трчи на брат ми му се десило нешто тој помодре скроз и ништо не збореше, ниту плачеше мајка ми избезумена, ајде вода, ова она, детето дојде при себе и мајка ми го прашува **** сине што ти стана и он вика **** пие киа (пие ракија) и покажува на шишево, татко ми мириса и гледа не е ракија и како што се откри дека се моите парфеми Лелле мајка ми никогаш не била лута како тогаш ко ме поткачи две шамарчиња си изедов ај татко ми ме зема инаку отидов ќе ме убиеше.. ццц кај ми бил паметот за еден парфем ќе си немав брат
Меѓу претпоследните ми е оваа Бев на час по математика и си јадев Bake Rolls , и таман кога стаиф едно големо кругче во устата , ме извади наставничката на табла- а ја едвај да го дочвакам тоа, мислеф ќе и ја извадам равенката низ уста
Накај 5 саат. Цело време нешто се вртам низ соба, не ми се спие. Сестра ми се жали, се дере. Видов, не видов, отидов на тераса, затворив врата. Нешто си го чепкав мобилниот, и по грешка ѕвонев дома. Ама работата е што јас незнаев дека ѕвонам. Ги гледам моите нешто стануваат од спиење, се тераат кој попрво да стане да се јави. И тука ми светнува: Абе, ја ѕвонам! Ама незнам како да исклучам! Со осмех од 6ка до 6ка. Демек сум ја открила Америка. Spoiler Дебилче. А вчера иначе истурив прашак за перење у веце, позади машина. Ништо не е, мајка ми го собра.
хахахаха читам смешки зошто не ми текнуваше да напишам што последно јас сум направила, и како слатко си се изнасмеав на прашокот...
Денес бевме со брат ми и мајка ми за прв пат на базен. Јас и брат ми се запишувавме, а мајка ни да ни прави друштво, онака за првпат. И одиме ние во 7 саат, а тогаш имало најмногу гужва Нели првпат почнав да паничам, каде да одам,што да правам... И се пресоблековме во купачите и ние дур се наместиме сите веќе се сместиле во базенот и внатре полно! Влегуваме во базенот со брат ми и една женска ни вика ајде пливајте малку да видам колку знаете, и ние пливавме малку и не стави во средната група, ни вика одете тука и кај што ни покажа немаше воопшто место и гледам подоле нема до толку деца и викам ај таму ќе одиме. И пливкаме до таму и незнаеме што вежба да правиме, тренеров 2 посто не не рецка. Ајде почнавме другите околу нас да ги копираме и нешто да правиме, не само да си седиме. И по едно 45 минути ги гледам децава од групата кај што не стави женскава си одат а овие околу мене уште си седат и ја викам ај ќе останам, ако овие не си одат. И поминуваат едно 15 минути и доаѓа еден од постарите спасувачи и не вика. Испадна дека ние сме отишле во некоја понапредна група, а не во нашата. Мајка ми не чекала чекала, испанилила жената , нас не нема! Ај што се посрамотивме пред сите, ама извлековме добра поука - НИКАД НЕ ИДИ НА ПЛИВАЊЕ ВО 7 СААТ!